Прашање до вработените програмери

  • Креатор на темата Креатор на темата The One
  • Време на започнување Време на започнување

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Може прашањево ќе звучи малце глупаво но би сакал да знам што се бара од вработен програмер почетник односно колкаво знаење поточно за MySQL и .NET програмерите.
Прашувам затоа што наскоро дипломирам па сакам да имам дојам за тоа како личи тоа работно место и кои проблеми ги носи со себе.
Однапред фала.
 
Не бараат знаење диплома бараат.
Ако немаш диплома те плаќаат максимум 10-12 илјади денари :tapp:
 
Не бараат знаење диплома бараат.
Ако немаш диплома те плаќаат максимум 10-12 илјади денари :tapp:
Не би рекол дека не те плаќаат ако немаш, ако незнајш си наебал.
А ова прашањето MySql i .net од старт ме сечи. Кај ги најде како масло и вода се.
 
Не би рекол дека не те плаќаат ако немаш, ако незнајш си наебал.
А ова прашањето MySql i .net од старт ме сечи. Кај ги најде како масло и вода се.

Бев ироничен во постот.
Кај нас уште владе стереотипот дека мора да имаш диплома да се вработиш.
Дипломата може да ти послужи ако сакаш да влезеш под државен буџет или ако сакаш да се запослиш во некоја од поглемите фирми кај нас (T-mobile,Vip,Cosmofon)
Треба да се реформира наставата на факултетиве да се воведе фрилансинг од прва,алгоритми да се учат втора,трета средно нема што студентите да се замараат со математики и физики демек се развивало логичкото размислување :tapp: ако до 18 години не си ја стекнал математичката математичката логика не верувам дека на факултет ќе те опраат за тоа треба подитно метузалемите кои докторирале кога имало дигитрони место компјутери да си летаат од таму и место нив да се донесат млади стручни кадри кои се во тек со актуелните технологии.
 
Тоа што си го учел на факс е сосема доволно за почеток. Се друго плус зависи од работното место, ако си добро поткован нема да имаш проблем за да се прилагодиш било каде
 
Тоа што си го учел на факс е сосема доволно за почеток. Се друго плус зависи од работното место, ако си добро поткован нема да имаш проблем за да се прилагодиш било каде

Зависи на кој факс учел....ете јас сум уште 5 испити до крај...а се што имам научено, имам научено на страна.
 
Зависи на кој факс учел....ете јас сум уште 5 испити до крај...а се што имам научено, имам научено на страна.
Зборам за литературата, бар од таа јас што учев ми беше сосема доволна за да продолжам понатака. Е сега предавањата и знаењето на професорот да ти го пренесе нештото е друга приказна.
 
Зависи на кој факс си. Пример во Битола на Информатика, ништо не се учи од оние работи што наоѓаат примена во секојдневното работење. Најблиску што имаше од практична гледна точка беше Java/C/C++. SQL сааааааамо во кратки црти се спомена нешто,а 95% беше теорија на тупење за бази на податоци.

Секогаш е проблем во која насока да се усмериш после дипломирање. Јас моето место под Сонцето го пронадјов со изучување на информатичката НАУКА, а не програмски јазици. Значи архитектура, мрежи, подобрувања на системи, визуелизација итн. Продолжив со магистерски студии, во план сум за докторски студии и така :)
 
Фала на сите што се потрудивте да ми дадете некој поглед на нештата само според вас која комбинација е најдобра за работа во нашиве фирми и кон што да се ориентирам десктоп,мобилни или веб апликации ?
 
Фала на сите што се потрудивте да ми дадете некој поглед на нештата само според вас која комбинација е најдобра за работа во нашиве фирми и кон што да се ориентирам десктоп,мобилни или веб апликации ?

Комбинација? Зошто повеќето почетници се фаќаат за некакви комбинации врзани за платформи и развојни околини? Никогаш нема да биде „нешто од тебе“ ако одиш по таа линија.

Прост пример: х = 1 ... х = х + 1 ... х = 2
Ова е точно и кога работиш windows апликација и веб страница, и за Linux, за било што. Важно е да знаеш дека е тоа така и уште поважно да разбереш зошто.

И уште еден пример: х = х + 1 ... x += 1 ... х++
Ова се исти изрази напишани во различни програмски јазици. Но повторно важи истото, ако разбираш зошто нема да ти е важно кој е јазикот, синтаксата ќе ја „изџвакаш“ за 1-2 дена.

Заклучок: Не е битно дали работиш за десктоп или веб, ниту во кој програмски јазик работиш. Ако научиш да програмираш промената на платформата или програмскиот јазик ќе биде работа од една недела (нови алатки, малку читкање, малку проби и готово).
Значи, научи да го разбереш проблемот, научи да изнајдеш решение на хартија (или во глава), научи да побараш помош, научи да инсталираш компајлер, научи да пишуваш во notepad ... тоа би било тоа ... идеална комбинација ... се друго ќе ти биде кажано каде што ќе работиш а ти ќе си го одработиш без никаков проблем.
 
Fala batka za postot.Dobar ti e sovetot i ke go prifatam zatoa sledno sakam da te prasam posto se gleda deka rabotis so programiranje da mi preporacas nekoja kniga ili tutorijal
nesto so povekje primeri i objasnuvanja dali na angliski ili na mak ne e vazno
 
Fala batka za postot.Dobar ti e sovetot i ke go prifatam zatoa sledno sakam da te prasam posto se gleda deka rabotis so programiranje da mi preporacas nekoja kniga ili tutorijal
nesto so povekje primeri i objasnuvanja dali na angliski ili na mak ne e vazno

Имаше некоја тема со линкови до книги мислам, побарај тука по архивите.
Во секој случај пошто си пред дипломирање мислам дека главата ти е полна со теории ... подобро најди добар проблем што ќе го решаваш. Почни од себе ... ако собираш филмови прави каталог, ако сам плаќаш сметки прави евиденција на трошоци, ако имаш кола направи калкулатор за гориво, резервни делови, сервиси и сл. После решавај го како милуваш и во кој јазик сакаш, ама смисли проблем кој ако го решиш ќе ти го олесни живеењето. Она што мислам дека ти треба е малку стимул за работа а не туторијали.
Помош кога ќе главиш при програмирањето фала богу на google ќе најдеш ... имаш многу готови примери за такви апликации, но не ги користи, разгледувај ги, гледај им ги предностите и мааните но никако немој да ги користиш ... куцај си ја програмата сам.

Едит: добар принцип на учење ... кога некој ќе постави прашање или ќе побара помош за проблем во другите теми за програмирање и веб дизајн, пробај да му помогнеш ... напиши парче код, напиши мислење па и да не е точно дискутирај, најди на интернет и прлагоди, тестирај и корегирај, било што. Ќе ти помогне да стекнеш рутина за разни проблеми брзо да наоѓаш решенија.
 
fala za pomosta platoon ke postapam po tvojot sovet
 
Имам и јас едно прашање па би се надоврзал на темава..
Од колку до колку се движат платите во Македонија за оваа професија ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom