Во 1 век никој не го отварал гробот на погубениот бунтовник, пошто тој бил мртов. Зошто некој би отворал или откопувал гроб? Глупости.
Никој ги нема најдено ни коските на Клеопатра. Мора и она да воскреснала. Ни од дедо ми уште никој не ги нашол коските. И он воскресна!!!
НИТУ ЕДЕН историчар од времето на Исус НЕМА ЗАПИШАНО НИТУ ЕДНО од неговите чуда!
За докажување на обични работи потребни се обични докази.
ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ИЗВОНРЕДНИ НЕШТА ПОТРЕБНИ СЕ ИЗВОНРЕДНИ ДОКАЗИ.
За Исус магионичарот НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКОВ ДОКАЗ.
То ти је. Можат луѓе колку сакаат да си прават бајрам на умот. Тоа нема да создаде ниту најобичен доказ. Да не збориме за извонреден.
DBACK, староеврејските гробници не биле како нашите. Повеќето биле издлабени во мали ритчиња (земјини испакнатини) во вид на мали соби во кои што се влегувало хоризонтално. Евреите имале обичаи да го посетуваат гробот првата недела, да влегуваат внатре и да го мачкаат со одредени масла (миро) мртвото тело. Така што за да се влезе во Христовиот гроб не морало ништо да се откопува, туку само да се помести одреден камен што служел како врата на гробот.
Второ, не е валидна споредбата со коските на Клеопатра. На никој не му било од интерес да го бара мртвото тело на Клеопатра непосредно по нејзината смрт. Едноставно немало причина некој да го проверува нејзиниот гроб за да биди дали она воскреснала, од едноставна причина што никој не ни тврдел дека Клеопатра воскреснала
Но со Исус е поинаква ситуацијата. Неколку дена по Неговата смрт се појавиле одредени луѓе кои почнале да тврдат дека Тој воскреснал, дека е жив. Понтиј Пилат го осудил Исус на смрт со цел да ги смири разбунтуваните фарисеи кои не можеле да го трпат Исус како зборува против нив и како им ги „заблудува“ верниците со своето учење. Пилат немал намера да го распне Исус, но на тоа се решил со цал да ги смири фарисеите кои сакале да го тргнат и понижат Исус, со цел да си го зачува мирот во својата покраина - значи од политички интерес.
Откако се појавиле одредени луѓе кои почнале да проповедаат дека Исус воскреснал ситуацијата гледана од перспектива на Пилат и фарисеите драстично се влошила и тоа многу повеќе отколку пред смртта на Исус, затоа што сега Исус добивал уште повеќе и поревносни следбеници кои воопшто не се покорувале на фарисејското верско учење. Тоа предизвикало одредени немири во Ерусалим и околината. Се што требало да направат римјаните и фарисеите било да го најдат Христовото тело, да го качат на еден коњ и да го прошетаат низ улиците на Ерусалим и на тој начин еднаш за секогаш уште во самиот старт ќе го загушеле Христијанското движење. Затоа тие имале добра причина и силен мотив да го најдат Христовото тело. Но не го нашле. Христос навистина воскресна!
Жими се’ не сакам да го навредам ниту Чорбаџија ниту DBack, сите си имаат право на свое мислење и НИКОЈ не смее да им го ремети. Нит па сум нешто попаметен, само го кажувам тоа што го забележувам . . .
Чорбачија јас мислам дека DBack не те разбира што му зборуваш, пошо слепо се контра и нема време да размисли и за другото мислење. Но, тоа е симптом на денешницата, сите зборуваат, никој не слуша
Тие што се соменваат ќе бараат докази, тие што не веруваат ниту размислуваат на темата, а тие што веруваат немаат зборови како да ја поделат својата верба и радост
Сигурен сум во едно, Имаме среќа што Бог е полн со љубов ( толку љубов ние неможеме да замислиме - ако можевме ќе бевме божества) и не оства да си живееме какви што сме, арни, лоши, смешни, убави, грди, сочувствителни, бечусвтвителни, алчни, дарежливи, . . . и во нашите лаги, омраза и пакостење на другите луѓе и природата.
Ако тргнеме од човечки аспект, (набљудувајќи го човечкото оденсување и реакции), Човештвото немаше да постои ниту еден ден
, пошо егото на човкот немаше да издржи (како на форумов што има многу) мајтапи, исмевања и навреди со неговото име и дело. Ако Човек беше на месото од Бог, немаше да дозволи оваа убавина што ја создал ширум планетава да се уништува, и нешто што тој го содзал (полиња, рдуници, реки, езера) некој умислен земојопосеник, газда и тн. да си зема за право да раководи со тоа парче природа (дело на Бога) - Не за нешто друго -туку тоа ќе го доживееше како лична навреда, на неговиот труд и дело, пардон интелект
, но, таков е само човекот. Туку, речите Фала му на Бога, што е милостив и е Љубов, па не’ сака баш какви што сме. Ако тој може да не сакак какви што сме - тогаш негледам причина зашто ние да не се сакакме какви што сме
Бидете полни со ЉУБОВ, тоа е дар од БОГА, сакај те ги и тие што ви значат и тие што не ви значат, дури и тие што ве нервираат (за инает вратете им со љубов
)
Светот и живото не е даден како дар, зарем вака да се однесуваме со поклоните кои ни ги дала природата!?