Геј парада во Скопје (анкета)

Дали ја поддржувате идејата за одржување геј парада во Скопје?

  • Да, апсолутно го поддржувам слободното изразување на сексуалната ориентација преку таква форма, па з

    Гласови: 25 5,5%
  • Да, апсолутно го поддржувам слободното изразување на сексуалната ориентација преку таква форма, но н

    Гласови: 45 9,9%
  • Не ја поддржувам идејата, но не би се ни спротиставувал доколку се одлучат да ја одржат

    Гласови: 143 31,4%
  • Не, баш напротив, би излегол на „контра-протест“ доколку се одржи парадата

    Гласови: 242 53,2%

  • Вкупно гласачи
    455
Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еве вака да разгледаме - значи тоа се исфрустрирани луѓе кои цел живот биле понижувани(со причина)
Дали, ти, треба да бидеш понижуван од некоја поедина причина, која не можеш да ја смениш? Пример, еден од твоите родители да е албанец, или да си ретардиран, хендикепиран, имаш црвена коса, пеги .... итн.

Сите овие работи и една долга низа на други, може да биде нечив материјал да те понижува. Само затоа што си роден каков што си роден, и не можеш да смениш ништо во врска со тоа.

и сега сакаат да се одмаздат со тоа што јавно, во лице би ни се смеале на сите.
Никој не ти се смее, нити го прави за некаква одмазда.. Работава и не е баш за смеење. Се работи за сериозен простест (НЕ парада).

Не дозволувам такво нешто.
А кој фактор си ти да диктираш што смее а што не смее? Тоа само во твојот измислен свет може.

Нека си парадираат пред тие што ги понижиле,јас не сум должен да гледам сосила ретардирани на сред плоштад.
Со овој пост, и ти се приклучи на групата понижувачи. Сега баш ќе имаат причина.

Не си должен да гледаш, затоа можеш да се завртиш на другата страна.

Не бил должен човекот ...

И јас не сум должен да слушам турбофолк по кафичи, или уште полошо кога некоја Сека или Цеца ќе се растури од урлање на плоштад или кое било место, па пак ги слушам, без да сакам. мене ме прашува некој? Имам право да си сменам кафич или место. И/или да игнорирам.

А да,би излегол и на контра-протест,а не верувам дека Владава би преземала нешто за заштита на позадинците.
Дали ти веруваш или не тоа е една работа, а што ќе се случи, тоа е друга. Треба да се извести полицијата 48 саати пред протестот, за да може да ги направи потребните подготовки. Ќе оди спротивно од Уставот ако не се појави. Должна е да помогне на секој кој има потреба од нејзината помош.

Во секој случај,ќе биде гадно.
За двете страни, не само едната. Супер, може ќе делиме кревет во болница :helou:

Овој дел е малку заебан. Велиш

Што со моето право да не гледам такви глупости на плоштад тој ден?
Едноставно, гледај на друга страна. Нема да се окупира цел плоштад. И јас можам да се жалам за многу рабпти па не се жалам.

Во ваква околност, кога нема прав или крив, посилниот победува.
Секогаш било така.
Да, во дамнешни времиња. Денес, посилен, не значи прав. "Прав" во овој случај.

А право, и тој има да протестира затоашто сака да се плеска анално (која поента)
Ја објаснив поентата погоре, можеш и ти да пробаш, да видиш како е. Барем тогаш ќе збориш од лично искуство, не од тепка, како што ти текнало.

и јас да го спречам во тоа. Судот тука праведно не може да пресуди.
Секако дека може, прашањето е дали сака? Ако не сака, оди против правниот систем. Злоупотреба на функција.

Ама право на брак не можат да добијат.
Можат, и имаат право на тоа. Ако тоа им се ускрати, губат едно од правата.

Поради ХХХХ околности, да не навлегуваме сега во нив (или ете ако сакаш можеме и да навлеземе), заклучокот е дека не можат да го добијат тоа право на брак.
Објаснив и јас под кои околности можат, и треба да добијат право на брак.

Дискриминацијата на работното место не постои во земјава.Барем не во аспект на сексуалноста.
Може не. Ама во училиштата се уште постои.

И геј-парадата најчесто се интерпретира како искажување на гордост да си геј. I am gay and proud of it. Тогаш безбол палица помага.
Да. Геј-парада. Не геј-протест. Проетестираш со гордост ли? Тебе ни безбол палица нема да те вразуми, иако си знаеш убаво за што збориме цело време. Само провоцираш. Од прост инает. Тоа ти е целта. не се гејците кои провоцираат. Туку луѓе како тебе.
 
P

Princ

Гостин
NeptuneGate, а кој фактор си ти што ја изместуваш терминологијата?
По медиумите беше најавена како геј-парада, насловот на темата е геј-парада, сите дискутанти дискутираат за геј-парадата... а ти упорно трубиш како тоа било протест.
Значи, кој фактор си ти? Се знаеме? Треба да ти веруваме на збор? Ај престани веќе аман.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Абе ти само сликата ја гледаше? Убаво објаснив во постот дека G-Точката ти се наоѓа внатре во простатата.
Сакаш да кажеш дека нема физички доказ за Џи точка туку кај сакаме таму да си одредиме по сопствена воља. Ако е така мојата Џи точка е во десната коленица.
И не ми е јасно шо функција брка таа Џи точка орган е или жлезда?

Баш ме интересира кој се аргументите против брак на педери онака само фундаментите да не се пренасочи темата во друга насока.

Во најголем случај аргументите против се општествено,морални,етички,религиозни,традиционални вредности додека од правен секуларистички легалистички пристап и тоа како го имаат и тоа право.
Јас би рекол од модерни религиозни вредности, затоа што сите денешни поголеми религии го забрануваат тоа и е грев што е реалност. Додека пак во застарените и закоравени пагански религии било возможно такво нешто како што е хомосескуален брак, потоа ампутација на раце и нозе од свештеници, оргиите како молитва, па човечки жртви итн. Дајте да гледаме напред а не да се враќаме назад.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Princ,

Нема смисла да реплицирам релативно долг ти е постот па ќе се изгуби во прегледност затоа ќе пробам се да опфатам.

Сега конкретно ќе ти кажам каде се дискриминирани хомичите со бракот не ми се дискутира за твоето гледање на бракот како институција тоа е сепак индивидуално.

1. Право на здравствена заштита - Ти или јас во брак или нашите жени го имаат ова право односно ако ти или сопругата сте здравствено-осигурани тогаш и другиот во брак ја има оваа бенифиција.

2.Право на наследство - Знам дека се регулира лесно со тестамент ама еве небрежност или од некој икс причини не е регулирано, партнерот нема никакво право да бара.

3.Право на пензија - Ако корисник на пензија почине тогаш по дифолт пензијата од починатиот се префрла на брачниот партнер.

4.Кога двајца воздрасни луѓе кој подмируваат такси, сметки и плаќаат даноци во една држава сакаат да живеат заедно не знам зошто не би им се дозволило.


Немам видено дискриминација зошто кај мене на работа леташ наредниот ден само ако направиш некоја несолена шега на негова / нејзина сметка, бај д веј бившата шефица ми беше лезбејка па така морав да трпам педерана :pipi:.

Во Македонија сум работел во две поголеми компании и неколку мали фирмичиња и досега не сум имал колега педер барем не јавно да се декларирал како таков па не можам да ти кажам дали некој бил дискриминиран по тој основ.

Јас сепак си дозволив да дадам заклучок според ова напишаното, голем дел од членовите не можат да смислат 30 минутен протест па ќе се однесувале со достоинство и респект кон колега хомо со кој треба да делат 40 часа неделно.
Точно е дека сексуалната определеност не ја потенцира скоро никој на работа ама сепак јас немам појма дали е тоа кај нас регулирано.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
NeptuneGate, а кој фактор си ти што ја изместуваш терминологијата?
По медиумите беше најавена како геј-парада, насловот на темата е геј-парада, сите дискутанти дискутираат за геј-парадата... а ти упорно трубиш како тоа било протест.
Значи, кој фактор си ти? Се знаеме? Треба да ти веруваме на збор? Ај престани веќе аман.
Де бе што се дереш.Како прво и прво во почетниот пост кога ќе го отвориш линкот стои „дали ја подржувате идејата да се одржи геј парада“.Како второ,новинарите со цел да добијат публицитет ги вметнаа хомосексуалците на први борбени редови,како они да прават парада.И трето овој протест за толеранција кој е во најава ќе се одржи од страна на сите дискриминари групи во земјава.Тука се роми,хомо,хендикепирани и незнам уште која засегната група (нетов ме зеза да оставам лнк).Значи во најава е протест за толеранција а не геј парада во Македонија.
Да додадам дека лично би испаднала да го подржам овој протест,а доколку во иднина останат вакви умови кој со метро и шеесет билдаат мускули на нет,ќе испаднам да подржам и геј парада доколку мислат дека тоа е единствено решение за борба против хомофобијата.
Се бара донесување на законот за дискриминација,со кој ќе се реши правото на сите засегнати групи во земјата.Преку тоа ќе се реши и правото на партнерство за исто полови партнери.Зошто се бара тоа,Џони убаво нацрта,да се решат имотно правни односи,помеѓу двојките и колку толку да се тргнат овие стеги на хомофобија кој директно влијаат на тајноста на геј луѓето во Македонија.Кога ќе се намали стравот од осуда,ќотек и јавно жигосување поради сексуална ориентација тогаш ќе испаднат и ќе кажат со гордост дека се геј.
А кој го сфаќа бракот како институција за продолжување на потомство,нека продолжи да го сфаќа и нека си тера со животот.Особено делот со кој се бара доказ дека е татко на детето.Кое лицемерие еј...
 
P

Princ

Гостин
Сега конкретно ќе ти кажам каде се дискриминирани хомичите со бракот
За 1 и 3 имаш право, меѓутоа тоа верувам дека може да се најде метода за решавање на тој проблем. Ама таа метода не е бракот. Затоашто бракот е сосем друга категорија.
2. Жалам... и јас ако не оставам тестамент, ни мојата девојка нема да добие ништо ако починам. И нема право да бара. И добро е што нема право. Сигурно кучката ме изневерувала.
4. Не ја доврши реченицата... што да им се дозволи? Да живеат заедно? Дај не дупи, кој им забранува. Да стапат во брак? Не може да стапат во брак ебаго затоашто не можат да имаат деца НИКОГАШ тие двајца, макар и 20 дилдоа потрошиле. Не може. Не им е крива државата. Природата им е крива. А ако се знае дека не можат да имаат деца, нема никаква надеж за тоа... нема ни ПОТРЕБА да стапат во брак.

голем дел од членовите не можат да смислат 30 минутен протест па ќе се однесувале со достоинство и респект кон колега хомо со кој треба да делат 40 часа неделно.
Не мора да значи нешто тоа.
Јас не можам да смислам 30 минути геј-парада а минатата недела пиев кафе со Кочо, единствениот деклариран хомосексуалец во Македонија, за разлика од сите останати кои својата хомосексуалност ја кријат позади корисничи имиња. Дечкото е деклариран хомосексуалец, и не ми сметаше да пиеме кафе.
Ама, не поддржувам нечие искажување на сексуалност во јавност. Без разлика дали се работи за хетеросексуалци, хомосексуалци, педофили, зоофили, мажи што обожаваат жени што носат подвезици... ништо од тоа.
Нема смисла, нема поента, нема потреба. Се друго е провокација.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прво мораме да дефинираме што подразбираат хомосексуалците кога бараат право на брак.
За мене, бракот е кога двајца возрасни одлучуваат да живеат заедно, превземаат обврска да бидат еден до друг во добро и лошо, и бла бла, знаеш понатаму како оди. Но се со една цел - а тоа е директното потомство.
Според ТЕБЕ. Не општо-прифатената дефиниција за брак, која НЕ подразбира потомство. И тоа колку бракови има кои не оставаат потомство позади себе. Од неможност истото да го имаат, или уште почесто, од недостаток на желба за тоа. Дали ги одобруваш и нив?

Дали на тие луѓе им е ускратено правото за брак? НЕ. Без ралика на твоето мислење државата ги подржува во секој поглед. Нити ти одиш до екстреми па да организираш протест, зошто такви бракови постојат. Како што рече и Леандра некој пост наназад, целта на браковите не е потомство, а ако беше, сите ќе беа обврзани да стапат во брак, и сексот ќе си сменеше дефиниција, од задоволство - во обврска. Која би била практикувана неколку пати за време на сите години брак.

Јас лично, брак во кој нема потомство, без разлика на околностите и причините, препорачувам да се убие, да се поништи.
Пак имаме ЈАС. Ти збориш во твое име? Јас зборам во име на цела популација. Разликата: ти се застапуваш себе си и твои лични интереси и ставови, а јас на цела популација. Па сега удри математика да пресметаш кое тежи повеќе. Дефиницијата за брак не е талва каква ти ја презентираш. ти презентираш лично твоја верзија на истата.

Знаеш, на бракот гледам како еден вид на потврда дека тоа е дете е НАШЕ, а не мое или твое. Јас-ти-тоа, ние сме едно.
Тука треба да влезам и во правото за деца, ама ајде, за тоа има тема, не која набрзо исто ќе почнам да дискутирам.

Е сега, јас кога ги читам коментарите на хомосексуалците кои бараат право на брак, носам заклучок дека они под брак подразбираат заеднички живот со партнерот.
Да. Тоа и деца. Посвоени или otherwise.

Меѓутоа, тие тоа може да го имаат без да имаат документ. Едноставно, живеат заедно.
Се случува да влезеш во ситуација каде треба да имаш потврда за брак, за да се реши некој проблем. Потребен е документ признаен од државата за тоа. Каков што имаат сите други луѓе кои стапуваат во брак.

Или, може да бараат цивилна унија, ко што огромен дел од светот го има решено тоа. Одат на нотар, јас и павле живееме заедно, ај со среќа нека ви е па и потомство да си начекате.
А ти би пристапил на цивилна унија или брак, кога би бил ставен во ситуација да бираш? Искрен одговор please.

Мене всушност не ми смета што они бараат право на брак. Мене ми е СМЕШНО што они бараат право на брак кога според мое гледиште (верувам дека многумина се согласуваат со тоа гледиште) ја немаат сржта на бракот.
Сржта на бракот, повторувам, според тебе. Акоо беше целта на бракот потомство, гледам колку тоа се практикува во Македонија .... не е за џабе наталитетот во опаѓање. Браво хетеросексуалци, навистина сте доследни кога се работи "исполнување на сржта на бракот" ...

Природата им го одзела тоа право. Знаеш, природата не спречила од тоа маж да се качи на маж. Ама ги спречила од имање потомство. А нели, бракот не е брак без потомство.
А зошто природата не ги дарила жените со полов орган со кој ќе може да се стимулира простатата на машкото, во потрага по таа G-точка? Се чини дека им го одзела тоа право.

(без никаква навреда или замерка кон жените, супер сте си какви што сте :wink:)

А како е дизајнирано, на начин на кој е потребно орган баш како пенисот за да ја стимулира таа област.

Се чини дека со самото тоа што си хетеро, самиот ти си лишен од некои задоволства. Како што хомосексуалците во однос на потомството. Како и да е, природа или не, бракот не подразбира потомство. Жив пример е нашава Македонија.

Дискриминација по сексуална определба скоро никој да нема видено со свои очи, или вкусено.
На работа не, но може треба да се распрашаш по школиве.

Е точно затоа не подржувам хомосексуалци.
Е точно затоа немаш право да збориш, бидејќи две тотално различни работи, ги ставаш во иста категорија, и тоа не еднаш, него во секој пост, исто како што продолжуваш да го користиш терминот геј парада - намерно, само за да провоцираш. А тоа што ги ставаш во иста категорија педофилијата и хомосексуалноста говори томови за тебе, и тоа како без влакно на јазик навредуваш голем број луѓе кои го читаат ова.


Јас, во оној момент, кога ќе помислам да подржам хомосексуалци на било кој начин, ќе се припремам себеси за да ги подржам сите останати човекови слабости и перверзии.
Хомосексуалноста е слабост и перверзија само во твојот изопачен ум. Никаде на друго место. Тоа што некое машко е геј, не го прави помал или послаб маж от тебе или било кој друг.


Бидејќи, нели, се се менува.
1970: Хомосексуалците - болни - се препорачува бесење и кастрирање
2010: Хомосексуалците - здрави ко дрен - се препорачува нивно вклучување во сите сфери на животот.
1980: Педофилите - болни - се препорачува бесење и кастрирање
2020: Педофилите - здрави ко дрен - се препорачува нивно вклучување во сите сфери на животот.
Да, заборави да го спомнеш и тероризмот. Тогаш кога тоа ќе стане легално, ќе треба да го пазиш и својот задник. А како што си почнал со листава, гледам и тоа не е далеку да се случи.

Ej alo SKOPJE (ni koj bilo drug grad vo MAKEDONIJA) NE E LJUBLJANA! Alo razbudete se Makedonija ne e gej nacija ! Stop za PEDERITE!:nenene:
Ме интересира нешто. Ако беше роден во место кое се етикетира како геј нација. Каде мнозинството се геј. А ти на пример, ги немаш истите права кои ги имаат тие. Дали ќе си продолжиш и понатаму без да речеш а во твое име? Да застанеш цврсто позади тоа во кое веруваш дека е праведно? И ти е потребно? Сите вие гледате на ситуацијата во од своја гледна точка. Ниеден не се става на нивно место да види како е.

Стоп за ДИСКРИМИНАЦИЈА. :nenene:
 
P

Princ

Гостин
Де бе што се дереш.
Ми се може :toe:
Како прво и прво во почетниот пост кога ќе го отвориш линкот стои „дали ја подржувате идејата да се одржи геј парада“
Да, и дискутираме дали поддржуваме идеја да се одржи геј-парада. Не си играме со зборови, не си играме со терминологија. Ако зборуваме за геј-парада, за геј-парада зборуваме. За протест за законот за антидискриминација, на друга тема. На оваа тема тоа се смета за офтопик и го бришам. Ако се запне банирам и од тема.
Фала пријатно.

Последна опомена да се вратите на топикот, кој е Геј парада во Скопје (анкета)
Од овој момент па натаму бришам се офтопик, и друга опомена нема да има.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ми се може :toe:

Да, и дискутираме дали поддржуваме идеја да се одржи геј-парада. Не си играме со зборови, не си играме со терминологија. Ако зборуваме за геј-парада, за геј-парада зборуваме. За протест за законот за антидискриминација, на друга тема. На оваа тема тоа се смета за офтопик и го бришам. Ако се запне банирам и од тема.
Фала пријатно.
Тема за геј парада има и во љ и с.Поентата на темата се знае која е,испаѓањето на улица на хомосексуалците и останатите засегнати групи која ќе се одржи месецов (ако не се лажам 15 Ноември беше датумот).Сепак десет пати повтори за твојот прв контакт со хомосексуалец(Кочо) кој сигурно ти кажал со која цел е протестот и кога е.Па можеш да споделиш детали :smir:
Едно прашање,секако не сум оф и надвор од поентата на темава:Го подржуваш ли протестот за толеранција?
 
P

Princ

Гостин
Леандра, да не се расправаме. Целата тема е во аспект на дискусија за тоа дали поддржуваме геј парада. На тоа и ќе остане.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.540
Поени од реакции
33.746
Го подржуваш ли протестот за толеранција?
Релативно е. Различни дефиниции и своевидни ставови кон нештата.
Доста широк поим е толеранција и неможеме да го дефинираме според некоја ефтина дедукција. Како и да е, со стварање на пат за остварувања на такви настраности (еx: посвојување од страна на геј невозможен сеуште брак) глобално се намалуваат моралните вредности. Со тоа темпо за 50 години ќе треба да даваме да посвојуваат и педофилите. Се` е тоа љубов, нели? И тогаш ќе се бара толерантност. Парада и протест е друго. Парада стриктно не, не е тоа барања права, туку јавно изразување гордост на настраната сексуална ориентација.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
За 1 и 3 имаш право, меѓутоа тоа верувам дека може да се најде метода за решавање на тој проблем. Ама таа метода не е бракот. Затоашто бракот е сосем друга категорија.
2. Жалам... и јас ако не оставам тестамент, ни мојата девојка нема да добие ништо ако починам. И нема право да бара. И добро е што нема право. Сигурно кучката ме изневерувала.
4. Не ја доврши реченицата... што да им се дозволи? Да живеат заедно? Дај не дупи, кој им забранува. Да стапат во брак? Не може да стапат во брак ебаго затоашто не можат да имаат деца НИКОГАШ тие двајца, макар и 20 дилдоа потрошиле. Не може. Не им е крива државата. Природата им е крива. А ако се знае дека не можат да имаат деца, нема никаква надеж за тоа... нема ни ПОТРЕБА да стапат во брак.


Не мора да значи нешто тоа.
Јас не можам да смислам 30 минути геј-парада а минатата недела пиев кафе со Кочо, единствениот деклариран хомосексуалец во Македонија, за разлика од сите останати кои својата хомосексуалност ја кријат позади корисничи имиња. Дечкото е деклариран хомосексуалец, и не ми сметаше да пиеме кафе.
Ама, не поддржувам нечие искажување на сексуалност во јавност. Без разлика дали се работи за хетеросексуалци, хомосексуалци, педофили, зоофили, мажи што обожаваат жени што носат подвезици... ништо од тоа.
Нема смисла, нема поента, нема потреба. Се друго е провокација.
Имаме поинакви размислувања за институцијата брак затоа и се препираме јас бракот го сметам како една формална заедница на двајца воздрасни индивидуи кој ете сакаат да ја искористат граѓанска бенефиција од таква заедница додека пак колку што можам да разберам кај тебе грубо кажано фабика за деца со финеси заедница каде може да се изроди плод на нивната љубов, и пак е сето тоа индивидуално и е поголема тема за разглабање.

Еве за да остане светиот збор БРАК неизвалкан нека се регулира некоја таква заедница која ќе му ги овозможува бенифициите кој останатите ги чуствуваат од институцијата брак со терминот мрак дали тогаш би прифатил хомичиве да живеат во брак ове де мрак.


Под точка 2. ти можеш да се ожениш со твојата девојка за разлика од хомичите



Принц не земај толку лично сепак разменуваме само ставови за темава затоа јас викам хипотетичко, што ако би било зошто не те познавам лично, верувам дека си толерантен и дека сексуалната определба не ти е топик во секојдневната комуникација исто како и мене.

Религија и сексуална определеност не го фаќам тоа ѓубре со три метра стап во нормална конверзација вис-а-вис.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Нема потреба хомиќите на педерски начин преку "протест" да ги користат
роми,хомо,хендикепирани и незнам уште која засегната група
за да си испитаат терен за геј парада.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Нема да успее Геј Парада у Скопје. Балкански народ. Гејството уште не е прифатено овде за јавно да биде. Ќе има тепачка ако бидне геј парада. Подобро нека си се кријат гејовите како што го правеа тоа до сеа. Јас не се умарам многу со геј парадава. И онака има педерски работи у државава поголеми од една геј парада. Чисто само размислувам дека нема да им успее парадата. Јас сум рамнодушен на оваа тема. Нека праат шо сакаат. Не ми се свиѓа да гледам педери као се љубат и гушкаат ама не планирам ни да излезам на контра протест.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
6.676
Нема да успее Геј Парада у Скопје. Балкански народ. Гејството уште не е прифатено овде за јавно да биде. Ќе има тепачка ако бидне геј парада. Подобро нека си се кријат гејовите како што го правеа тоа до сеа. Јас не се умарам многу со геј парадава. И онака има педерски работи у државава поголеми од една геј парада. Чисто само размислувам дека нема да им успее парадата. Јас сум рамнодушен на оваа тема. Нека праат шо сакаат. Не ми се свиѓа да гледам педери као се љубат и гушкаат ама не планирам ни да излезам на контра протест.
Така е Шмеки... ако евентуално има ке дојдат еден куп Алфа мужјаци и ке стане доста грозно.
Да се вратиме малце во реалноста,повеке од јасно е дека ако пробаат нешто нема да им успее,барем не на овие простори сега за сега.
Немаме ние европски менталитет за да дозволиме такво нешто,ја лично немам проблем со педери се додека не се блиску мене и не се експонираат јавно.
За едно 10 - 15 години можно е да бидат третирани како што они посакуваат,но сега категорично НЕ.:duel:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom