- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Вака, првиот аргумент не држи. Јас сум ја читал Библијата и наоѓам дека некои други религии се пологични. Манихеистичките религи на пример, како Зороастризмот или Богумилската ерес, ми се пологични од христијанството. За распространетоста, тоа е историска случајност, и е политички условено, и како такво не е никаков аргумент за вистинитоста на христијанството. Третиот аргумент, дека ако го проучуваш и практикуваш христијанството ќе ти се виде вистинито, важи и за сите други религии. Ако ги проучуваш и практикуваш, сигурно ќе ти се видат вистинити, инаку не би ги практикувал.Па ќе си прочиташ Библијата, ќе споредиш со другите. Ќе си размислиш која книга е онаа точната. Понатаму, Христијанството е најраспространетата религија. Втора е исламот, која исто се заснова на Библијата (преработена, едитирана во куран). Многу исчезнаа, некои тек ќе се родат. Христијанството постои 2000год, плус уште некоја илјада година наназад како јудејство, и плус уште наназад. А и кога ќе почнеш да живееш Христијански живот - читање на писмото, присуствување на литургии, молитви, пост, исповед, причест итн ќе се увериш дека си на вистинскиот пат.
Чаре?
--- надополнето ---
Не бе пријател, верувај си ти, јас амо уште еднаш ќе ја кажам Ничеовата напомена за магариња.Ти си посебен во очите на мајкати затоа што тоа е нејзина желба и поради ништо друго. Ама никој не ја обвинува дека не е во право. Да, христијанството е посебно само заради лична желба нечија, и што со тоа?
Што у ствари се обидуваш да докажеш?
Еве јас ќе ти одговорам (во свое име се разбира) велам да Христијанството е посебно затоа што јас така сакам. И сеа нема да те тупам да сакаш и ти исто што и јас. А ти цело време се обидуваш да покажеш дека нечија желба, како што ја нарекуваш не е во ред, и дека треба да има друга желба, односно да ВЕРУВА дека не постои господ?
Потребата да постои некои ентитет, и интензитетот на таа потреба, не е доказ за постоењето на тој ентитет...
Просто.