Барате некој закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
За најлонските ќеси изгледа, и јас разбрав дека најлонските кеси ќе се менуваат со книжни, а ќесите кои ќе бидат за тежина поголема од 3кг ќе се наплаќаат, овој закон ќе стапува во сила од јануари, затоа и го нема официјално никаде.
 
И мене ме интересира законот за екстерните тестови за средното образование, ако има некој некоја информација нека постира.:nesum:
 
И мене ме интересира законот за екстерните тестови за средното образование, ако има некој некоја информација нека постира.:nesum:

Па напишав на претходната страна. Министерството за образование уште официјално не го изнел календарот за средношколците за 2008/2009
Треба да се донесе и ќе видите тогаш со сигурност што како. Во него се е содржано, но почекај може ќе биде деновиве а може за неколку недели.
 
Ми треба закон за ратификација на спогодба(или договор) помеѓу Р,Македонија и земјите на ЕУ за недвижен имот(за наследување, купување и слично)Донесен е сега брзо, ама не можам да го најдам, а итно ми треба.:kesa:
 
Можеби треба да го побараш Закон за меѓународно приватно право...
 
Па Мартине пошо ни го читаја ваљда постојт... Ваљда не измислија све (сите членој и такви работи) :helou:
Ама ај ќе видиме на крај година... И не такви многу
 
Дали некој може да ми каже дали постои закон за забрана за употребување на симболите на нацистичка Германија? Барав на www.pravo.org.mk ама ништо не најдов.
 
Дали некој може да ми каже дали постои закон против пиратерија (torrents,или било каков друг бесплатен download) само за лична употреба?
 
Можеби треба да го побараш Закон за меѓународно приватно право...
Нема во МПП. Прочитав во ЗСДСП и во Закон за наследување.Законот вика дека секој странски државјанин може да наследува имот, како секој државјанин на РМ под услов да постои реципроцитет.Е сега знам дека од брзо време постигнат е договор со земјоте на ЕУ за реципроцитет со РМ, но ми треба да ја имам спогодбата, договорот, законот, како и да го наименувале, за да се повикам на него за оставинска постапка.ПЛС помош.
 
Ми треба закон за ратификација на спогодба(или договор) помеѓу Р,Македонија и земјите на ЕУ за недвижен имот(за наследување, купување и слично)Донесен е сега брзо, ама не можам да го најдам, а итно ми треба.:kesa:
Тоа е во некој сл.весник, од дата блиску до датата на ратификација и таму, во делот за меѓународни договори, сигурно стои таквиот договор (спогодба).
Инаку, знете дека ратификуваните договори имаат правна сила на ниво на закон за договорните страни :)

Дали некој може да ми каже дали постои закон против пиратерија (torrents,или било каков друг бесплатен download) само за лична употреба?
Закон за авторски и др. сродни права.
 
брат прави шо сакаш,додека не му текне на некој да се раскрека па да наебеш.а дали постои ваков или онаков закон тоа малку важи.и така законите не важат за секого.
 
брат прави шо сакаш,додека не му текне на некој да се раскрека па да наебеш.а дали постои ваков или онаков закон тоа малку важи.и така законите не важат за секого.

Да не важат за марсовците!

Вајда и ти од марс си паднал штом си толку паметен.
 
Ај ако може законот за тоа каква кола можам да возам откако ке положам (кубикажа, коњи и сл)... Сите различно ми кажуваат... Фала :)
 
Ај ако може законот за тоа каква кола можам да возам откако ке положам (кубикажа, коњи и сл)... Сите различно ми кажуваат... Фала :)

Член 1
55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

Член 240
(1) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите "А", "Б" и "Ц", односно од поткатегориите "А1" и "Ц1" не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
(3) Возачот од ставот 1 на овој член кој поседува возачка дозвола од "А" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од "Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) до (4) на овој член.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom