Фала на сите што се потрудивте да ми дадете некој поглед на нештата само според вас која комбинација е најдобра за работа во нашиве фирми и кон што да се ориентирам десктоп,мобилни или веб апликации ?
Комбинација? Зошто повеќето почетници се фаќаат за некакви комбинации врзани за платформи и развојни околини? Никогаш нема да биде „нешто од тебе“ ако одиш по таа линија.
Прост пример: х = 1 ... х = х + 1 ... х = 2
Ова е точно и кога работиш windows апликација и веб страница, и за Linux, за било што. Важно е да знаеш дека е тоа така и уште поважно да разбереш зошто.
И уште еден пример: х = х + 1 ... x += 1 ... х++
Ова се исти изрази напишани во различни програмски јазици. Но повторно важи истото, ако разбираш зошто нема да ти е важно кој е јазикот, синтаксата ќе ја „изџвакаш“ за 1-2 дена.
Заклучок: Не е битно дали работиш за десктоп или веб, ниту во кој програмски јазик работиш. Ако научиш да програмираш промената на платформата или програмскиот јазик ќе биде работа од една недела (нови алатки, малку читкање, малку проби и готово).
Значи, научи да го разбереш проблемот, научи да изнајдеш решение на хартија (или во глава), научи да побараш помош, научи да инсталираш компајлер, научи да пишуваш во notepad ... тоа би било тоа ... идеална комбинација ... се друго ќе ти биде кажано каде што ќе работиш а ти ќе си го одработиш без никаков проблем.