Друштвени игри на пиење

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.282
Поени од реакции
2.287
Игрите на пиење не се измислeни само за откачени студенти, со помош на овие игри живнува мртвата забава, полесно си запознаваш нови другари, а уште полесно флертуваш.

Проблемот е што има мал милион вакви игри, па тешко е да се одлучи која ќе се игра. Еве за почеток една од мене која ја игравме пред некој ден и си поминавме супер.

Се што ви треба е шпил карти и банда од големи љубители на алкохол.

Како прво се издвојуваат картите 1,6,7,9,10,џандар,дама и поп. Се полнат чашите и се почнува.

Играта се игра во круг. Се влече карта од шпилот и правилата се следни:

-доколку играчот извлече 1, сите присутни пијат по една голтка;
-тој што ќе извлече 6ка треба да распореди 6 голтки на неговите `соиграчи`. Притоа може сите 6 голтки да ги даде на еден, може да ги подели на двајца(3-3,2-4), на 3ца.......
-доколку извлече 7, тогаш како што оди кругот сите бројат од 1 па натаму, а кога ќе дојде до 7 или било кој број поврзан со 7(7,14,21,27,28...) се вика некој збор земен по договор(пр. бум) ((пр. 1,2,3,4,5,6,бум,8,9,10,11,12,13,бум,15,16,бум,18........). Оној што нема да го каже договорениот збор пие голтка;
-доколку се извлече 9ка тогаш тој што ја извлекол картата треба да направи некој гест по договор(пр. ние кога игравме, тој што ќе излечеше 9ка требаше во текот на играта да ја стави раката на муцка) и оној што последен ќе го направи истиот гест пие една голтка;
-Тој што ќе ја извлече 10ката е question master, и има право се дури некој друг не извлече 10ка да поставува прашања на кого сака, а доколку овој не му каже you`re the question master треба да се напие голтка;
-Кога ќе се извлече џандар пијат сите присутни машки;
-Кога ќе се извлече дама пијат сите присутни дами;
-Кога ќе се извлече поп, пие голтка тој што го извлекол;

Пробајте ја играва. Многу е интересна после 15 минути играње, кога сите ќе се `уиграат`:wink:
 
Mногу пиење има играва бе, не е за со жестоко :)

п.с. мислам имаше една ваква тема :raz:
 
Хехе, треба да се проба (=
 
Mногу пиење има играва бе, не е за со жестоко :)

п.с. мислам имаше една ваква тема :raz:

Ако има ваква тема нека ја спојат модераториве, јас пребарав со она Пребарај го овој форум и ненајдов ништо слично.

Хехе, треба да се проба (=

Мора да се проба!:smir:
 
Немаме играно такви игри. Единствено имаме играно карти (најчесто бељот) па кој губи ја плаќа пијачката. :)
 
Еве сега прогуглав и најдов уште една, ама оваа ја немаме пробано, но сепак звучи интересно.

Играта се вика Сите го сакаат Рејмонд. И како што наговестува насловот играта се игра додека се гледа серијата. Правилата се следни:

Се пие по една чаша секогаш кога:

-Роберт ќе се појави во полициска униформа.
-Мари ќе каже dear.
-Френк ќе го разлабави каишот.
-Мари гушка некого.
-Мари или Френк ќе се појави изненадно.
-Реј ќе му го спушти на Роберт.
-Френк ќе му го спушти на кој било.

Се пие по пола чашка (half shot) ако:

-Дебра извика “Реј”.
-Мари ја покажат со нејзината престилка.
-Реј го прикажат на работа.
-Мари му понуди на Реј нешто да јаде (ова е обично најтешкото правило).

Се пие цела чашка (1 shot) ако:

-Френк каже “Holy crap” (ова може да биде и најлошо во зависност од епизодата).
-Се појави некоја од женските на Роберт (ова правило не важи ако е веќе оженет).
-Родителите на Ејми се појават во епизодата.
-Реј се “омрси”.
-Го спомнат или го покажат ресторанот Немо.

Кој ја гледал серијата, веќе ја знае играта. Јас како фан на серијата мора да ја пробам играта:helou:

Инаку за да не ја темпирате оваа игра да ја играте само кога ја има серијата еве линк со 9 сезони со 249 епизоди за онлајн гледање на серијата Сите го сакаат Рејмонд.

Наздравје!
 
igrata e super,osobeno posle 15 min od kako site kje se "uigraat" :)
 
Џабе е само теорија...треба да се испроба и во пракса :)

Еве јас прв се пријавувам за играва :pipi:
 
хехе прво па мушко нема лабаво :pipi:
 
Џабе е само теорија...треба да се испроба и во пракса :)

Еве јас прв се пријавувам за играва :pipi:

Е добро друже ако си за у пракса доаѓај у паланка нареден викенд, до сга трујца сме од темата за у пракса :wink:
 
Ако има ваква тема нека ја спојат модераториве, јас пребарав со она Пребарај го овој форум и ненајдов ништо слично.



Мора да се проба!:smir:

има ваква тема у чек дис аут мислам
 
igrata e super,osobeno posle 15 min od kako site kje se "uigraat" :)

Ах Нате, Нате, кој на што си мисли. Ама најинтересно е кт се пие од кутлача:pos2: Поинтересно е одколку од чаша:pipi:

Е добро друже ако си за у пракса доаѓај у паланка нареден викенд, до сга трујца сме од темата за у пракса :wink:

Така е, тука смо ја, Џордан Рудес, Каранфиловска и Sweetheart:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom