Аааа чекаај, ти си еден од таа популација, па се тешиш...
Даа даа дааа..
Мојата сексуална ориентација не е тема на дискусија, и затоа нема ни да го коментирам ова. Но во иднина воздржи се од прерани заклучоци, зошто е добро познат факт дека 80% од сите хомофоби и хулигани кои јавно дрндаат нон-стоп колку мразат педери и стално присуствуваат како контра-мерка на протести, имаат притаена хомосексуалност или бисексуалност. Ако се навистина straight, нема да трошиш дел од твоето скапоцено време, а и сила, да се занимаваш со хомосексуалци кои протестираат за права. Тоа значи дека хомосексуалците те интересираат доволно за да отидеш и да се занимаваш со нив. Да не навлегувам подетално во психологија, некои покомпетентни од мене во тоа поле можат да го потврдат ова.
Со среќа брачко, се глеаме на вашата парада, ќе видиш како ке заврши..
Со среќа и на тебе. Нема да заврши додека не се добие некаков резултат од власта.
Инаку не е се во ред со гејците се додка постојат, промашени инвестиции никој нејќе, никој нејќе да го нарушува НОРМАЛНОТО општество со нешто што не е во границите на НОРМАЛАТА.
То дали воопшто знаеш што всушност е општество како термин, па уште помалку НОРМАЛНО општество? Треба да навлезам во друга тема као почнам да дебатирам на ова, или нека остане за друга тема, или ако сакаш изволте ПП. Врска немаш од тоа што го збориш. Правилата на т.н. нормално општество постојано се редефинираат од страна на кој и да е тој што ги држи конците. Општеството не било вакво отсекогаш. Имало време кога елементите од денешното општество би се сметале за девијантни. Во многу аспекти.
И да, не ме цитирај веќе, напорно е.
Ако си уморен од мене, не реплицирај бе човек, кој те тера? И последен пат кога проверив, немаше такво нешто како да не цитирам членови. Јас ќе цитирам, а ти дали ќе одговориш е твое.
Да човеку правам, ти правиш?
Пред неколку пасуси не ми изгледаше баш така. Подобро читни за секој случај.
Тие имаат уста, и мозок, можат да се изразат и да пријават, а кучињата мачките и сличните животинки не се толку развиени за да можат да се пожалат некому.
Па имаат. Никој не рече дека немале. Затоа се подготвува протест.
Незнам, можда треба поправката да почне со тебе, ако уопште е возможно да се поправи нешто промашено комплетно.
Па со оглед на фактот, дека цел цитат ти се пишани глупости, зборуваш од памет, непроверено, мислам дека ти целосно си ја промашил темата. Може треба да си се фокусираш на други теми каде знаеш повеќе.
Ај кажи ми како ке се осеќаш ти да имаш двајца татковци и да немаш мајка и да те ремети цел свет пошо татко ти е двоцефка,
Ако не е едно нешто, тогаш ќе е друго. Ако децата не најдат да го зезаат тоа дете за нешто посебно, ќе најдат нешто друго. Ако не таткото, ќе го зезаат дека е со пеги на лицето. Дека има клемпави уши итн. Но мислам дека зезањето нема да му биде пречка ако знае дека има родители кои го/ја сакаат.
(случајов важи само ако ти си стрејт, што чисто сумњам)
Не си прв, нит последен. Ако некој подржува хомосексуалци е аутомстки хомосексуалец исто така нели? Уште еден прост заклучок од твој астрана меѓу долгата листа од нив, целиов пост.
и после да те ремети дека и другиот татко ти е двоцевка што уствари добијаш ремет на квадрат доживотно.
Wow, каква математичка пресметка. Имам едноставен одговор. Сексуално образование. Барем децата ќе знаат за што збуоруваат. Ако полсе тоа зборуваат воопшто.
Одозгора на тоа немаш мајка, уште да бидеш женско, мислиш дека татко ти ке знае доволно за тебе, пошо женските се доста комплицирани за одгледување, со оглед на тие проблеми што си ги имаат само со тоа што се женски.
1- Се е до доверба. Ако нема доверба во своето семејство, нема ни да се отвори. Треба двојката да поработи на тој случај.
2- Постојат советници за жени кои се соочуваат со проблематични периоди од своите животи.
3- Ако девојчето е донесено на свет прекѕ мајка сурогат, истата може да биде од помош во периоди на одгледувањето на детето.
4- Тоа последното не беше фер што го кажа, нити културно. Мажите се подеднакво комплексни и проблематични, ако не и повеќе од жените. Треба малку да внимаваш што пишуваш, мислам , има девојки на форумов, внимавај малце.
А што мислиш која реакција ке биде полоша, мајка ти и татко ти, како машко и женско, или татко ти и татко ти.. како машко и машко.
Како дете од 4-5 години, јас нема да правам голема разлика. јас до 5 години не ни знаев дека девојчињата имаат .... нешто поинаку доле од машките. Тек разбрав кога бев на летен одмор со моите во Преспа, и ког аме однесоа на плажа. По обичај девојчиња од 4-5 годинки ги пуштаат голи во вода и по песок. Беше инзенадување ... најблаго речено :kesa::wink:
Мојата поента. Јас не правев разлика сам. До тогаш. Како дете ќе прави разлика? Нема да прави. А и секогаш постои клуч за врата.
Добро да се информира за направена утка, а ти што да правиш шо комплетно мислењата ти се утка?
Ако мислиш дека некој факт кажа ..... во ред. Wishful Thinking :baeh:. Како и да е, квази-научни теории и прости суеверни верувања во хомосексуалноста се чинат единствените "факти" кои произлегуваат од кај тебе, така да, немам намера да повторувам, само времето ќе си покаже, кој бил во право, а кој утка.
А кажи ми, општеството треба да се смени за тебе, или ти за општеството?
Ти текнува, ако сакаш да направиш промени, почни од тебе.
Хомосексуалците во Македонија играат улога. 24 часа, 7 дена во неделата. Играат улога на карактер, кој нема никаква мазична поврзаност со нив. Знаеп колку е тешко да се преправаш некој што не си? Да глумиш со години? Поради притисок од општеството? Не можеш ни приближно да го сфатиш тоа. Тоа е огромна жртва за општеството. Сег аопштеството е должно да направио промени во својот систем за да ги акомодира сите загрозени групи. Вклучувајќи ги и гејците.
Ниедно друго дете нема проблеми со двајца татковци и ниедна мајка.
Тоа нималку не е добро.
Нема, зошто истополовата двојка се однесува како прав родител. И затоа нема никаков проблем. Everybody happy
Боље еден пост него цел јузер.
I second That. Важи за сите нели?
Во мајка природа тоа се мал процент на аномалии.
Мал!? Океј, почекај да ја формирам листата. После ќе збориме.
Не ја мешај природноста и аномалиите.
А што е аномалијата? Несовршен, природен резултат. Можеби е утка, но е сеуште производ на природата.
Живиот свет ПРИРОДНО е да се размножува.
Добро де, кој рече гејците се стерилни!? Имаат материјал како и секој друг маж.
Со истополов секс тоа не е можно, така да аутоматски тоа не е ПРИРОДНО.
Ако се искористи сперма на геј машко со straight жена, аутоматски се добива бебе по природен пат. Problem Solved. Се е возможно.
Како си тргнал ќе речиш и дека раѓање на животни (или и деца) со повеќе екстремитети или други телесни недостатоци е ПРИРОДНО оти ете се случувало.
Па производ на природата е. Да, генетска утка, можеби. Но сепак природен производ. А тоа колку сакаш, не можеш да го негираш.
Геју, моли господ, алах, буда, шива,...да не го одржите протестот...и тарзан и палица во гз и сите светци ќе ги видиш, толку.
Гледам многу си желен да се дружиш со гејови, па изволте на протестот. Само да не мислиш дека и ти ќе поминеш нечепнат? Или дека ќе се извлечеш без казна? Затоа постои и полиција, и правна служба, кои ни Бог, ни Алах, ни Буда, не можат да ги запрат. А ќе сносиш последици. Толку.