Дали Исус навистина воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Па ќе си прочиташ Библијата, ќе споредиш со другите. Ќе си размислиш која книга е онаа точната. Понатаму, Христијанството е најраспространетата религија. Втора е исламот, која исто се заснова на Библијата (преработена, едитирана во куран). Многу исчезнаа, некои тек ќе се родат. Христијанството постои 2000год, плус уште некоја илјада година наназад како јудејство, и плус уште наназад. А и кога ќе почнеш да живееш Христијански живот - читање на писмото, присуствување на литургии, молитви, пост, исповед, причест итн ќе се увериш дека си на вистинскиот пат.

Вака, првиот аргумент не држи. Јас сум ја читал Библијата и наоѓам дека некои други религии се пологични. Манихеистичките религи на пример, како Зороастризмот или Богумилската ерес, ми се пологични од христијанството. За распространетоста, тоа е историска случајност, и е политички условено, и како такво не е никаков аргумент за вистинитоста на христијанството. Третиот аргумент, дека ако го проучуваш и практикуваш христијанството ќе ти се виде вистинито, важи и за сите други религии. Ако ги проучуваш и практикуваш, сигурно ќе ти се видат вистинити, инаку не би ги практикувал.

Чаре?

--- надополнето ---

Ти си посебен во очите на мајкати затоа што тоа е нејзина желба и поради ништо друго. Ама никој не ја обвинува дека не е во право. Да, христијанството е посебно само заради лична желба нечија, и што со тоа?

Што у ствари се обидуваш да докажеш?

Еве јас ќе ти одговорам (во свое име се разбира) велам да Христијанството е посебно затоа што јас така сакам. И сеа нема да те тупам да сакаш и ти исто што и јас. А ти цело време се обидуваш да покажеш дека нечија желба, како што ја нарекуваш не е во ред, и дека треба да има друга желба, односно да ВЕРУВА дека не постои господ?

Не бе пријател, верувај си ти, јас амо уште еднаш ќе ја кажам Ничеовата напомена за магариња.

Потребата да постои некои ентитет, и интензитетот на таа потреба, не е доказ за постоењето на тој ентитет...

Просто.
 
Вака, првиот аргумент не држи. Јас сум ја читал Библијата и наоѓам дека некои други религии се пологични. Манихеистичките религи на пример, како Зороастризмот или Богумилската ерес, ми се пологични од христијанството. За распространетоста, тоа е историска случајност, и е политички условено, и како такво не е никаков аргумент за вистинитоста на христијанството. Третиот аргумент, дека ако го проучуваш и практикуваш христијанството ќе ти се виде вистинито, важи и за сите други религии. Ако ги проучуваш и практикуваш, сигурно ќе ти се видат вистинити, инаку не би ги практикувал.

Ти го порекна моето, но

Што го прави христијанството посебно, освен твојата желба да биде така?

ај сега што го прави твоето порекнување појако од моите зборови?

Можеш да видиш некои од пророштвата во Библијата кои се исполнуваат. Еве напр Исаија го опишува животот на Исус, неговото мачење и смрт, па и воскресението. Во псалмите исто и кај другите пророци. Како може Исаија да пишува за Исус 700 години пред Неговото доаѓање?

--- надополнето ---

Потребата да постои некои ентитет, и интензитетот на таа потреба, не е доказ за постоењето на тој ентитет...

Просто.

Нити пак негирањето на нештата, не е доказ за нивното непостоење.
 
Можеш да видиш некои од пророштвата во Библијата кои се исполнуваат. Еве напр Исаија го опишува животот на Исус, неговото мачење и смрт, па и воскресението. Во псалмите исто и кај другите пророци. Како може Исаија да пишува за Исус 700 години пред Неговото доаѓање?

Човек, си го проучил ли Јудаизмот? По се изгледа не. Исаија НЕ пишува за Исус. Исаија е Стар Завет. За Евреите оној Месија што го чекаат е човек in the likeness of God, NOT God нити па буквално син на Бог.
 
И Ти си во право!
Ама ти не си
И Твојата религија на неверието,
Моето „неверие“ не е религија

Ти вели дека е вистинската така?
Недна религија не е вистинска бидејки човекот ги измислил сите
И Ти си Македонија! И Ти си А1 телевизија!
Ти си сител и не си македонија
 
Човек, си го проучил ли Јудаизмот? По се изгледа не. Исаија НЕ пишува за Исус. Исаија е Стар Завет. За Евреите оној Месија што го чекаат е човек in the likeness of God, NOT God нити па буквално син на Бог.

Да. Но прашањето е ти дали си го проучил Христијанството?

--- надополнето ---

А да се вратевме веќе на темата, а што велите?
 
Како е можно да го немам проучено христијанството, а овде да коментирам? Едно време бев христијанка. Значи, чим ти го знаеш Јудаизмот не би требало да се повикуваш на Стариот Завет како четиво што го пророчува доаѓањето на Исус. Ако не ти е јасно, оди прашај некој Евреј што всушност значи Месија во нивната религија и зошто Исус не паѓа во тој калап.
 
Можеш да видиш некои од пророштвата во Библијата кои се исполнуваат. Еве напр Исаија го опишува животот на Исус, неговото мачење и смрт, па и воскресението. Во псалмите исто и кај другите пророци. Како може Исаија да пишува за Исус 700 години пред Неговото доаѓање?
* * *
Нити пак негирањето на нештата, не е доказ за нивното непостоење.

Секако дека ќе се исполнат кога божествениот лик и дело на исус се дотерувани 4 века по неговата смрт. Секако дека уредниците на Новиот Завет ќе го прикажат каков што треба да биде прикажан за да има кредибилитет пред рајата.

НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ЗА НЕПОСТОЕЊЕ! 100.000 пати е напишано на овој подфорум. Дебили до сега ќе го сфатеа концептот со докажувањето.

Не можеш да докажеш дека не постои розев кременадла-патлиџан со говорна маана.

Не можеш да докажеш дека не постои ЗЕВС.

Докажуваш единствено ПОСТОЕЊЕ на нешто!!!!

Како на пример Јахве. Не можеш - hence, НЕ ПОСТОИ!!!
 
Ахам....и тоа е само негирање - истото нешто за кое тебе те обвинуваат.
 
Секако дека ќе се исполнат кога божествениот лик и дело на исус се дотерувани 4 века по неговата смрт

Уште малку ќе речеш дека некни биле напишани евангелијата.

Како на пример Јахве. Не можеш - hence, НЕ ПОСТОИ!!!

Секој ден ме изненадуваш колку се новости ми кажуваш еј. Ова последново НЕ ПОСТОИ ти е најново а? Never heard of it before. Ти можеш да докажеш дека постојат вонземјани? А пред малку рече дека веруваш дека постојат

Верувам и дека е многу можно да постои интелигентен живот.

Мжно е да постојат вонземјани кои никој не ги видел, но никако не е можно да постои Бог?
 
Секако дека ќе се исполнат кога божествениот лик и дело на исус се дотерувани 4 века по неговата смрт. Секако дека уредниците на Новиот Завет ќе го прикажат каков што треба да биде прикажан за да има кредибилитет пред рајата.

НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ЗА НЕПОСТОЕЊЕ! 100.000 пати е напишано на овој подфорум. Дебили до сега ќе го сфатеа концептот со докажувањето.

Не можеш да докажеш дека не постои розев кременадла-патлиџан со говорна маана.

Не можеш да докажеш дека не постои ЗЕВС.

Докажуваш единствено ПОСТОЕЊЕ на нешто!!!!

Како на пример Јахве. Не можеш - hence, НЕ ПОСТОИ!!!

Па никој бе чоек не барал (барем ја не заприметив) од тебе или некој друг да докажувате непостоење на некој бог?. Вие цело време барате доказ за неговото постоење од страна на оние кои веруваат за да неможноста да се понуди рационално-перцептивен доказ ја потврди вашата негаторска теза за непостоење.
 
Незнам каква врска има постоењето на вонземјани со твојот измислен бог?
 
Хахахах можеби ќе испадне дека боговите се вонземјани Енки и Енлил.
Кој беше добриот а кој лошиот(ако уште се живи).
 
Колку од верниците мислат дека Исус воскреснал гледано низ онтолошка призма, а колку се убедени дека тоа е физички чин?
 
Во христијанството нема простор за воскресение гледано низ онтолошка призма. Христијаните веруваат дека Исус воскреснал телесно, дека првата генерација христијани го виделе, го допреле, јаделе со Него. Тие биле толку убедени во тоа што многумина од нив дозволиле да бидат убиени заради воскреснатиот Исус.
 
Моето „неверие“ не е религија

Твоето неверие Е религија и тоа како! Атеизмот Е религија на егоцентрично боготворење на самиот себе, оти атеистите веруваат во себе си, независно од нивното неверие во вистинскиот Бог...

Крајна варијанта на атеизмот е нихилизмот, неверувањето и недовербата во ништо па ни во себе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom