1. Исус не воскреснал. Приказната за воскресението е алегорија. Нема никаква реална тежина.
Исус воскреснал. Тоа е вистински историски настан која стави точка пресвртница во целата историја и секако дека има голема реална тежина.
2. Пилат не извршил таква пресуда, пошто ниту еден историски документ не го спомнува тоа.
„Името христијанин доаѓа од Христос,
кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на "болеста", туку дури до Рим...“ (
историчарот Тацит, Анали 15:44)
3. Освен во Библијата и апокрифните евангелија, за Исус НЕМА НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗАПИС. Не постои НИТУ ЕДЕН историски документ кој гопотврдува постоењето, магионичарствувањето, распнувањето и следственото зомбирање на Исус. НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН.
Исус се спомнува и во списите на:
Јосиф Флавије
Тацит
Плиниј Помладиот
Светониј
Луциан
Целзо (цитиран од Ориген) <-- овој антихристијанин фрла дрва и камења по Исус, но не остава ни трага сомнеж за Неговото историско постоење
Марко Аурелије
Галениј
Дидахето
Псевдо-Тома
Мара Бар Серапион
Климент
Пастирот од Хермас
Игнатиј
Поликарп
Папиј
Маркион
Јустин Исповедник
Диатесаронот
Муратовиот Канон
Талмудот
и други од 1 и 2 век.
Новозаветните документи содржани во Библијата и останатите христијански списи (со исклучок на апокрифните фалсификати) се високо веродостојни историски записи за животот, делата, учењето, смртта и воскресението на Исус Христос. Впрочем тие и затоа се нашле во кориците на Библијата, како најверодостојни, најрани и најобемни историски извори за Исус Христос. Тука спаѓаат:
Евангелието по Матеј
Евангелието по Марко
Евангелието по Јован
Евангелието по Лука
Делата на апостолите
Писмото на апостол Павле до христијаните во Рим
Писмото на апостол Павле до христијаните во Галатија
Двете писма на апостол Павле до христијаните во Коринт
Двете писма на апостол Павле до христијаните во Солун
Писмото на апостол Павле до христијаните во Ефес
Писмото на апостол Павле до христијаните во Колос
Писмото на апостол Павле до христијаните во Филипи
Двете писма на апостол Павле до неговиот ученик Тимотеј
Писмото на апостол Павле до неговиот ученик Тит
Двете писма на апостолот Петар
Трите писма на апостолот Јован
Писмото на апостолот Јуда
Откровението на апостол Јован
Овие се сигурно од 1 век.
Околу прогонот на христијаните ширум светот: Ја не знам у кој свет ти живееш, ама христијаните се тие кои историски ги правеле прогоните.
ЈАс не знам дали ти си бегал од часовите по историја или нешто глумиш. И најзакоравените атеистички историчари не негираат дека христијаните биле прогонувани до 4 век, поточно до Миланскиот едикт во 312 година кога императорот Константин го прогласил христијанството за легална религија во Римската империја. Земи читај малку за гладијаторските забави на императорот Нерон кој ги облекувал христијаните во јагнешки кожи и ги фрлал во арени да бидат распарчени од гладни лавови и сл ѕверови. Земи читај за Диоклецијан, Трајан, Адријан, Антониј Пиј итн. сите овие императори ги прогонувале христијаните, ги палеле на калди, ги распнувале, ги беселе, ги обезглавувале и сл. Нерон откако го запалил Рим ги наклеветил христијаните дека тие го запалиле Рим (а уствари тој го запаили за да има изговор потоа да си го обнови по своја мерка), за потоа ѕверски да им се нафрли на христијаните. Сепак никој од нив не успеал да им ја затвори устата да зборуваат за она што со свои очи го виделе -
воскреснатиот Христос!
Доказите се изобилни. Се што треба е човек да се ослободи од предрасудите и објективно да ги испита доказите.
Повелете на Велигденска кафе дискусија да разговараме на овие теми:
http://www.facebook.com/event.php?eid=196900560346747