Со победата на пасок ништо нема да се смени за македонското малцинство во грција, вели павле Васкопулос од партијата Виножито.
Сепак, мала надеж е што владата на Папандреу има комотно мнозинство во Парламентот и може да ја смени политиката кон малцинствата без поголеми последици.
„Кога станува збор за македонското прашање, знаме многу добро дека постои консензус во Грција. Има анти-македонска политика. Ако човек гледа во минатото, владата на ПАСОК беше таа што имплементираше ембарго 95-та година, против Република Македонија. Од друга страна има притисок и од меѓународниот фактор“, изјави Павле Васкопулос од Виножито.