Два по нашки.Уплатив двојче за 1000.Ако биде бидеа у колку саатот е утакмицата?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Два по нашки.Уплатив двојче за 1000.Ако биде бидеа у колку саатот е утакмицата?
а у колку саатот е утакмицата?
у 2 е, овие дегениве од мтв сигурно нема да пренесуваат ќе треба пак да трошиме мегабајти али то е мора да се гледа шоуто на кралот, моментот на вистината, сега или никогаш - мора да ја извади кралот магијата од себе.
А кога ќе си отиде,ќе продолжиш да ги пратиш Кливленд или ќе го пратиш Џејмс? -.-Несомнено и двајцата дека го сакаме.Три години дали имам испуштено 50 утакмици на КАВС.Несомнено големите се познаваат кога е најтешко.Што и да се случи вечерва ќе го сакаме уште.Но едно е сигурно.Вечер Џејмс мора да докаже дека е играч за големи натпревари.Дека знае да игра кога најмногу треба и кога сите очи се вперени во него.Знае дека е време да почне да освојува прстени да оди до самиот крај.Не игра добро последните 2 утакмици.Многу притисоци многу сопки.Противникот насочен само кон него.Како ќе се справи ме интересира многу.Вечерва ја брани титулата КРАЛ...
Верувам дека во Недела во 21:30 ќе гледаме мајсторка
Отсекогаш сум кажувал и нема ништо спорно тука.Фан сум на ЛеБрон ЏејмсА кога ќе си отиде,ќе продолжиш да ги пратиш Кливленд или ќе го пратиш Џејмс? -.-
^Џејмс требаше низ цела серија да докажува дека е играч за големи натпревари, а не само вечер.
Епа он кога не блескал КАВС губел.Не е работата дали ќе му трне на ЛеБрон или не.Работата е дали ќе му тргне на другите.Подобро да му тргне на сите останати него само на него.Ќе видиме вечер што и како...Па никој не оспорува дека моментално е еден од најдобрите(според мене најдобар) НБА играч,ама не се изнаигра против Бостон.Од овие 5,само на 2 блескаше.
Епа он кога не блескал КАВС губел.Не е работата дали ќе му трне на ЛеБрон или не.Работата е дали ќе му тргне на другите.Подобро да му тргне на сите останати него само на него.Ќе видиме вечер што и како...
Утакмицава иде на ЕСПН... значи ќе има високо квалитетен стрим преку Veetle! Не ми е битно кој ќе победи (навијач сум на Маверикс) али ќе навијам за тесна средба!
--- надополнето ---
На Мо Вилијамс нема никогаш да му тргне... дечкото веќе втора сезона по ред покажува дека не е кадарен за вакви големи/тесни натпревари. Шек е на залез на кариерата и смешно изгледаше целата помпа околу него дека е донесен да се `рва со Перкинс/Дејвис или Хауард... Ентоан Џејмисон е роден лузер, и комплетно не-константен играч, Кавс неможе да се потпре на неговите квалитети... Останува Леброн, кој немаше своја вечер во 5-тиот натпревар, но ќе има вечерва. Дали ќе биде доволен? Којзнае...
ПС. Тука се секогаш феноменалните "радилици" Варежао и ЏЏ Хиксон кои ако изиграат на ниво можат да компензираат за остатокот "ѕвезди" кои гаснат на НБА небото!
Среќно во секој случај!
де бе луѓе човекот е феноменален на негови 150 кг и 38 години!!! секоја вечер дава по 15-тина коша, нешто шо многу други на 25-28 години уште не можат... Шек не е тој Шек шо беше мојот идол уште од Орландо, сепак доста добар е ама учинокот на другите во Кавси освен Џејмс е заникаде, топло-ладно, така не се станува шампион... нека земат пример од Орландо или ЛА Лакерси, затоа вечер ЛЏ ќе ја има последната утакмица за Кавс (повеќе од убеден сум)Другар за ова Витлето шо викаш.Во последно време ми се уклучува стримот,перфектен е џам ама по 10 секунди укопува и се гаси.Да не треба да го преинсталирам?
А за играчиве полека почнувам да се сложувам.Се крева фама и за Шек и за него но не се тоа што очекувавме.Очекував многу од нив ама ништо.
Ќе има ли вечерва пренос или не? Кажаа ли нешто на МТВ?
Да гледаме како губи леброн вечерва![]()