Во 1 век никој не го отварал гробот на погубениот бунтовник, пошто тој бил мртов. Зошто некој би отворал или откопувал гроб? Глупости.
Никој ги нема најдено ни коските на Клеопатра. Мора и она да воскреснала. Ни од дедо ми уште никој не ги нашол коските. И он воскресна!!!
НИТУ ЕДЕН историчар од времето на Исус НЕМА ЗАПИШАНО НИТУ ЕДНО од неговите чуда!
За докажување на обични работи потребни се обични докази.
ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ИЗВОНРЕДНИ НЕШТА ПОТРЕБНИ СЕ ИЗВОНРЕДНИ ДОКАЗИ.
За Исус магионичарот НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКОВ ДОКАЗ.
То ти је. Можат луѓе колку сакаат да си прават бајрам на умот. Тоа нема да создаде ниту најобичен доказ. Да не збориме за извонреден.
Жими се’ не сакам да го навредам ниту Чорбаџија ниту DBack, сите си имаат право на свое мислење и НИКОЈ не смее да им го ремети. Нит па сум нешто попаметен, само го кажувам тоа што го забележувам . . .DBACK, староеврејските гробници не биле како нашите. Повеќето биле издлабени во мали ритчиња (земјини испакнатини) во вид на мали соби во кои што се влегувало хоризонтално. Евреите имале обичаи да го посетуваат гробот првата недела, да влегуваат внатре и да го мачкаат со одредени масла (миро) мртвото тело. Така што за да се влезе во Христовиот гроб не морало ништо да се откопува, туку само да се помести одреден камен што служел како врата на гробот.
Второ, не е валидна споредбата со коските на Клеопатра. На никој не му било од интерес да го бара мртвото тело на Клеопатра непосредно по нејзината смрт. Едноставно немало причина некој да го проверува нејзиниот гроб за да биди дали она воскреснала, од едноставна причина што никој не ни тврдел дека Клеопатра воскреснала
Но со Исус е поинаква ситуацијата. Неколку дена по Неговата смрт се појавиле одредени луѓе кои почнале да тврдат дека Тој воскреснал, дека е жив. Понтиј Пилат го осудил Исус на смрт со цел да ги смири разбунтуваните фарисеи кои не можеле да го трпат Исус како зборува против нив и како им ги „заблудува“ верниците со своето учење. Пилат немал намера да го распне Исус, но на тоа се решил со цал да ги смири фарисеите кои сакале да го тргнат и понижат Исус, со цел да си го зачува мирот во својата покраина - значи од политички интерес.
Откако се појавиле одредени луѓе кои почнале да проповедаат дека Исус воскреснал ситуацијата гледана од перспектива на Пилат и фарисеите драстично се влошила и тоа многу повеќе отколку пред смртта на Исус, затоа што сега Исус добивал уште повеќе и поревносни следбеници кои воопшто не се покорувале на фарисејското верско учење. Тоа предизвикало одредени немири во Ерусалим и околината. Се што требало да направат римјаните и фарисеите било да го најдат Христовото тело, да го качат на еден коњ и да го прошетаат низ улиците на Ерусалим и на тој начин еднаш за секогаш уште во самиот старт ќе го загушеле Христијанското движење. Затоа тие имале добра причина и силен мотив да го најдат Христовото тело. Но не го нашле. Христос навистина воскресна!
Сега организирај се, Бог ни ги дал или природата?Светот и живото не е даден како дар, зарем вака да се однесуваме со поклоните кои ни ги дала природата!?
Запишувано е, но и тоа не е цврст доказ, од кај знаеш дека тоа што го пишува не е лага нели? Всушност тоа е најголемиот доказ кој постои - а за повеќе да имало камери и слично тогаш би можеле повеќе да праиме муабет на ова тема џабе само се ломоти овде на празно....Навистина да се запраша човек, како тоа нема никаков документ дека се случиле такви чудесии на денот на воскреснувањето.
Јас да сум бил таму и да сум го видел тоа, сигурно би го раскажал на илјадници луѓе, тие би раскажале на уште толку, па мајко му, ќе се најдеше некој да напише нешто за тоа?!
Бог не постои другарице... Да постоеше, сигурно немаше да можеш да го наречеш љубов, пошто на душа носи 2500000 (милиони се ова) ДОКУМЕНТИРАНИ злосторства, како што е читко и јасно запишано во Библијата. Некој тука очигледно треба да ја препрочита книгата внимателно.Жими се’ не сакам да го навредам ниту Чорбаџија ниту DBack, сите си имаат право на свое мислење и НИКОЈ не смее да им го ремети. Нит па сум нешто попаметен, само го кажувам тоа што го забележувам . . .
Чорбачија јас мислам дека DBack не те разбира што му зборуваш, пошо слепо се контра и нема време да размисли и за другото мислење. Но, тоа е симптом на денешницата, сите зборуваат, никој не слуша
Тие што се соменваат ќе бараат докази, тие што не веруваат ниту размислуваат на темата, а тие што веруваат немаат зборови како да ја поделат својата верба и радост
Сигурен сум во едно, Имаме среќа што Бог е полн со љубов ( толку љубов ние неможеме да замислиме - ако можевме ќе бевме божества) и не оства да си живееме, во нашите лаги, омраза и пакостење.
Ако тргнеме од човечки аспект, (набљудувајќи го човечкото оденсување и реакции), Човештвото немаше да постои ниту еден ден , пошо егото на човкот немаше да издржи (како на форумов што има многу) мајтапи, исмевања и навреди со неговото име и дело. Ако Човек беше на месото од Бог, немаше да дозволи оваа убавина што ја создал ширум планетава да се уништува, и нешто што тој го содзал (полиња, рдуници, реки, езера) некој умислен земојопосеник, газда и тн. да си зема за право да раководи со тоа парче природа (дело на Бога) - Не за нешто друго -туку тоа ќе го доживееше како лична навреда, на неговиот труд и дело, пардон интелект , но, таков е само човекот. Туку, речите Фала му на Бога, што е милостив и е Љубов, па не’ сака баш какви што сме. Ако тој може да не сакак какви што сме - тогаш негледам причина зашто ние да не се сакакме какви што сме
Бидете полни со ЉУБОВ, тоа е дар од БОГА, сакај те ги и тие што ви значат и тие што не ви значат, дури и тие што ве нервираат (за инает вратете им со љубов )
Светот и живото не е даден како дар, зарем вака да се однесуваме со поклоните кои ни ги дала природата!?
Е ова за жал е вистина - не посочувам kon никоj од овој форум но вистина колку од вас само ја имаат прочитано библијата? 90% од луѓето кој јас ги знам ја немаат прочитано а веруваат дека се христијани :S а не е само да ја прочиташ туку да ја проучуваш ако веке сакаш да одиш по христинјанскиот пат :sТажно е што христијаните не си ја знаат сопствената генеза. ...а време на интернет е и пристап до неограничени количества информации...
Мислам дека има тука еден концептуален проблем за кој можеби не си размислил:Е ова за жал е вистина - не посочувам kon никоj од овој форум но вистина колку од вас само ја имаат прочитано библијата? 90% од луѓето кој јас ги знам ја немаат прочитано а веруваат дека се христијани :S а не е само да ја прочиташ туку да ја проучуваш ако веке сакаш да одиш по христинјанскиот пат :s
А и да, како тоа толку енергија да убедуваш лугето што е што а што не е...
Ниту верниците можат со цврст доказ да докажат дека бог постои ниту пак атеистите дека бог не постои..
Освен ако одиш по Се додека не го видам тогаш не постои... за жал и стаклото се додека не било откриено за лугето не постоело но всушност и тоа постоело - затоа биди малку по толерантен, на овој свет никогаш ништо не е со сигурност точно- затоа јас секогаш го цитирам најголемиот ум на овој свет и нај јаката изрека некогаш кажана СЕ Е РЕЛАТИВНО - Алберт Анштајн. (p.s. замисли само, тој исто има кажано- Да постојат 99% докази дека не постои бог и само 1% зошто да ризикуваме )
Има едно големо недоразбирање кое се провлекува веќе 2000 години.Е ова за жал е вистина - не посочувам kon никоj од овој форум но вистина колку од вас само ја имаат прочитано библијата? 90% од луѓето кој јас ги знам ја немаат прочитано а веруваат дека се христијани :S а не е само да ја прочиташ туку да ја проучуваш ако веке сакаш да одиш по христинјанскиот пат :s
А и да, како тоа толку енергија да убедуваш лугето што е што а што не е...
Ниту верниците можат со цврст доказ да докажат дека бог постои ниту пак атеистите дека бог не постои..
Освен ако одиш по Се додека не го видам тогаш не постои... за жал и стаклото се додека не било откриено за лугето не постоело но всушност и тоа постоело - затоа биди малку по толерантен, на овој свет никогаш ништо не е со сигурност точно- затоа јас секогаш го цитирам најголемиот ум на овој свет и нај јаката изрека некогаш кажана СЕ Е РЕЛАТИВНО - Алберт Анштајн. (p.s. замисли само, тој исто има кажано- Да постојат 99% докази дека не постои бог и само 1% зошто да ризикуваме )
Мислам дека на овој подфорум, со ретки исклучоци, членовите под Бог го подразбираат јудео/христијанско/исламскиот Јахве/3xИсус/Алах Бог.Има едно големо недоразбирање кое се провлекува веќе 2000 години.
Кога ќе се рече БОГ за еден паган е тоа бестелесна универзална енергија односно космичка свест со свои закони на делување која не се меша многу во човечките судбини, за еден христијанин е тоа антропоморфно суштество со огромни и неограничени моќи, за еден муслиман е бестелесно суштество ама со разум и свест кое се меша во човечките судбини а да не го заборавиме и стариот пантеон на исто антропоморфни суштества кои менуваат облик по желба и имаат во однос на луѓето практично неограничени моќи.
Со други зборови тотална папазијанија од поими кои еден со друг немаат ама баш никаква врска и додека не се разграничат и прифатат разликите во сфаќањата за каков БОГ се мисли секој дијалог и дискусија ќе бидат како муабет на глув и слеп.
Не знам за кои четири редактирани евангелија од 5ти век зборуваш, но 4те веродостојни евангелија од 1ви век, делата на апостолите од апостолот Лука, 4те писма на апостолот Јован, 2те писма на апостолот Петар, писмата на Јуда и Јаков, 13те писма на апостолот Павле (сите овие запишани во 1от век) скоро сите овие го спомнуваат Христовото воскресение.Ниту еден текст, освен 4-те во 5 век heavily редактирани евангелија од Новиот Завет НЕ СПОМЕНУВА воскреснување...
Се е тоа во ред ама сеуште постои еден проблем. Сите примери што ги даваш се од Стариот или Новиот завет но муабетот е дали постои некој антички историчар или хроничар надвор од новиот завет кој нешто забележал и по се изгледа такво нешто не постои.Не знам за кои четири редактирани евангелија од 5ти век зборуваш, но 4те веродостојни евангелија од 1ви век, делата на апостолите од апостолот Лука, 4те писма на апостолот Јован, 2те писма на апостолот Петар, писмата на Јуда и Јаков, 13те писма на апостолот Павле (сите овие запишани во 1от век) скоро сите овие го спомнуваат Христовото воскресение.
Само за споредба:
За Галските војни Јулие Цезар пишувал 1 век пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 10!) од ова дело е најден дури 900г. по Христос.
Тетралогијата Платон ја пишувал во периодот 427-347г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 7!) е најден исто така дури по 900г. по Христос.
Тацит ги пишувал Аналите почетокот на втори век, а најраниот препис датира дури 1100г. по Христос.
Херод ја пишува неговата Историја во 480-425г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 8!) е најден 900 години по Христос.