Прво порасни во главата, после сфати дали и колку треба да делиш вакви коментари. Нема да се навредиме ние „ниските“, сам си ја навредуваш твојата култура.
Секој човек е надарен и карактеристичен по нешто. Големината на луѓето е да ги користат своите позитивни карактеристики најдобро што можат, и со тоа да ги покријат недостатоците, вродени или здобиени. Да, нискиот раст е недостаток, поготово во денешно време. Затоа пак (овој пат и јас генерализирам) ниските луѓе се надарени со поголеми интелектуални квалитети, кои, можеби не комплетно, но во голема мера ја засенуваат нивната „низина“.
И јас имам полни 23 години и некои 160см. Некогаш во животот сум се чувствувал низок и нееднаков - дотогаш додека не научив како да го надминам тоа. Затоа и не ме навредуваат вака ефтини коментари, како цитираниот.
Клучниот двигател на светот е разновидноста. Секој во светот пополнува некој дел од него, со неговите карактеристики. Висината на една личност, е најмалку причина за негова дискриминација.
И сега, службено: Има група, има тема во мода и убавина, со доста развиена дискусија по ова прашање. Имајте почит кон форумот, читајте го и отварајте нови теми, со сеуште неисцрпена дискусија.