Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.442
Почитувани,
Ви пишувам во име на целото мое семејство и во име на огромен број на револтирани граѓани од поставувањето на зонско паркирање во близина на ТЦ Бисер.
Поводот се лагите кажани при промовирање на зонското паркирање околу ТЦ Бисер, како и условите кои ни се наметнуваат.
Намерно или ненамерно беше испуштено дека условот за добивање на месечен станарски билет не е само сопствеништво на простор во тој реон или договор за закуп или каков и да е престој, туку треба сообраќајната дозвола да биде баш на адреса во тој реон.
Што е со случаите на:
- Кираџии
- Граѓани кои се водат на друга адреса, а се сопственици на простор
- Вработени во околните фирми
- Граѓани кои користат или живеат во тој простор, а сопственици се нивните родители, баби/дедовци, браќа/сестри...
- и еден куп други ситуации.
Дали на сите овие граѓани им е забранет престој во својот сопствен простор, односно работно место? Што е со дуќанџиите од околина и загарантираниот пад на бројот на клиенти, а со тоа и на платите на вработените, па дури и намалување на работните места?
Свесни ли се дека поради „високиот“ стандард во еден стан може да живеат и по 2-3 фамилии (на пример двајца браќа и родители)? Колку треба они да ви даваат месечно за паркинг? Па ако имаа тоа да го платат секој месец, веројатно ќе се снајдеа некако и немаше да живеат сите заедно во 70 квадрати.
Да, претходно имаше гужва. Но барем имаше паркинг. Сега за да можам на раат да паркирам во близина на сопствениот простор, морам да си ја дадам пола плата.
Максимално револтиран,
Игор Штербински
Виа Кајгана
Ваши искуства и маки поврзани со Зонското паркирање?