Jax Rebel
Navajo Rider
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5.282
- Поени од реакции
- 2.287
Игрите на пиење не се измислeни само за откачени студенти, со помош на овие игри живнува мртвата забава, полесно си запознаваш нови другари, а уште полесно флертуваш.
Проблемот е што има мал милион вакви игри, па тешко е да се одлучи која ќе се игра. Еве за почеток една од мене која ја игравме пред некој ден и си поминавме супер.
Се што ви треба е шпил карти и банда од големи љубители на алкохол.
Како прво се издвојуваат картите 1,6,7,9,10,џандар,дама и поп. Се полнат чашите и се почнува.
Играта се игра во круг. Се влече карта од шпилот и правилата се следни:
-доколку играчот извлече 1, сите присутни пијат по една голтка;
-тој што ќе извлече 6ка треба да распореди 6 голтки на неговите `соиграчи`. Притоа може сите 6 голтки да ги даде на еден, може да ги подели на двајца(3-3,2-4), на 3ца.......
-доколку извлече 7, тогаш како што оди кругот сите бројат од 1 па натаму, а кога ќе дојде до 7 или било кој број поврзан со 7(7,14,21,27,28...) се вика некој збор земен по договор(пр. бум) ((пр. 1,2,3,4,5,6,бум,8,9,10,11,12,13,бум,15,16,бум,18........). Оној што нема да го каже договорениот збор пие голтка;
-доколку се извлече 9ка тогаш тој што ја извлекол картата треба да направи некој гест по договор(пр. ние кога игравме, тој што ќе излечеше 9ка требаше во текот на играта да ја стави раката на муцка) и оној што последен ќе го направи истиот гест пие една голтка;
-Тој што ќе ја извлече 10ката е question master, и има право се дури некој друг не извлече 10ка да поставува прашања на кого сака, а доколку овој не му каже you`re the question master треба да се напие голтка;
-Кога ќе се извлече џандар пијат сите присутни машки;
-Кога ќе се извлече дама пијат сите присутни дами;
-Кога ќе се извлече поп, пие голтка тој што го извлекол;
Пробајте ја играва. Многу е интересна после 15 минути играње, кога сите ќе се `уиграат`:wink: