- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Христијанството не тврди дека се што се случува е по Божјата воља.Христијанството како и јуадеизмот и исламот тврдат дека бог е семоќен и сезнаен и се што се случува е по негова воља!
1. Не можеш да зборуваш за „богот“ на монотеистичките религии во еднина, бидејќи тој не ист во сите религии. Христијанскиот Бог е дијаметрално различен од исламскиот Алах и по природа, и по карактер и по односот што го има со созданијата итн.Ако богот на монотеистичките религии е сезнаен, семоќен и се се одвива според негова воља, тогаш што мајка бара казната и наградата?!
2. Христијанскиот Бог им дал на луѓето слободна воља, која пак повлекува и индивидуална одговорност. Значи овде на Земјата не се случува се по Божјата воља. Ние луѓето имаме слободна воља, но и одговорност за истата.
Не е вистина дека Бог се покајал во смисла дека погрешил што ги создал. Глаголот што во македонската Библија е преведен како „покајав“ во оригиналниот хебрејски јазик значи „длабоко воздивнување“ во смисла на жалење. Значи Бог се сожалил врз луѓето заради нивната изопаченост и потоа ги уништил. Бог ништо не згрешил за да се покае, туку луѓето згрешија и не се покајаа и затоа загинаа. Слично ќе биде и со луѓето денес, како што вели Исус:Плус, во библијата истиов овој сезнаен и семоќен бог, првин констатира дека тоа што го создал е добро, за потоа да се покае и да го уништи во потоп! Сезнанен и совршен бог кој се кае?!
„ако не се покаете, сите ќе загинете така.“ (Исус, ев. Лука 13:3, Библијата)