Предизборен молк во Грција, ПАСОК во предност

M

marsovka

Гостин
Опозициското Сегрчко социјалистичко движење ПАСОК на Јоргос Папандреу е голем фаворит на утрешните вонредни парламентарни во Грција.
Папандреу на последните митинзи побара од гласачите поддршка за стабилно мнозинство за да може идната Влада да ги смени работите во земјата во полза на нејзините граѓани.
Понуди економски развој, намалување на невработеноста, поправеден даночен систем
Економската криза, серијата корупциски скандали и непопуларните реформи влијаеа врз популарноста на премиерот Костас Караманлис и неговата Неа демократија.
Подготвеноста на Грција за промена на власта е веќе лесно видлива и според бројот на симпатизерите на синоќешниот завршен митинг на Караманлис во центарот на Атина, кој невообичаено траеше само околу половина час.



Ден пред тоа Атина беше во знакот на зелените знамиња на ПАСОК.
Анкетите, кои инаку во грчките медиуми не смеа да се објавуваат 15 дена пред гласањето, сега покажуваат дека Јоргос Папандреу и ПАСОК имаат убедлива предност.
45% од Грците кажале дека ќе гласаат за ПАСОК, 35,5% за Неа демократија. Овие проценти значат дека ПАСОК ќе има 155 од вкупно 300 пратенички места во грчкиот Парламент.


Ривалството на двете најголеми политички партии во Грција истовремено е и ривалство на две големи политички династии во земјата. Семејствата Папандреу и Караманлис.
Дедото и таткото на сегашниот лидер на опозицијата, 57-годишниот Јоргос Папандреу, се меѓу основачите на Сегрчкото социјалистичко движење.


Таткото Андреас Папандреу долго време беше на чело на грчката Влада. Роден е во САД, се школувал во Стокхолм и на Харвард.
Во политиката влегува како министер за надворешни работи во владата Костас Симитис во 2000 година.
53-годишниот Костас Караманлис припаѓа на другата политичка династија. Тој е внук на поранешниот грчки претседател и премиер Костантинос Караманлис.


Костас Караманлис е најмладиот премиер во Грција по Втората светска војна. Важи за голем оратор и ужива голема лична популарност кај Грците.
Два пати победуваше на парламентарните избори во 2004 и 2007 година, кога побара и доби поддршка од Грците за неопходните реформи.


На надворешно политички план, всушност нема големи разлики во позициите на Социјалистите и Конзервативците. Кипар и Турција се главните проблеми. Спорот за името со Македонија доби малку простор во кампањата.
Папандреу всушност на неколку последни митинзи воопшто не го ни спомена. Неспорно е меѓутоа дека сите политички партии имаат консензус околу грчката позиција во спорот. Без оглед на можниот поинаков пристап во преговорите, Папандреу веќе упати јасна порака - компромисното име да биде за целосна употреба, тоа е црвената линија.
Во Атина речиси никаде не можете да ги сретнете рекламните паноа на ПАСОК со ликот на Папандреу, но затоа ликот на Караманлис можете да го сретнете насекаде.
Од останатите политички партии, тука се рекламните пораки на Комунистите - третата најсилна партија во земјата.
Место во Парламентот ќе обезбедат десните националисти од Лаос на Кара Џаферис и радикалната левица. Од останатите 23 политички партии кои учествуваат на изборите, шанса за влез во Парламентот имаат единствено екологистите.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114506

А пасок беа радикалните десничари или?:nesum:
 
S

smart ass

Гостин
ма пасок не се вистинските социјалисти кои патем и се на страната на вистината,но верувам дека ќе имаат помек Став а и таа ројката бакојани да ја нема веќе....досадна е ќаќо пијавица е само туку се лепи по ова лидериве во светот.

ако и во грција има интелектуалци кои ја знаат вистината верувам ПАСОК нема да биде толку радикален..

нека не заборават левичарите во ДАГ колку македонци имало.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Eпа се курчеше караманлис на Македонија, и пркосеше на САД....што мислеше тој?

Ете му направиеја предвремени...ќе си го сменат фино-лепо...па сите среќни -весели !
 
?

..........

Гостин
Македонците имаат партија мислам во грција .....што направија како стојат работите знае некој?
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Којзнае дали им имаат дозволено "јужниве" на Виножито да учествуваат на избори..
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
па нормално дека имаме "виножито" се вика со многу добар претседател Павле Воскопулос што им оди на нерви на сите грчишта таму настапуваат самостојно на избори а шо ќе направат ќе видиме дали ќе се зголеми бројот на нашиве шо ќе гласаат за "виножито"
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Воскополус е вистински Мандела за Македонците во егејскиот дел од Македонија. :smir:
 
?

..........

Гостин
па нормално дека имаме "виножито" се вика со многу добар претседател Павле Воскопулос што им оди на нерви на сите грчишта таму настапуваат самостојно на избори а шо ќе направат ќе видиме дали ќе се зголеми бројот на нашиве шо ќе гласаат за "виножито"
Па тоа и ме интересира колку гласови собира виножито:helou:
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Па тоа и ме интересира колку гласови собира виножито:helou:
па малку гласови собираат во споредба со тоа колку македонци има таму кои што не го искажуваат својот идентитет и незнам од кои причини и не гласаат за виножито,затоа викам се надевам шо повеќе ќе се освестат сега и ќе гласаат
околу 6-7илјади гласови имаат добиено на последните избори
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
ма пасок не се вистинските социјалисти кои патем и се на страната на вистината,но верувам дека ќе имаат помек Став а и таа ројката бакојани да ја нема веќе....досадна е ќаќо пијавица е само туку се лепи по ова лидериве во светот.

ако и во грција има интелектуалци кои ја знаат вистината верувам ПАСОК нема да биде толку радикален..

нека не заборават левичарите во ДАГ колку македонци имало.
Koj ne ja znae vistinata (?) No vistinata deneshno vreme,za zal, ne vredi mnogu.
Eve,procitavte za onoj poljakot (barem po prezimeto mi ostavi takov vpecatok) vo germanija?
veli: „
„Александар всушност бил Грк и во никој случај не може да биде предок на денешните Славо Македонци“, изјави директорот на Музејот Алфред Вицзорек.
zatoa shto-VNIMANIE,VNIMANIE!!:Најновите откритија јасно докажуваат дека Македонците и Грците од ерата на Александар биле тесно поврзани. Македонците и Грците се разбираат бидејќи говорат ист јазик“, изјави Вицзорек"
Direktor na muzej eeeeej!!
Znam mali deca ke mu rasturat toa "dokazite" :vozbud:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Корегирајте ме ако сум грешка, но нели ПАСОК ги организираше масовните протести во Солун, и нели истата таа политичка партија (ПАСОК) беше најголемиот противник на тоа Македонија да го задржи своето старо знаме, и беше противник на тоа да биде примена во ОН под уставното име?
Што се однесува до изборите, повеќе од јасно е зошто Караманлис ги организираше овие избори, сигурно дека не ги организираше овие предвремени избори поради Македонија, туку поради безбројните скандали што се случија во неговата земја, вклучувајќи ги и пожарите.„Народот бара само да не биде угнетуван“ - Николо Макијавели
А ако ПАСОК ги добие изборите, и продолжи да ги следи стапките на Караманлис, тогаш на Грција не и бега уште поголем хаос.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Koj ne ja znae vistinata (?) No vistinata deneshno vreme,za zal, ne vredi mnogu.
Eve,procitavte za onoj poljakot (barem po prezimeto mi ostavi takov vpecatok) vo germanija?
veli: „ Најновите откритија јасно докажуваат дека Македонците и Грците од ерата на Александар биле тесно поврзани. Македонците и Грците се разбираат бидејќи говорат ист јазик“, изјави Вицзорек"
Direktor na muzej eeeeej!!
Znam mali deca ke mu rasturat toa "dokazite" :vozbud:
па добро презимето му е такво да кажува вицеви:pos2:
 
M

marsovka

Гостин
Корегирајте ме ако сум грешка, но нели ПАСОК ги организираше масовните протести во Солун, и нели истата таа политичка партија (ПАСОК) беше најголемиот противник на тоа Македонија да го задржи своето старо знаме, и беше противник на тоа да биде примена во ОН под уставното име?
Што се однесува до изборите, повеќе од јасно е зошто Караманлис ги организираше овие избори, сигурно дека не ги организираше овие предвремени избори поради Македонија, туку поради безбројните скандали што се случија во неговата земја, вклучувајќи ги и пожарите.„Народот бара само да не биде угнетуван“ - Николо Макијавели
А ако ПАСОК ги добие изборите, и продолжи да ги следи стапките на Караманлис, тогаш на Грција не и бега уште поголем хаос.
затоа прашував дали тоа беа ултра десничарите со сулуди идеи и изјави, откопани од некоја нацистичка книга од почетокот на 20 век.
Али ако победат се тие и победат значи грчкиов народ е ептен глуп и сам себе се закопува :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom