Дали Исус навистина воскреснал?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
DBack,

фала и слава на Боа во Висините, ама јас немам таков проблем, оти барав-и најдов! Но, за Тебе, очигледно е дека е страотен проблем да го видиш дури и она ке е ОЧИГЛЕДНО! Се чини, и за очигледните докази, Ти треба „доказ„!!!
Не, бе, Мики, доказ - ми треба да ми ја лоцираш твојата една и единствена вистинска црква на списоков од 38.000 РАЗЛИЧНИ христијанства.

Зошто ти е тоа проблем? Не ли можеш да направиш нешто такво. Би требало да ти е лесно!!! Нели е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА. Па ваљда штрчи некако над останатите 37999 ФЕЈК христијанства, нели?

--- надополнето ---

Има и ТРАГА и ГЛАС: таа ТРАГА и ГЛАС е Црквата!!! Он ја основа Својата Црква на Педесетница, во содејство со Светиот Дух! Но тоа за Тебе е НЕПОЗНАНИЦА!!!
Де, покажи ја на ова списоков обемен и сеопфатен.

ИСТАКНИ ЈА НЕФЕЈКУВАНАТА ПРЕД 37999 ФЕЈК-ХРИСТИЈАНСТВА!!!

Така ќе знаеме кое е уригинал, а кои 37999 се фејкои!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не бе чоек, за Тебе Е ПРОБЛЕМ, а јас сум дел од Црквата.
Де, покажи ја тогаш на овој СЕОПФАТЕН список на сите 38.000 РАЗЛИЧНИ христијанства.

Оти ти е тоа проблем?!?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Де, покажи ја тогаш на овој СЕОПФАТЕН список на сите 38.000 РАЗЛИЧНИ христијанства.

Оти ти е тоа проблем?!?
Не, воопшто не ми е проблем, туку проблем ми е што сакаш да ми „подметнеш„. Имено, посочената „линија„ е саде аналитичко-историски обид за омаловажување на Цквата Христова и за релативизирањена на нејсината вистина и учење, оти во Црквата и за Црквата, од Тебе посочената линија НЕМА ВАЖНОСТ. Црквата има свој континуитет од 2 000 г. и таа, вистинската Црква, не се „разграни„ туку остана онаква каква Христос ја створи. Оние кои се „разгранија„ воедно значи дека ОТПАДНАА од Вистината, како што сува грана паѓа од сочно стебло.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не, воопшто не ми е проблем, туку проблем ми е што сакаш да ми „подметнеш„. Имено, посочената „линија„ е саде аналитичко-историски обид за омаловажување на Цквата Христова и за релативизирањена на нејсината вистина и учење, оти во Црквата и за Црквата, од Тебе посочената линија НЕМА ВАЖНОСТ. Црквата има свој континуитет од 2 000 г. и таа, вистинската Црква, не се „разграни„ туку остана онаква каква Христос ја створи. Оние кои се „разгранија„ воедно значи дека ОТПАДНАА од Вистината, како што сува грана паѓа од сочно стебло.
Фер. Значи не ти е на список, а?

Дали е таа 38001?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не, тука тоа е „онаа„ која беше единствена до 1054 г, а која и ден-денес остана на онаа првата линија од приложениот цртеж, именувана како „early Christianity".
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не, тука тоа е „онаа„ која беше единствена до 1054 г, а која и ден-денес остана на онаа првата линија од приложениот цртеж, именувана како „early Christianity".
Toj "early christianity" беше мајката црква во Ерусалем која ја сочинуваа учениците и следбениците на Исуса а која по смртта на Исус ја водеше братот на Исус - Јаков. Кој подобро ги знаел учењата на Исус, неговите идеји, мисли, намери, живот... од колку оние кои беа со него и околу него кои оделе со него и го слушале. Тие негови следбеници и ученици си останале и по смртта на Исус во Јудаизмот, си се обрежувале си ги држеле старите закони, принесувале жртви и се молеле во храмот онака како што го правеле и нивните претци. Тие биле во конфликт и судир со Павле на чии учења почива денешпното христијанство. Кога Рим го разурна ерусалем исчезна и таа прва заедница на христовите следбеници и ученици и учењето на Павле кое не се слагаше со нивното остана да се шири по црквите и заедниците низ римското царство и настана новата религија - христијанство.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Toj "early christianity" беше мајката црква во Ерусалем која ја сочинуваа учениците и следбениците на Исуса а која по смртта на Исус ја водеше братот на Исус - Јаков. Кој подобро ги знаел учењата на Исус, неговите идеји, мисли, намери, живот... од колку оние кои беа со него и околу него кои оделе со него и го слушале. Тие негови следбеници и ученици си останале и по смртта на Исус во Јудаизмот, си се обрежувале си ги држеле старите закони, принесувале жртви и се молеле во храмот онака како што го правеле и нивните претци. Тие биле во конфликт и судир со Павле на чии учења почива денешпното христијанство. Кога Рим го разурна ерусалем исчезна и таа прва заедница на христовите следбеници и ученици и учењето на Павле кое не се слагаше со нивното остана да се шири по црквите и заедниците низ римското царство и настана новата религија - христијанство.
Точно така. За големата несреќа на човештвото, наречена христијанство, виновен е токму Павле.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Toj "early christianity" беше мајката црква во Ерусалем која ја сочинуваа учениците и следбениците на Исуса а која по смртта на Исус ја водеше братот на Исус - Јаков. Кој подобро ги знаел учењата на Исус, неговите идеји, мисли, намери, живот... од колку оние кои беа со него и околу него кои оделе со него и го слушале.
Во периодот кога Исус ја започнал Својата служба, апостолите биле поблиски со Исус отколку родените браќа на Исус (Јаков, Јосиф, Симон, Јуда). Тоа јасно го гледаме во следнава ситуација:

„Додека Тој (Исус) уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеа надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа;“ (Исус, ев. Матеј 12:46-49, Библијата)

Јаков веројатно станал Христов следбеник по Христовата смрт.

Тие негови следбеници и ученици си останале и по смртта на Исус во Јудаизмот, си се обрежувале си ги држеле старите закони, принесувале жртви и се молеле во храмот онака како што го правеле и нивните претци.
Во околу 50та година во Ерусалим се собрале апостолите заедно со Павле, Варнава и Јаков да дискутираат околу обрезанието т.е. дали е потребно христијаните да се обрезуваат и да го пазат Мојсеевиот закон. Читај што рекол Јаков:

„Кога тие свршија да зборуваат, проговори Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме!... Затоа сум на мислење дека не треба да ги вознемируваме оние, кои од многубошците Му се обраќаат на Бога (во контекстот под вознемирување се мисли на наложување да го носат старозаветниот јарем: да се обрежуваат, да принесуваат жртви и сл.); туку да им се напише да се воздржуваат од она, што е онечистено од идолите, од блудство, од удавено и од крв. “ (Дела на апостолите 15:13,19,20, Библијата)


Јаков се сложил со сите апостоли околу ова прашање, а заедничката одлука била:
„Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите.“ (Дела на апостолите 15:28-29, Библијата)

Тие биле во конфликт и судир со Павле на чии учења почива денешпното христијанство.
Напротив. Погледни што вели апостолот Петар за апостолот Павле:
„А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел. “
(2 писмо на апостол Петар 3:15-16, Библијата)

Очигледно апостолот Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата, го сметал Павле за возљубен брат и сите негови писма (што биле напишани до тогаш) за писма полни со мудрост.

Слично мислење имал и апостолот Павле за апостолите:

„зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи - и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа (Петар) и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните; “
(Писмото на апостол Павле до Галатјаните 2:8-9, Библијата)

Оттука гледаме дека тие не биле во судир, туку во едно братско заедништво.

Кога Рим го разурна ерусалем исчезна и таа прва заедница на христовите следбеници и ученици и учењето на Павле кое не се слагаше со нивното остана да се шири по црквите и заедниците низ римското царство и настана новата религија - христијанство.
Се надевам нема да ми замериш ако кажам дека ниту ова не е точно.
Исус благовремено им навестил на апостолите дека Ерусалим ќе биде разурнат:

„А кога ќе го видите Ерусалим дека е опколен од војски, знајте дека е близу неговото запустување. Тогаш оние, кои се во Јудеја нека бегаат во планините; а кои се во градот нека излезат надвор; а кои се во полето, нека не влегуваат во градот!“ (Исус, ев. Лука 21:20-21, Библијата)

А во друга прилика им рекол:
„ ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и се до крајот на земјата.“ (Исус, дела на апостолите 1:8, Библијата)

Овие две изјави на Исус не би имале смисла доколку Исус знаел дека Неговата мисија ќе заврши со разурнувањето на Ерусалим.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
1. Ако апостолите му биле поблиски од браќата, како тоа да на чело на ерусалемската заедница, како наследник на Исуса дојде неговиот брат - Јаков?

2. Јаков се сложил да многубошците, значи оние кои се неевреи се примат во јудаизмот но да се воздржуваат од одредени јадења. Павле тоа го погазил и проповедал дека е слободно да се јаде се.

3. Павле бил нападнат кога стигнал во Ерусалем баш заради тоа што проповедал вера различна од она која Исус ја проповедал а во негово име. За тоа морал и да се исчисти обредно во храмот а и да плати за уште двајца грешници кои немале пари за чистење и на нивните гревови. Значи бил казнет за она што го проповедал и тоа од страна на Јаков - братот на Исус и водачот на Исусовите ученици и апостоли

4. Не постои ни едно евангелие постаро од 4ти век. Онакви какви што денес ги знаеме се составени и искомпилирани во 4ти век под воддство и раководство на Константин (кој беше паган но заседаваше и преседаваше со христијанските собори и под чие претседателство исус е прогласен за бог, и донесени се канони)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Исус „знаел“ дека Ерусалим ке биде разурнат, затоа што евангелијата се напишани после разурнувањето на Ерусалим, it's simple as that.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не, тука тоа е „онаа„ која беше единствена до 1054 г, а која и ден-денес остана на онаа првата линија од приложениот цртеж, именувана како „early Christianity".
Ја па мислев дека си ПРАВОСЛАВЕН христијанин. Ти, па, си бил РАН христијанин...

Еми, по кои Цркви излаваш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ја па мислев дека си ПРАВОСЛАВЕН христијанин.
Убо си помислил...

--- надополнето ---

Ти, па, си бил РАН христијанин...
...за веднаш потоа да ја „оплескаш„....

--- надополнето ---

Еми, по кои Цркви излаваш?
Најчесто сум на служби во мојот/нашиот парохиски храм, а по прилика, посетувам и други храмови и манастири низ Скопје и низ Македонија и во околните православни земји.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Чекај бе, па ти сам кажа дека си early christian?!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чекај бе, па ти сам кажа дека си early christian?!
Не...
Јас милион пати на форумов напишав дека се исповедам за православен рисјанин, а поимот „рано христијанство„ го посочив, т.е. го препишав од приложениот сајт, ради лесна ориентација по истиот, со што сакав да го посочам континуитетот од Источната православна Црква уште од Апостолите Христови, преку Апостолското преемство на даровите од Духот Свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom