И шо кажа сега?
Многу народи во стариот век не знаеле за Бог. Тоа е потврдено и во Библијата. Спомнати се многу пагански и многубожечки племиња.
Сите денешни монотеистични и политеистични религии потекнуваат од паганизмот и суеверието. Се лажеш само себе си ако го негираш ова.
Омер, вие не верувате дека Бог е тројство. Заради тоа јас правам разлика помеѓу зборот Бог и Алах.
"... Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, бла бла бла" ....
Збирот на овие три работи, не дава ли 3? Или можеби треба да се вратиш во прво одделение? Монотеистичка религија која слави три фигури.
И иди прво информирај се за политеизмот и за мојата вера, па после суди.
Никој не ти суди овде, но за информација, ете ти погоре, тоа кажува се.
И за политеизам,
И за твојата вера.
Wow... дечки па вие се надминавте себеси. Мојов цитат ви е голема инспирација.
Вака:
1.Матеј: 13:15 Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’
Дела Ап.: 28:27 зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’
Кога човек ќе ја дознае вистината, не му требаат ефтини алтернативи.
Ова ќе е нешто интересно. Уште еден кој ја вади ултиматината вистина од Библијата. Што всушност докажа со ова? СО твои зборови, не библиски ... те молам.
2. Абе смеј се ти и тажи колку сакаш. Религиите со причина постојат. Некои со поголеми причини од другите.
Секако. Пробај перење на мозок, (насилна) индоктринација, асимилација, контрола на народот, изговор за извршување на акти на злостор итн. Had enough?
3. Докази има каде сакаш и колку сакаш. Не е само Библијата. Погледни и во науката. Научнициве и ден денес цепат глава и се чудат како се сите параметри на Земјата истемпирани до децимали. Ова ти е само еден пример. Погледни во вселената, во природата, во човековото тело и ум и ќе видиш безбројни докази.
Океј, кажи ми, вака, како просветлен човек од Бога, која е целта на постоењето на Универзумот? Според твојата религија, не е во ред да се шпекулира за живот на други планети, па ме интересира, која е целта да направиш толкав простор, а притоа не го искористиш? И создадеш живот само на едно небесно тело? Онака прашувам, ми треба доказ.
Само ќе напоменам дека Христијанството до сега не е надминато. Останува супериорна религија.
Благодарение на своите причини за кои постои и методи на ширење како ...
Перење на мозок, (насилна) индоктринација, асимилација, контрола на народот, изговор за извршување на акти на злостор итн.
Неговиот основач има ненедминат интегритет и учење. Никој, ама баш никој ги нема дополнето и надградено Исусовите заповеди и доктрини.
Освен модерниот човек. После 2000 години. Се сеќаваш на човековите права? Меѓународни права? Да не ги измисли и тие Исус?
Можеби не сите го признаваат за Бог, ама го почитуваат како личност и учител.
Чекај, Исус е Бог? Па нели имаше Бог и пред него? Тој од Стариот Завет? Или дојде Исус и вие, "верните" одма го избришавте другиот?
Никоја друга книга не е попечатена, почитана и попроучувана како Библијата.
Едноставно. Поради желбата и целта за масовно влијание.
Да се потсетиме ...
Перење на мозок, (насилна) индоктринација, асимилација, контрола на народот, изговор за извршување на акти на злостор итн.
Сето тоа овозможено со тоа што ....
Никоја друга книга не е попечатена, почитана и попроучувана како Библијата.
Леле, има моменти кога едноставно уживам да се повторувам
Твоево ти е: не верувам , па нека пукнат душманите! Џабе ти се и докази и се останато. Држи се до твојата лоботомија, немој случајно да си ја баталил! Немој да не научиш нешто од форумов!:baeh:
ХАха! Кои докази? Пак ќе прашам, Библијата?
Кога немаш потреба од Бога, кога не го спознаваш, кога постојано го игнорираш неговото присуство
За некого да игнорираш, треба да постои. За тоа да е точно, треба за
знаеш дека постои (да имаш докази, или да си свесен).
Што значи никој тука не игра игри со игнорирање.
а и како што гледам наназад одреден период тука се активни или напаѓаат атеисти окултисти итн промовирајки ги своите знаења од областа на сатанизмот
Од кога атеизам = сатанизам? Од кога двете се поистоветуваат едно со друго? Друго, дали знаеш што значи самиот збор Окулт? Зошто гледам го употребуваш, но не сум сигурен дали знаеш што значи.
Друго, има разни видови на сатанизам, кои немаат врска со противење на Бога. Плус Сатанизмот е ПАК религија во нешто. Ако Атеистите не веруваат во Бог, како можат да веруваат во Сатаната? Или по твојата извртена логика тоа е можно?
зар сеуште не свативте колку е совршена Божјата љубов дури и кон таквите како вас и знајте дека се што е соединето со Бога спасено е.
Толку не сака што од љубов на краот ќе не фрли во пеколната јама да гориме за цела вечност. Да, знам колку не сака.
Е кој друг би ни поставил етика и морал, највозвишено добро, ако и Самиот не е СОВРШЕНО ДОБАР?!
Не гледам ништо добро во тоа да создаде спротивност од себе си, за да ги провоцира луѓето да потпаднат под сатанско влијание. Чим го дозволува тоа, епа не е добар. ВООПШТО.
Бог не создаде несовршенство, туку право на избор. Тоа подразбираше и можнот да се избере погрешното.
Дали правото на избор се сведува на - "верувам во тебе" -
зелена карта за Рајот, или, "чекај, дали си ти реален или "... -
Црвена карта, вечност у Пекол?
Ова личи повеќе како --- НЕМА избор.
Ако Бог не остава простор за човекот сам да се спознае, па макар и го ставил неговото постоење под знак прашалник, не мислам дека омнипотентно мудро битие како Бог би постапил на тој начин.
Звучи премногу просто.
Далеку дотуркавме со нашиов памет и "рационалност". Уште малкуцка фали и ќе се збришеме од земјава меѓусебно.
По вина на атеистите нели? Вие немате абсолутно никаков удел во тоа така?
Не е никакво коцкање. Правото на избор го имаме сите. Како и шо ќе одбереме, тоа е веќе друго. Обично ја оплескуваме работата, као и увек.
Обично, кога се алудира на избор, се мисли да одбереш меѓу две добри работи. Во овој случај едната е лоша, многу лоша. Кога сите би знаеле дека Пеколот постои, и би имале докази за тоа, што мислиш, што би избрале?
Плус, ако ти веќе го ставаш пеколот како опција, не гледам како со тоа се искажува безусловна љубов. Знаеш што дефинира "безусловна" во безусловна љубов, така?
Ова изборов, некако не ми ја подржува таа дефиниција.
Kolku ste vie toa lukavi...Kako se vrtite vo svoj interest... Ili sme prosti, nenacitani, slepi, zaostanati vernite..ili pak ne sme veni na religijata, ako nesto ne vi se dopaga... :pos2::pos2: Mnogu ubavo znaete sto kako treba... Za sudi ste prva klasa!
Па кога искажувате прости ставови, тоа ти е.
Е и покрај тие фракции и секти, христијаните се еден вид на единство и се најбројни во светот.
Еден вид на единство? :smeshko:BHAHAHAHAHA!!!
Изгледа освен ред други термини, треба да ја погледнеш дефиницијата и на зборот единство во речник.
Ако има фркации и секти, не сте обединети. Единство подразбира ЕДНА религија. Не 100 и кусур верзии на истата. Што значи умовите на вас не ви функционираат на иста бранова должина. Сами не можете да си најдете НЗС во религијата.
Абе останете си у вашиот атеизам, слободно. Кога се праите на три ипол што можам да ви докажам? Очигледно ви е подобро у калта.
Не говорат само атеисти и христијани на форумов, или ги заборави останатите?