Дали Исус навистина воскреснал?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имплицитни докази за Христовото воскресение постојат. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Христос итн.
Не постојат имплицитни докази, постојат само експлицитни лаги. Ајде понуди еден историски запис настрана од Библијата каде што се споменува воскреснувањето...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ајде понуди еден историски запис настрана од Библијата каде што се споменува воскреснувањето...
1. Значи ти бараш историски запис каде што се спомнува Христовото воскресение запишано од некој кој, иако го видел Христос воскреснат, сепак не станал христијанин? Дали кога ти би живеел во Христовото време и би го видел (да претпоставиме хипотетички) Христос воскреснат, би останал рамнодушен кон тоа или би станал христијанин?
Сепак дури и ако ти постирам таков запис, ти повторно ќе приговараш дека тоа е некоја христијанска интерполација или сл. Затоа не ни арчам мастило за такво нешто.

2. Новиот завет од Библијата е колекција на најверодостојните историски записи за Христовото воскресение. Тие се наоѓаат во кориците на Библијата баш заради нивната веродостојност. Доколку во тоа време имало некој друг исто така веродостоен документ за Христовото воскресение и тој би бил во кориците на она што ние денес го нарекуваме Библија.
 
Да резимираме, не постои ниту еден историски запис настрана од Библијата во кој се споменува воскреснувањето.

Одиме понатаму...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155

Браво Чорбаџија. Ептен ми се допаѓа тоа што го напиша. Вистинито и точно. Ама ете, атеистиве никако неможат да разберат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Браво Чорбаџија. Ептен ми се допаѓа тоа што го напиша.
Да беше ова уметничко лизгање, можеше да му дадеш 10 за уметнички впечаток. Но тоа не го менува фактот дека настрана од Библијата НЕ ПОСТОИ ниту еден историски запис за било какво воскреснување.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Да беше ова уметничко лизгање, можеше да му дадеш 10 за уметнички впечаток. Но тоа не го менува фактот дека настрана од Библијата НЕ ПОСТОИ ниту еден историски запис за било какво воскреснување.
Писмо од архивота на Рим во кое стои известување до царот дека некој Исус од Назарет кој умрел, воскреснал и сега е жив.
Дали сега се промени твојот став? И било кој доказ да ти се понуди, оној кој нема вера и нема срце да прифати дека е можно да постои Бог и да го види Бог, ќе рече: тоа е сон, сонував.
Така, нема смисла да ти се објснува и докажува. Остани си во твоето неверие.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Писмо од архивота на Рим во кое стои известување до царот дека некој Исус од Назарет кој умрел, воскреснал и сега е жив.
Дали сега се промени твојот став? И било кој доказ да ти се понуди, оној кој нема вера и нема срце да прифати дека е можно да постои Бог и да го види Бог, ќе рече: тоа е сон, сонував.
Така, нема смисла да ти се објснува и докажува. Остани си во твоето неверие.
Да го видиме писмото?

Некој линк?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Имплицитни докази за Христовото воскресение постојат. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Христос итн.
Имплицитни докази за Хорасовото воскресение постојат. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Хорас итн.

Но, исто така, постојат и имплицитни докази за Митровото воскресение. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Митра итн.

Од друга страна, постојат имплицитни докази за воскресението на Кришна. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Кришна итн.

Посебно се интересни имплицитните докази за воскресениеto на Прометеј. Тоа се: историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот Прометеј итн.

итаканатаму-итаканатаму

некои 100-тина се... и мислам СИТЕ се пред Исус.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. Значи ти бараш историски запис каде што се спомнува Христовото воскресение запишано од некој кој, иако го видел Христос воскреснат, сепак не станал христијанин?
Зарем според библијата фараонот не го виде морето како се разделува? Зошто тој не стана верник?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да резимираме, не постои ниту еден историски запис настрана од Библијата во кој се споменува воскреснувањето.

Одиме понатаму...
Јосиф Флавиj - еврејски генерал, а подоцна станал и историчар. Пишувал кон крајот на првиот век. Во неговото познато дело „Еврејски старини“ тој спомнува неколку детали за Исус, а воедно и Неговото воскресение:

"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.„
(Јосиф Флавиј, Еврејски старини 18.3.3)

--- надополнето ---

историските записи, исполнетите пророштва, чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека го виделе воскреснатиот... Хорас, Митра, Кришна, Промтеј итн.
Повели DBACK, аргументирај го тоа што го тврдиш. Наведи ги историските записи, исполнетите прооштва и чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека ги виделе воскреснатите Хорас, Митра, Кришна, Промтеј итн?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јосиф Флавиj - еврејски генерал, а подоцна станал и историчар. Пишувал кон крајот на првиот век. Во неговото познато дело „Еврејски старини“ тој спомнува неколку детали за Исус, а воедно и Неговото воскресение:

"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.„
(Јосиф Флавиј, Еврејски старини 18.3.3)

--- надополнето ---

Повели DBACK, аргументирај го тоа што го тврдиш. Наведи ги историските записи, исполнетите прооштва и чистите мотиви на мачениците кои пострадале заради тоа што проповедале дека ги виделе воскреснатите Хорас, Митра, Кришна, Промтеј итн?
A third passage, the famous Testimonium Flavianum found in the Antiquities of the Jews 18.63-64, in its current form summarizes the ministry and death of Jesus; but the authenticity of this passage remains contested by many scholars, and has been the topic of ongoing debate since the 17th century. The most widely held current scholarly opinion is that the Testimonium Flavianum is partially authentic; but that those words and phrases that correspond with standard Christian formulae are additions from a Christian copyist.http://en.wikipedia.org/wiki/Josephus_on_Jesus#cite_note-2
http://en.wikipedia.org/wiki/Josephus_on_Jesus
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И шо сеа јас да ти цитирам веб страна каде што се вели дека тоа е автентичен текст на Јосиф? Тоа ли е дискусија, да си разменуваме мислења на одредени веб страни? Знаеш ли дека на Википедија можат да пишуваат (или да менуваат текст) дури и деца од основно одделение што имаат 2ка по историја?
Повели докажи дека тој цитат е додаден од некој христијанин. Теориите на заговор, колку и да се интересни за на филм, не се никаков валиден аргумент.
 
А што е според тебе дискусија Чорбаџија? Јас колку што знам, дискусија е размена на аргументи. :toe:
Имињата, возраста и стручната наобразованост на луѓето кој го напишале ова на википедија се на истата страна! Треба само да одиш на дното од страната и ќе видиш дали авторитетите кој стојат зад тврдењето се две годишни деца, или луѓе кој го испитувале сето тоа.

П.С. Ако текст на википедија не е проверен стои напомена дека информацијата е непроверена или штотуку објавена!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А што е според тебе дискусија Чорбаџија? Јас колку што знам, дискусија е размена на аргументи.
Токму тоа и јас го велам. Повели наведи аргументи за тоа што го тврдиш. Ако немаш свои аргументи, тогаш наведи ги аргументите на твоите авторитети. Не е аргумент ако речеш: „Тоа е така затоа што Чак Норис рече дека е така!“ Затоа што јас можам да ти го цитирам Супермен како вели дека не е така и сеа шо праиме? Така е или не е така? Или пак ќе ги замолиме Чак Норис и Супермен да се буткаат на рака, па кој победи тој бил во право :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom