Дали Исус навистина воскреснал?

debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Значи да образложам. Јас религијата ја гледам како насока што е правилно во животот. Христијанството го прифаќам како моја религија бидејќи тоа не учи да бидеме отворени према светот. Да прифаќаме и да сакаме. Не учи што е лошо да се прави (кражба, наштетувања, лажење итн итн). Не учи секогаш да имаме надеж. Во својата основа не не учи на насилство. Постојат повеќе религии кои не учат на различни работи но христијанството е една од оние кои ни дава најголема слобода и која е најотворена. Да, роден сум како македонец и како православен христијанин. Но, не ги поистоветувам двата поима. Православен сум бидејќи ете сум израснал во таква средина. Да сум израснал во католичка средина сигурно би бил католик. А за тоа дека не верувам дека Исус воскреснал. Па... како што реков. Јас не верувам во религијата во стилот дека има некое суштество кое е семоќно и не верувам во прикаските. Верувам во тоа што не учи како насоки во животот и верувам во надежта што им ја дава на оние на кои таа им е потребна. Дали сега ти е појасно што мислам?
Da te razbrav... No, sepak verata e nesto sto dava nadez za ovoj svet ama uste poveke za vecen zivot... :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Debi777, aj sega potrudi se, bez quotations, da obrazlozis zosto mora da se veruva vo belokoso maze ili egipetski magionicar i zdrebadzija za da se zivee doblesno, pravilno, soglasno naravta na prirodata?

I kakva vrska ima blagonadezievo koe go propovedate so temata?

Pls, so vnimatelni zborovi bez scriptures.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не се ближи. Се лаже. Дрско.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Исус Христос воскресна од мртвите. Тој, во петок, пред еврејската Пасха, беше осуден на смрт со распнување на крст. Пресудата ја донесоа еврејските првосвештеници и фарисеите, а ја изврши римскиот управител Понтиј Пилат. За смртта на Исус има многубројни писмени записи. Па дури има запис во кој се вели дека фарисеите и првосвештениците од Пилат барале посебна стража да го чува гробот, за да не го украдат учениците Исусови. Тоа им било одобрено и била поставена стража. На третиот ден, во недела наутро, првиот ден после еврејската Пасха, кога некои жени отишле на гробот на Исус да го помажат со масти, каков што бил обичајот, гробот го наоѓат празен, а Ангел им објавува: зошто го барете Живиот меѓу мртвите? Овој доказ можеме да го земаме и под знак прашалник за оние кои не се христијани. Но што со овие докази. Истиот ден, недела, Исус патува околу 12 км. со двојца свои ученици кои оделе за Емаус. Потоа се среќава со единаесетте апостоли. Влегува кај нив и разговара. Тоа се случува повеќе пати. Не се објавува само на еден, туку на повеќе одеднаш. Исто така се има објавено и на околу 500 луѓе. Сето тоа е запишано од повеќе луѓе. Некои биле и директни сведоци на средбата со Исус, кој умрел на Велики Петок, а сега е жив.
Ако Христос не воскреснеше од мртвите, залудна ќе беше нашата вера. Но Христос воскресна од мртвите. Тој беше мртов и погребен. Отиде кај мртвите и со смртта се сретна. Смртта не е мисловна именка која означува одреден чин. ТАА Е ЧИН. И Исус ја победи смртта со смрт. Ја одзеде власта што ја имаше смртта. Сега, бидејќи Тој е Господар на животот и смртта, секој кој ќе поверува во Него, може да се спаси од смртта, може да биде наследник обеќањата.
Воскресението е толку силно, што го исполнува човека и тој веќе не живее за себе, туку за Оној кој умре и воскресна. Воскресението ни дава сила да живееме во вој свет со сите проблеми и напади кои се вршат врз христијаните. Никаде нема исклучок, христијанинот секаде е прогонуван, напаѓан и исмејуван. Но, ако не посоти Јуда, ако не постои предавник на Христос, можно е да се возгордееме. Затоа предавниците Христови се тука околу нас, да не напаѓат, да не омаловажуват, да не измејуват, но затоа пак нашата вера во Христа се зацврстува. Христос, умре на крстот на Велики Петок и на третиот ден воскресна од мртвите.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исус Христос воскресна од мртвите. Тој, во петок, пред еврејската Пасха, беше осуден на смрт со распнување на крст. Пресудата ја донесоа еврејските првосвештеници и фарисеите, а ја изврши римскиот управител Понтиј Пилат. За смртта на Исус има многубројни писмени записи. ....
1. Исус не воскреснал. Приказната за воскресението е алегорија. Нема никаква реална тежина.

2. Пилат не извршил таква пресуда, пошто ниту еден историски документ не го спомнува тоа.

3. Освен во Библијата и апокрифните евангелија, за Исус НЕМА НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗАПИС. Не постои НИТУ ЕДЕН историски документ кој гопотврдува постоењето, магионичарствувањето, распнувањето и следственото зомбирање на Исус. НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.

А ти, Јоан, можешколку сакаш да се фураш. Тоа нема да ја смени реалноста.

Околу прогонот на христијаните ширум светот: Ја не знам у кој свет ти живееш, ама христијаните се тие кои историски ги правеле прогоните. Христијанството има најкрвави раце од сите религии во моментов. Исламот не ни почнал да се доближува до масовните злостори кои христијаните ги вршат уште од 5 век.

...а ти слободно праи си Бајрам на умот уочи Велигден...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Исус не воскреснал. Приказната за воскресението е алегорија. Нема никаква реална тежина.
Исус воскреснал. Тоа е вистински историски настан која стави точка пресвртница во целата историја и секако дека има голема реална тежина.

2. Пилат не извршил таква пресуда, пошто ниту еден историски документ не го спомнува тоа.
„Името христијанин доаѓа од Христос, кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на "болеста", туку дури до Рим...“ (историчарот Тацит, Анали 15:44)

3. Освен во Библијата и апокрифните евангелија, за Исус НЕМА НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗАПИС. Не постои НИТУ ЕДЕН историски документ кој гопотврдува постоењето, магионичарствувањето, распнувањето и следственото зомбирање на Исус. НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.
Исус се спомнува и во списите на:
Јосиф Флавије
Тацит
Плиниј Помладиот
Светониј
Луциан
Целзо (цитиран од Ориген) <-- овој антихристијанин фрла дрва и камења по Исус, но не остава ни трага сомнеж за Неговото историско постоење :)
Марко Аурелије
Галениј
Дидахето
Псевдо-Тома
Мара Бар Серапион
Климент
Пастирот од Хермас
Игнатиј
Поликарп
Папиј
Маркион
Јустин Исповедник
Диатесаронот
Муратовиот Канон
Талмудот
и други од 1 и 2 век.

Новозаветните документи содржани во Библијата и останатите христијански списи (со исклучок на апокрифните фалсификати) се високо веродостојни историски записи за животот, делата, учењето, смртта и воскресението на Исус Христос. Впрочем тие и затоа се нашле во кориците на Библијата, како најверодостојни, најрани и најобемни историски извори за Исус Христос. Тука спаѓаат:

Евангелието по Матеј
Евангелието по Марко
Евангелието по Јован
Евангелието по Лука
Делата на апостолите
Писмото на апостол Павле до христијаните во Рим
Писмото на апостол Павле до христијаните во Галатија
Двете писма на апостол Павле до христијаните во Коринт
Двете писма на апостол Павле до христијаните во Солун
Писмото на апостол Павле до христијаните во Ефес
Писмото на апостол Павле до христијаните во Колос
Писмото на апостол Павле до христијаните во Филипи
Двете писма на апостол Павле до неговиот ученик Тимотеј
Писмото на апостол Павле до неговиот ученик Тит
Двете писма на апостолот Петар
Трите писма на апостолот Јован
Писмото на апостолот Јуда
Откровението на апостол Јован
Овие се сигурно од 1 век.

Околу прогонот на христијаните ширум светот: Ја не знам у кој свет ти живееш, ама христијаните се тие кои историски ги правеле прогоните.
ЈАс не знам дали ти си бегал од часовите по историја или нешто глумиш. И најзакоравените атеистички историчари не негираат дека христијаните биле прогонувани до 4 век, поточно до Миланскиот едикт во 312 година кога императорот Константин го прогласил христијанството за легална религија во Римската империја. Земи читај малку за гладијаторските забави на императорот Нерон кој ги облекувал христијаните во јагнешки кожи и ги фрлал во арени да бидат распарчени од гладни лавови и сл ѕверови. Земи читај за Диоклецијан, Трајан, Адријан, Антониј Пиј итн. сите овие императори ги прогонувале христијаните, ги палеле на калди, ги распнувале, ги беселе, ги обезглавувале и сл. Нерон откако го запалил Рим ги наклеветил христијаните дека тие го запалиле Рим (а уствари тој го запаили за да има изговор потоа да си го обнови по своја мерка), за потоа ѕверски да им се нафрли на христијаните. Сепак никој од нив не успеал да им ја затвори устата да зборуваат за она што со свои очи го виделе - воскреснатиот Христос!
Доказите се изобилни. Се што треба е човек да се ослободи од предрасудите и објективно да ги испита доказите.

Повелете на Велигденска кафе дискусија да разговараме на овие теми:
http://www.facebook.com/event.php?eid=196900560346747
 
V

Vollstandig

Гостин
И Исус ја победи смртта со смрт. Ја одзеде власта што ја имаше смртта. Сега, бидејќи Тој е Господар на животот и смртта, секој кој ќе поверува во Него, може да се спаси од смртта, може да биде наследник обеќањата

Поверувале многу луѓе во исус, и ај кажи кој се спасил од нив од смртта??
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исус воскреснал. Тоа е вистински историски настан која стави точка пресвртница во целата историја и секако дека има голема реална тежина.
Редење имиња НЕ Е ДОКАЗ. Ако навистина е спомнат - покажи цитати. Кои не постојат, нели. ИСУС не се спомнува во НИТУ ЕДНО ИСТОРИСКО ДЕЛО! Само во евангелијата. Останатите споменувања немаат НИКАКВА ВРСКА со Исус од Библијата. И ти тоа ДОБРО го знаеш.

Ако читаш внимателно, што можеш, ама не сакаш, пошто не ти одговара, ќе прочиташе дека христијанството е гадно од 5 век. Јас тоа јасно го напишав. Ти се правиш слеп при очи.

Воскресението на Исус е преземено од еѓипјаните. Ништо оригинално или посебно.

остајј што немало воскреснување, туку немало ни зомби кои шетаат сред бел ден низ Ерусалим, пошто ТАКВО НЕШТО сигурно ќе било запишано од некој историчар.

Не е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мене навистина не ми е јасно. Зарем на христијаните кои веруваат во воскресниоето не име МНОГУ чудно што Исус бил роден на 25 Декември, БАШ на денот кога од перспектива на западната хемисфера денот е најкраток и од таа дата денот почнува да се зголемува?

И не ви е уште почудно дека воскреснувањето на Исус се слави на денот кога од перспектива на западната хемисфера должината на денот во донос на ноќта е најголема?

Размислете, колкава е веројатноста било кој да се роди БАШ на таа дата, и да воскресне БАШ на оваа другата дата. И гледај чудо, плус да биде оснувач на религија...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
1. Исус не воскреснал. Приказната за воскресението е алегорија. Нема никаква реална тежина.

2. Пилат не извршил таква пресуда, пошто ниту еден историски документ не го спомнува тоа.

3. Освен во Библијата и апокрифните евангелија, за Исус НЕМА НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗАПИС. Не постои НИТУ ЕДЕН историски документ кој гопотврдува постоењето, магионичарствувањето, распнувањето и следственото зомбирање на Исус. НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.

А ти, Јоан, можешколку сакаш да се фураш. Тоа нема да ја смени реалноста.

Околу прогонот на христијаните ширум светот: Ја не знам у кој свет ти живееш, ама христијаните се тие кои историски ги правеле прогоните. Христијанството има најкрвави раце од сите религии во моментов. Исламот не ни почнал да се доближува до масовните злостори кои христијаните ги вршат уште од 5 век.

...а ти слободно праи си Бајрам на умот уочи Велигден...
Не го прочита целиот текст. Можеби не ти се допаѓа, но е вистинит. Ќе те потсетам на делот: СЕКОГАШ ПОСТОИ ЈУДА ПРЕДАВНИК. Јуда кој го издава на Христос за некои си бедни пари. И многу е лесно да се биде Јуда. Секаде околу нас има Јуди предавници, кои за пари, за слава, од горделивост, од глупост, го предаваат Христос.
Така да твојота задача во потполност ја исполнуваш.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Размислете, колкава е веројатноста било кој да се роди БАШ на таа дата, и да воскресне БАШ на оваа другата дата.
Ајде сега, напни го тоа јаааакиот И-КУ и дај ни статисктички „вистини„ кои ќе ни ја „докажат„ таа веројатност...Разбираш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ајде сега, напни го тоа јаааакиот И-КУ и дај ни статисктички „вистини„ кои ќе ни ја „докажат„ таа веројатност...Разбираш.
Мики, јас разбвирам, но ти за жал не разбираш.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Kajgana Shop

На врв Bottom