Британскиот научник кој страда од амиотрофична латерална склероза, го опишал мозокот како компјутер, кој престанува да работи кога неговите делови ќе се расипат.
А бидејќи не постои рај за расипани компјутери, наместо да веруваат во приказните за живот после смртта, луѓето треба да го искористат својот потенцијал овде, на Земјата, порачува тој...
Со оваа теорија тој отиде чекор подалеку од тврдењата во својата последна книга "Големиот дизајн" од 2010-та година, во која напиша дека идејата за Господ не е неопходна за толкување на потеклото на вселената.
Во 1988-та година, во бестселерот "Кракта историја на времето", Хокинг објасни дека спознавањето на "теоријата на се" би значела "конечен триумф на разумот, бидејќи тогаш научниците би го сфатиле умот на Бога".
За потоа во некои од своите последни изданија, тој да повлече јасна црта помеѓу употребата на зборот Бог како метафора и верувањето во сезнајниот творец кој управува со вселената.
Јас појасни зборови на некој човек за некоја одредена тема одамна немам прочитано. Ако и понатаму не ти е јасно што сакал да каже, нема помош...