Сè ќе биде во ред, не се секирај...

  • Креатор на темата Креатор на темата CuCeNcE
  • Време на започнување Време на започнување

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Возраст
34
Понекогаш сакаме да се олесниме и да ги споделиме проблемите со некој друг. Некогаш не очекуваме ништо за возврат, со самото тоа што сме кажале ни е полесно, но некогаш очекуваме да добиеме некој совет, подршка што ќе не утеши. Како и да е...Најчесто луѓето ни возвраќаат со: "Се ќе биде во ред, не се секирај"....
Но дали е можно да не се секираме ако имаме стварно некој голем и сериозен проблем? Дали може таа реченица да не утеши? Дали е тоа што стварно сакаме да го слушнеме во тој момент? Дали понекогаш ве иритира тоа кога ќе го слушнете?

Чекам ваши мислења:pipi:
 
Ако ништо друго барем таа реченица е крајно вистинита. Се ќе биде во ред, бидејќи каков и да е проблемот ќе помине. Дури и да се влоши ситуацијата, најмногу што може да се случи е да умреш. А потоа сигурно проблемите ќе ги снема, значи секако се ќе биде во ред.

Едит: Исто така добри се и “Голем си, ти си знаеш...“
“Не се секирај така било пишано“ (Па затоа се секирам :tapp:)

И мојот фаворит: “Не се нервирај“ у смисла, “не се нервирај, така ќе ти биде подобро.“ - Дај не зезај, стварно мислиш дека ќе ми биде боље?
 
Дури и да се влоши ситуацијата, најмногу што може да се случи е да умреш. А потоа сигурно проблемите ќе ги снема, значи секако се ќе биде во ред.

Е ова е оптимизам :icon_lol:
Последниве година дена се' што слушам е "не се секирај, се' ќе се среди" и веќе кога ќе го слушнам тоа ми доаѓа да делам шамари.
А има и едно полошо "ќе пројде".
Јас кога имам некаков проблем страшно ме нервира да ми мудруваат, многу повеќе ценам некој да ми помогне во решавање на проблемот отколку да ми каже да не се секирам. Иако, понекогаш постојат ситуации во кои не може ништо друго ни да направиш, ни да кажеш. Секако за мене е подобро да преќутат отколку да ми го кажат тоа, на крај крајева знам дека ќе се среди (или ако не се среди, ќе пројде), а ако со некого разговарам за проблемот значи дека барам совет или поддршка, а "не се секирај" не го сметам за поддршка.
 
Ми се допаѓа тоа што без разлика каков и да е проблемот, без разлика дали некој е способен да ти помогне, сепак секој кој сака да те ислуша на крај ќе ти каже дека сè ќе биде во ред, да не се секираш...
Ако ништо друго, бар самата реченица дава некаква сила, некаков поттик да се продолжи понатаму. Проблемите се менлива категорија. Токму затоа оваа реченциа си има вистинско и буквално значење. Ако не денес - утре, ако не за 1 година - за 2 и така натаму.
На крај, пак, во моменти кога некој бара да го ислушаме, всушност тоа и сака да го слушне. Потребно е некој да му каже дека сè ќе се среди за да може сам на себе да си олесни.
Ми се допаѓа реченицава во секој случај. Позитивна е, има смисла и вистинско значење.

И мојот фаворит: “Не се нервирај“ у смисла, “не се нервирај, така ќе ти биде подобро.“ - Дај не зезај, стварно мислиш дека ќе ми биде боље?
Па да, подобро ќе ти биде ако не се нервираш. Стресот по себе влече милион мали проблеми со здравјето. А со навлечени мали проблеми не се постигнува решавање на поголемиот проблем, оној за кој сме се нервирале. Така да, нервозата е непотребно чувство од кое нажалост сите понекогаш си патиме.
А дека ако не се нервираш ќе ти биде подобро, има и те како вистина:smir:
 
Јас пак си викам, се нервирал не се нервирал проблеми ќе си имаш еден тон... така да и некогаш кога ќе ми е преку *** од се, знам да застанам, да најдам некоја музика (билокаква, да брчи нешто) и да кулиркам.

И тоа може да потрае со часови. После тоа како нов сум.

А дека не се секирај, ќе се среди, во секој случај ќе се среди. Само нервите остануваат на крајот.
 
Го заборавивте најстрашното: ,,Е ајде де можеше да биде и полошо,,
Вистинито е тоа дека ке пројде ама премногу е клише и дефинитивно не е нешто што би сакала да го чујам кога кажувам нешто.Подобро е да ми кажат дека животот ми е ужас или дека јас сум виновна за тоа што ми се случува.
Сепак морам да признаам дека ми помогнала таа фраза, баш затоа што ме иритира кога ја слушнав ми ги одвлече мислите од проблемот бар за момент....
 
Најчесто луѓето ни возвраќаат со: "Се ќе биде во ред, не се секирај"....
Но дали е можно да не се секираме ако имаме стварно некој голем и сериозен проблем? Дали може таа реченица да не утеши? Дали е тоа што стварно сакаме да го слушнеме во тој момент?

Чекам ваши мислења:pipi:

Mоето мислењe e следново...

Да секогаш сакаме да си олесниме кажувајки на други за проблемите...секој секогаш ми го кажува тоа мене или на некој друг...абе лесно е да се каже таа реченица,ке не утеши за момент но не додека не го решиме проблемот...не знаат тие како се осекаме во тој момент...и јас велев така на некој кога ми се искажува ама кога јас имам проблем не ми е лесно да ја прифатам таа реченица.
Како што спомна некој погоре...не се нервирај...или што ке постигнеш со нервоза...абе ајде стави се ти на мое место во тој момент па ке видеш дали така ке мислеш...во тој момент во себе нешто не тера да се нервираме,да ја истераме лутината.
 
Па да, подобро ќе ти биде ако не се нервираш. Стресот по себе влече милион мали проблеми со здравјето. А со навлечени мали проблеми не се постигнува решавање на поголемиот проблем, оној за кој сме се нервирале. Така да, нервозата е непотребно чувство од кое нажалост сите понекогаш си патиме.
А дека ако не се нервираш ќе ти биде подобро, има и те како вистина:smir:

Е сега претеруваш, па нема шанси стресот да влече проблеми со здравјето. И стварно не сум знаел дека кога се нервирам за нешто дека најпаметно ми е да прекинам за тоа да се нервирам.
Ја знаеш како праам најчесто... се нервирам, се нервирам... и после ехеее кој знае колку време, ќе ми текне дека не треба да се нервирам, пошто гарант боље ќе ми биде ако бидам среќен и ќе си речам, како не ми текна порано, ама сум смотан, и ќе престанам да бидам нервозен, и најинтересно е што тогаш почињам да се смеам како дете, и на сите сум им интересен, а пред тоа на сите сум им бил напорен.

Знаеш дека си у право за тоа, ама оноа со стресот и здравјето... за тоа ќе ми треба докази. :smir:
 
Знаеш дека си у право за тоа, ама оноа со стресот и здравјето... за тоа ќе ми треба докази. :smir:


Ете јас ке ти кажам пример дека е потполно во право...Една моја другарка,нервирајки се постојано за дечкото,нервирајки се од родителите сега има шум на срцето,секој мал стрес може за неа да биде многу лошо и да заврши во болница...

Друг пример...од стрес и нервози може да ти доцни месечевиот циклус Недела,месец дена...

Трет пример...Мој комшија од секојдневните нервози заради еден комплициран проблем почна да слабее и на крај му открија рак на желудникот,беше во болница долго време но за жал почина:(

Ете ти примери дека нервозите и стресот влијаат на здравјето а ти зборам и од лични проблеми...од тие нервози добивав двапати инфекции кои мораа да ги интервенираат и ослабев 4 килограми.
 
Ценам кога некој ќе ми го каже тоа, ама сепак... не е нешто што во моите најлоши моменти сакам да го чујам. Кога сум максимално крш, кога сум во депресија и кога некој ќе ми рече “Не се секирај, ќе помине“ ме фаќа уште поголема депресија.
Да, знам дека се ќе помине, но што до тогаш? Сите знаеме дека што и да е, ќе помине, само како да се помине полесно и како да се осеќаме подобро во меѓувреме е прашањето.
Некогаш кога некој ќе ми каже така, добивам впечаток дека сака побрзо да се отараси од мене и моето зборување, па ми го кажува тоа.
Да, се поминува, но кога ми е најтешко и кога барам утеха од некој, не сакам да ми кажат така.
 
Од нервоза почнав да јадам многу, резултат-за три години 115 кила се направив од скромни 75.
 
Zavisi kakov problem imam,obicno koa imam problem ne sakam nikoj da mi se mesa i da me ubeduva deka ke se resi se sama si ja znam tezinata na toj problem i nema da mi pomogne ako kaze taka.Mislam deka moze samo da mi otezne zasto znam deka me tese samo :jaj: sepak problemite se resavaat za sekoj problem ima resenie :pipi:
 
" Не се секирај, се ќе биде во ред"- секако дека се ќе биде во ред меѓутоа ако нема никаква друга алтернатива освен да му оставиме на време, што ни преостанува?Како да не размислуваме постојано на проблемот, како да не се нервираме, кога знаеме дека така нема да го решиме и дека треба да оставиме се на времето, а упорно ги правиме тие нешта?
Секако дека кога некој ќе го запознаеме со проблемот ќе ни каже -не се секирај, се ќе биде во ред- а на нас ќе ни олесни за момент, ќе не утеши, но сепак поголема утеха би било ако тој/таа проба да ни помогне на било кој начин, па дури и да ни го одвлече вниманието на некое време и да не развесели...факт е дека ретки се луѓето кои што би ни помогнале во врска со проблемите(никој не се замара со проблемите на другите), па дури и треба да бидеме среќни ако некој не сослуша и не утеши и со тоа " Не се секирај, се ќе биде во ред" и "Не се нервирај"

А нервозата е составен дел на проблемите, а од коа ке одмине некој времески период се освестуваме и си велиме зашто воопшто сме се нервирале кога ниту еден проблем не заслушува ни трошка нервоза од наша страна...
 
Моите најблиски секогаш и без оглед на се ги ислушувам до крај,пробувам да ја сфатам ситуацијата,давам мој прво негативен коментар затоа што сметам дека секој ја знае убавата страна на која било ситуација и на крај секако утехата...Тоа го барам и јас и поради тоа не дозволувам да ме изиритира `се ќе биде во ред,не се секирај` бидејќи оние кои најмногу ги сакам и ценам за големите проблеми никогаш не би дозволиле да го кажат тоа и да бидат толку кратки.

Најголемата подршка ми се најблиските и ако тие не ми ја ублажат болката нема кој друг.Понекогаш е потребно и сам со себе да си расчистиш и да ги разграничиш работите што ти се случуваат бидејќи секако и после секоја утеха и убаво кажан збор,кога другарка или било кој ќе си отиде дома,кога родителите ќе ја затворат вратата од твојата соба,кога ќе го изгасиш компјутерот и кога ќе останеш сам на себе никој нема да биде тука да ти ги избрише солзите и да ти рече дека се ќе биде во ред.Во животот се бориш сам,сам ствараш,сам патиш и си сам на своето.Блиските се тука да ти го олеснат колку што можат тоа...и прав пријател е оној кој останува било каде да сме,било со кој да сме,не заборава да ти ја пружи потребната подршка,да ги дели проблемите со тебе и да те насмее барем еднаш во денот.:pipi:
 
се ќе биде во ред, не се секирај...

ах уште да беше се така розево...и се ќе беше во ред...
залудно е да се тешиме така само ја храниме потсвеста, психата, а проблемот останува и не се решава, едино ако непревземеме нешто во врска со тоа.
не се секирај, ќе биде, е тоа се зборови кој што ни ги говорат луѓето како некоја подршка, а они ни малце не знаат како ни е, го немаат тој проблем и не се во наша кожа.можеби минале низ истото и можеби се си решиле ама сега на нас ни е на ред да минеме низ тие тешки моменти...
не сум песимист, ама мислам дека ако проблемот не си го рашиш сам залудни се зборови кога проблемот останува тука и те прати каде и да си. проблемот е во твоите мисли и само прави да се чувствуваш и на се да реагираш нервозно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom