Јосиф Флавиj - еврејски генерал, а подоцна станал и историчар. Пишувал кон крајот на првиот век. Во неговото познато дело „Еврејски старини“ тој спомнува неколку детали за Исус, а воедно и Неговото воскресение:
"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.„
(Јосиф Флавиј, Еврејски старини 18.3.3)
--- надополнето ---
Повели DBACK, аргументирај го тоа што го тврдиш. Наведи ги историските записи, исполнетите прооштва и чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека ги виделе воскреснатите Хорас, Митра, Кришна, Промтеј итн?