Дали Исус навистина воскреснал?

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Исто како да сум бил таму. Не се работи за рекла-казала. Има силни и веродостојни историски докази дека воскреснал. Луѓето што тврделе дека го виделе воскреснат со својата крв го потврдиле своето сведоштво за виденото. Поверодостојно сведоштво од историјата не постои. Ако не веруваш во тоа, тогаш не би требало да веруваш во ништо друго и во никој друг од постарата историја.

Ајде кажи кои се тие силни и веродостојни историски докази дека воскреснал, баш онака историски ме интересира да ми кажеш. Кажи ми ги со наслов на книга, издавач, писател, временски период, цитат.. Само не ми ја цитирај библијата, не за друго оти едно време, од некои луѓе читав дека во библијата е опишано и дека некогаш во далечно минато се симнале и вонземјани (барем така го протолкувале тоа), па со оглед на тој факт, мислам дека библијата и не ти е баш најверодостоен извор.... И второ, не ми ги цитирај гностичките списи, затоа што сеуште се во фаза на преведување бидејќи се ептен од времето уништени, а од друга страна пак до сега што е објавено за тие списи, ако не се лажам, никаде не се спомнува дека Исус воскреснал...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MEDDLE, ок не ти цитирам ниту Библија, ниту гностички списи. Кажи ми што сакаш да ти цитирам т.е. каков историски доказ би бил доволен за ти да речеш „ок, Христос навистина воскреснал“.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
MEDDLE, ок не ти цитирам ниту Библија, ниту гностички списи. Кажи ми што сакаш да ти цитирам т.е. каков историски доказ би бил доволен за ти да речеш „ок, Христос навистина воскреснал“.
Па мислам дека бев јасен во моето барање, а башка од кај па јас би знаел што да цитираш за да ми докажеш дека Исус воскреснал, кога и онака ти велам дека прашање е дали човекот воопшто постоел?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па мислам дека бев јасен во моето барање, а башка од кај па јас би знаел што да цитираш за да ми докажеш дека Исус воскреснал, кога и онака ти велам дека прашање е дали човекот воопшто постоел?
Не постои АПСОЛУТНО НИКАКОВ ИСТОРИСКИ доказ дека Исус воскреснал, дека зомби шетале низ ерусалим сред бел ден, дека од вода се десило вино, дека Исус левитирал, дека излечил лепрозни, дека со пар риби наранил пун ку*ац луѓе...

Тоа дека МОЖЕБИ постоел човек по име Исус кој дигал џева у Ерусалим и кој газдите тогашни (римјани) му го дале тоа што си го барал со боринче (казна за обид да направи преврат и да ја земе власта - распнување во друштво на неговите блиски офицери), за тоа некои историчари држат страна.

За Зомби-магионичарот Исус кој некои клети злобници на форумов го користат како пропагандна алатка за крадење пари од збунети, депримирани и разочарани луѓе - за тој Исус НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ИСТОРИСКИ ДОКАЗ.

Ниту еден. Нула.

Библијата, инаку е составена во V век. Нема НИКАКВА врска со еврејските христијански секти од први и втори век.

Светото тројство е измислица на католичката црква и е придодаден како концепт векови подоцна.

Протестантството е политичка одлука на ВЛАДЕТЕЛ (Крал) кој барал начин да зграби што е можно поголем дел од моќта на корумпираната Света Столица во Рим. Одејќи наназад, и католицизмот е исти таков производ на еден цар во паника од губење на својата политичка моќ - Цар Константин.

Сите овие институции (католицизам, протестанизам, ислам, православие...) се гнезда на гнасни манипулаторски копилиња кои имаат за единствена цел да приграбат политичка и економска моќ и да ги држат во незнаење и заблуда простиот народ.

На овој форум оперираат неколку такви гнаси. Пази се, друже. ;)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па мислам дека бев јасен во моето барање, а башка од кај па јас би знаел што да цитираш за да ми докажеш дека Исус воскреснал, кога и онака ти велам дека прашање е дали човекот воопшто постоел?
Ете видиш, токму на ова целев. Зошто бараш од мене доказ дека Исус воскреснал, кога ти ни самиот не знаеш каков доказ бараш и што и да ти наведам како доказ тебе нема да ти се допаѓа и ти нема да го вреднуваш. Го насетив тоа кај тебе и затоа те прашав каков доказ бараш, кој доказ би бил легитимен за тебе, па откако ќе се сложиме за тоа, дури тогаш да почнам да наведувам такви докази, а не вака залудно да наведувам докази.
Но како што гледам никаков доказ нема да те разубеди во твојата вера дека Исус не постоел, а со тоа ниту умрел, ниту воскреснал. Кога ќе се ослободиш од таа предрасуда, повели прашај и пак ќе правиме муабет. А до тогаш залудна е секаква дискусија со тебе. Поздрав.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Во науката нема место за предрасуди. Ниту за фантастика, каква што е приказната за Исус Христос.

За да нешто се смета за историска вистина, потребни се (1) НЕПОБИТНИ ИСТОРИСКИ АРТЕФАКТИ или (2) ИСТОРИСКИ ЗАПИСИ ОД СОВРЕМЕНИЦИ

Првото НЕ ПОСТОИ во контекст на Исус. За ова нема никакво сомневање.

За второто, би требало некој историчар, современик на Исус, да забележи некое (БИЛО КОЕ) од волшепствата кои ги измислува Библијата.

Ова е листа на ИСТОРИЧАРИ современици на Исус кои, доколку навистина постоел таков зомби-магионичар, СЕКАКО ЌЕ ОСТАВЕЛЕ БАРЕМ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗАПИС за неговите волшепства:

Alexander Lychnus
Alexander of Miletus
Alexander Polyhistor
Valerius Antias
Gaius Asinius Pollio
Lucius Cornelius Balbus
Diodorus Siculus
Dionysius of Halicarnassus
Lucius Lucceius
Gnaeus Pompeius Trogus
Posidonius
Sallust
Lucius Cornelius Sisenna
Aufidius Bassus
Dio Chrysostom
Claudius
Quintus Curtius Rufus
Fabius Rusticus
Getica (Dio)
Josephus
Justus of Tiberias
Titus Labienus
Marcus Cluvius Rufus
Valerius Maximus
Nicolaus of Damascus
Asconius Pedianus
Plutarch
Seneca the Elder
Servilius Nonianus
Thallus (historian)
Marcus Velleius Paterculus

НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ИСТОРИЧАР, современик на тнр. Исус Христос, НЕ НАШОЛ ЗА ЗНАЧАЈНО да запише НИТУ ЕДНА ОД ИЗМИСЛИЦИТЕ во Библијата.

Цитатот на Јосиф Флавиј е фалсификат и тоа е одамна познато. Ако некој тврди дека е вистинит - тој човек или е НЕПИСМЕН или е ПОКВАРЕЊАК со задна агенда.

Доказ за постоењето на Исус ХРИСТОС НЕ ПОСТОИ!
 
Браво друже! е ова е това!
Чорбаџи .. доста ај иди читај книги малку...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Ве молам не ја расипувајте темата со такви глупости. Темата овде е воскресението на Исус, а не флаерчињата што некој ги делел на плоштад. Фала на разбирањето.
tolmu taka corbadzija temata e voskresnuvanjeto na isus hristos , no ti ne mi odgovori na postavenoto prasanje zosto kako sto velis od edna strana biblijata go dokazuvaa voskresnuvanjeto a od drugaa indirektno go negira,,,
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
tolmu taka corbadzija temata e voskresnuvanjeto na isus hristos , no ti ne mi odgovori na postavenoto prasanje zosto kako sto velis od edna strana biblijata go dokazuvaa voskresnuvanjeto a od drugaa indirektno go negira,,,
Библијата никаде не го негира Христовото воскресение, туку напротив, секаде го потврдува.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ете видиш, токму на ова целев. Зошто бараш од мене доказ дека Исус воскреснал, кога ти ни самиот не знаеш каков доказ бараш и што и да ти наведам како доказ тебе нема да ти се допаѓа и ти нема да го вреднуваш. Го насетив тоа кај тебе и затоа те прашав каков доказ бараш, кој доказ би бил легитимен за тебе, па откако ќе се сложиме за тоа, дури тогаш да почнам да наведувам такви докази, а не вака залудно да наведувам докази.
Но како што гледам никаков доказ нема да те разубеди во твојата вера дека Исус не постоел, а со тоа ниту умрел, ниту воскреснал. Кога ќе се ослободиш од таа предрасуда, повели прашај и пак ќе правиме муабет. А до тогаш залудна е секаква дискусија со тебе. Поздрав.
Вака другар, прво тибараш доказ дека тој воскреснал, јас знам дека не воскреснал, мене лично за тоа не ми треба доказ, но барам од тебе доказ да ми го потврдиш фактот што ти го тврдиш за да се уверам во твојата верба, исто како што знам дека можеш на гравчиња ко од пушка да ми докажеш дека 2+2=4, али гледам дека немаш доказ, така да тоа е тоа, живеј во заблуда.
Второ, јас немам предрасуди ниту кон Исус ниту кон христијанстовто, ниту кон било која друга религија, ги прифаќам такви какви што се, и сум свесен за фактот дека нивната улога, кога требало, тие си ја завршиле, и со тоа нивната приказна е туто финито. Да имам предрасуди, јас од нив би се плашел (бидејќи тесна е врската помеѓу предрасудата и стравот, ај да не пишувам реферати за тоа, нема смисла), па со оглед на тоа дека не се плашам, немам предрасуди.

и

Трето, ти си тој што има предрасуди, па погледни ја прво сопствената полемика што ја водиш со ал-кевсер, се убедувате и двајцата, а посебно ти, во нешто што е излишно и непотребно. Во науката како што убаво ти пиша Дбек, нема место за предрасуди, а во религијата да, а зошто? затоа што религијата нема научна основа и не може да се поткрепи со цврсти факти. Според тоа, јас отворено ти кажувам дека сум атеист, па ај ако сакаш и агностик, и не подлегнувам под предрасудите што религијата во себе ги сноси. А со оглед на тоа дека ја прифаќам науката, отворен сум за секаква полемика на научна основа, а да бараш, ко што бараш факти за постоење на бог, на исус и сл исл. Тоа е безсмислено затоа што религијата не познава факти и докази, тоа е како да ти кажам, фантастика.. Уф ,, бараш нешто што не постои.. тоа ти е.. жалам... сфати ме како сакаш, ама ова најдругарски и најбратски ти го кажувам, а изборот е твој...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Библијата никаде не го негира Христовото воскресение, туку напротив, секаде го потврдува.
tiie tekstovii sto ti gi nasociv indirektno go negiraaat viskresnuvaanjeto na isus i spored moe svakanjee vi ukazuvaa deka isus nee umren nitu voskresnat. mozebi gresam, popravime.

evee ke gi zamolaam site forumdziii nekaa go razgledat dobrro ovoj bibliski tekst;

38 А Тој им рече: „Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомненија во вашите срца?
39 Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.”
40 И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41 А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: „Имате ли тука нешто за јадење?”
42 И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43 Тој го зеде и јадеше пред нив

veke kazavme vo ovoj bibliski tekst isus im objasnuva na apostolite deka ne e duh deka e istiot im dokazuva deka duhot nema koski i meso , jasno im stava do znaenje deka nee umren nitu voskresnat , zs logicno e ako voskresnal na apostolte ke im dojdel so duhovno telo ali isus spored ovoj bibliski tekst ne go napravil toaa i im dokazuvaa deka e so negovoto fizicko telo.
ovoj tekst indirektno go negira voskresnuvanjeto. jas vaka ovaa go razbiram ,, i samiot pavle vi ukazuva deka toj sto umira voskresnuva duhovno , vo slucajoov so ovoj tekst e sprotivno , ako im se pojavese duhovno togas ke se sovpadne so pavlinovitee tekstovi togas navistina ke bese voskresnat, no oviee tekstovii go negiraat voskresnuvaanjeto.

edno prasanjee do site forumdzii, sto mislite onoj koj umira pa voskresnuva i ako treba na nekogo da im soopsti nesto kako slucajov so isus i ucenicite,, dali ke im se pojavi so duhovno telo, ili so sopstvenoto fizkicko telo,?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
tiie tekstovii sto ti gi nasociv indirektno go negiraaat viskresnuvaanjeto na isus i spored moe svakanjee vi ukazuvaa deka isus nee umren nitu voskresnat. mozebi gresam, popravime.
Не можеби, туку сигурно грешиш и со задоволство ќе те поправам. Тој текст што го цитираш дирекно го потврдува Христовото воскресение. Во тој текст Исус јасно им вели на учениците да го допрат и да се уверат дека тој не е дух, ниту пак привидение, туку дека Тој е истиот Оној Исус кој беше распнат, но сега е жив т.е. дека воскреснал.

evee ke gi zamolaam site forumdziii nekaa go razgledat dobrro ovoj bibliski tekst;

38 А Тој им рече: „Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомненија во вашите срца?
39 Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.”
40 И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41 А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: „Имате ли тука нешто за јадење?”
42 И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43 Тој го зеде и јадеше пред нив
А зошто селективно и вон контекст го цитираш стиховите 38,39,40,41 и 42? Кога би продолжил да читаш само четири стиха понатаму пишува:

„и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден, “
(Исус Христос, ев. Лука 24:46, Библијата)

edno prasanjee do site forumdzii, sto mislite onoj koj umira pa voskresnuva i ako treba na nekogo da im soopsti nesto kako slucajov so isus i ucenicite,, dali ke im se pojavi so duhovno telo, ili so sopstvenoto fizkicko telo,?
Исус се појавил со своето духовно физичко тело. Тоа значи дека Исус не се појавил како дух, ниту како физичко тело, туку со духовно тело.
Духовното тело за кое што пишува апостолот Павле е тело кое е водено од духот, а не од похотите и страстите на старото грешно тело.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Мислам дека не.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Ете видиш, токму на ова целев. Зошто бараш од мене доказ дека Исус воскреснал, кога ти ни самиот не знаеш каков доказ бараш и што и да ти наведам како доказ тебе нема да ти се допаѓа и ти нема да го вреднуваш. Го насетив тоа кај тебе и затоа те прашав каков доказ бараш, кој доказ би бил легитимен за тебе, па откако ќе се сложиме за тоа, дури тогаш да почнам да наведувам такви докази, а не вака залудно да наведувам докази.
Но како што гледам никаков доказ нема да те разубеди во твојата вера дека Исус не постоел, а со тоа ниту умрел, ниту воскреснал. Кога ќе се ослободиш од таа предрасуда, повели прашај и пак ќе правиме муабет. А до тогаш залудна е секаква дискусија со тебе. Поздрав.
Ти бараат цврст несоборлив факт кој знаат дека не постои, како на пример коските од исус кои и да некогаш навистина бидат најдени, никогаш со 100% сигурност неможе да се констатира дека тоа бил исус. То је то.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Nuke, ако некој ги најде коските на Исус, тоа ќе биде доказ дека Исус не воскреснал. Но сепак никој до сега не излегол со таков доказ. Ниту денес, а што е уште поважно, ниту тогаш во 1ви век кога римјаните и фарисеите упорно го барале Христовото тело. Но не можеле да го најдат. Христовиот гроб останал празен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom