Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Почитувани,

Ви пишувам во име на целото мое семејство и во име на огромен број на револтирани граѓани од поставувањето на зонско паркирање во близина на ТЦ Бисер.

Поводот се лагите кажани при промовирање на зонското паркирање околу ТЦ Бисер, како и условите кои ни се наметнуваат.
Намерно или ненамерно беше испуштено дека условот за добивање на месечен станарски билет не е само сопствеништво на простор во тој реон или договор за закуп или каков и да е престој, туку треба сообраќајната дозвола да биде баш на адреса во тој реон.

Што е со случаите на:
- Кираџии
- Граѓани кои се водат на друга адреса, а се сопственици на простор
- Вработени во околните фирми
- Граѓани кои користат или живеат во тој простор, а сопственици се нивните родители, баби/дедовци, браќа/сестри...
- и еден куп други ситуации.

Дали на сите овие граѓани им е забранет престој во својот сопствен простор, односно работно место? Што е со дуќанџиите од околина и загарантираниот пад на бројот на клиенти, а со тоа и на платите на вработените, па дури и намалување на работните места?

Свесни ли се дека поради „високиот“ стандард во еден стан може да живеат и по 2-3 фамилии (на пример двајца браќа и родители)? Колку треба они да ви даваат месечно за паркинг? Па ако имаа тоа да го платат секој месец, веројатно ќе се снајдеа некако и немаше да живеат сите заедно во 70 квадрати.
Да, претходно имаше гужва. Но барем имаше паркинг. Сега за да можам на раат да паркирам во близина на сопствениот простор, морам да си ја дадам пола плата.

Максимално револтиран,
Игор Штербински

Виа Кајгана


Ваши искуства и маки поврзани со Зонското паркирање?
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Јас живеам позади бисер ... цел паркинг кај зградите околу бисер од сите можни страни го напраија зонско паркиралиште ...

јас не му ја мислам зошто имам гаража позади бисер во подземните :smir:

иначе сите луѓе што живеат досега си паркираа без проблем а сега ќе треба да плаќаат ... а што ќе праат они со тие пари од паркирањето ? ќе ги штекаат сигурно у џеб нема ништо да придонесат :vozbud:
 

clip87

Mivec fq400
Член од
27 септември 2008
Мислења
67
Поени од реакции
0
trebase uste mnogu odamna da go donesat ova resenie za zonsko parkiranje...i ja podrzuvam ovaa odluka poradi toa sto lugeto koj imaat koli i nad 20 000 evra sakaat da se parkiraat kaj so ke im tekne samo da ne bide na parking na koj se naplaka...i kako sto znam sto se odnesuva za stanarite cenata za parking prostorot koja se plaka mesecno se smesni 200 denari...znaci ako imas kola mozes da dades i 200 den za cel mesec parking odnosno 6.6 denari na den.e sega barem gradot ke ima kjar so ovie parkiranja i ke moze da investira vo patna infrastruktura,soobrakajni studii itn...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
trebase uste mnogu odamna da go donesat ova resenie za zonsko parkiranje...i ja podrzuvam ovaa odluka poradi toa sto lugeto koj imaat koli i nad 20 000 evra sakaat da se parkiraat kaj so ke im tekne samo da ne bide na parking na koj se naplaka
А што е со оние што не возат коли од 20.000 евра?
Зонското паркирање не е измислено за оние кои имаат коли над 20.000 евра, или е? Паркинг ко паркинг, нормално е да се плаќа. И тоа е се океј, никој не се буни за тоа но, проблемот следи подоле...


...i kako sto znam sto se odnesuva za stanarite cenata za parking prostorot koja se plaka mesecno se smesni 200 denari...znaci ako imas kola mozes da dades i 200 den za cel mesec parking odnosno 6.6 denari na den.e sega barem gradot ke ima kjar so ovie parkiranja i ke moze da investira vo patna infrastruktura,soobrakajni studii itn...
Ете, дечкото што го напишал писмото го пишал затоа што е револтиран и вели:

Поводот се лагите кажани при промовирање на зонското паркирање околу ТЦ Бисер, како и условите кои ни се наметнуваат.
Намерно или ненамерно беше испуштено дека условот за добивање на месечен станарски билет не е само сопствеништво на простор во тој реон или договор за закуп или каков и да е престој, туку треба сообраќајната дозвола да биде баш на адреса во тој реон.

Што е со случаите на:
- Кираџии
- Граѓани кои се водат на друга адреса, а се сопственици на простор
- Вработени во околните фирми
- Граѓани кои користат или живеат во тој простор, а сопственици се нивните родители, баби/дедовци, браќа/сестри...
- и еден куп други ситуации.
 

clip87

Mivec fq400
Член од
27 септември 2008
Мислења
67
Поени од реакции
0
А што е со оние што не возат коли од 20.000 евра?
Зонското паркирање не е измислено за оние кои имаат коли над 20.000 евра, или е? Паркинг ко паркинг, нормално е да се плаќа. И тоа е се океј, никој не се буни за тоа но, проблемот следи подоле...



Ете, дечкото што го напишал писмото го пишал затоа што е револтиран и вели:
mora da postoi nekoe resenie...kako i site drugi proekti so se voveduvaat imaat mani no ke se resat...znaci tie so ziveaat vo stan na babi/dedovci itn na niv licnata karta i soobrakajnata ke im bide na istata adresa na koja e stanot.so se odnesuva do kiradziite toa e druga rabota i toa veruvam deka bi mozelo da se resi dokolku toj so go izdava stanot go ima prijaveno stanot deka e namenet za kiradzii i so toj dokument kiradziite ke mozat da dobijat najverojatno stanben parking prostor.e sea kaj nas tie so imaat stanovi i so gi izdavaat pod kirija najgolemiot del gi nemaat prijaveno kako takvi i ne plakaat danok.sto znaci nema ni dokument.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Знаев дека зонското паркирање ќе биде срање во боја уште пред да го воведат, а згора на се сум од Битола.

Како може да им текне прво да наплаќаат за паркинг кој сопствениците на становите го имаат платено?

Второ, што се дешава ако јас имам три возила (конкретно јас дома имам три возила)? За секое возило ќе треба да плаќам паркинг месечно?

Трето... што ако на МОЈОТ паркинг (кој што сум го платил со пари од мој џеб кога сум го купил станот) некој се паркира? И јас доаѓам дома во 16.30 часот и пред мојата зграда цел паркинг е зафатен?

Четврто, што ќе правиме кога јас одам на гости некаде, или мене ми дојдат гости? Гостинот или јас треба да се помислиме дали ќе најде паркинг, колку ке го кошта (освен што не бричат со регистрациите и патиштата кои само се крпат)?

Се на се, срање во боја! Имаат право да се револтирани граѓаните. Исто како некој да ми дојде во двор и да ми рече дека јас за секоја кола ќе треба да плаќам месечно за паркирање + ќе може кој ќе стигне да паркира во мојот двор.
 
Член од
21 април 2009
Мислења
106
Поени од реакции
1
200 denari ne se mnogu mesecno za parking, no zosto da plakate koga toa parking mesto vi sleduva zakonski so kupuvanje na stanot. moj sovet vi e da se soberat pretsedatelite na mesnite zaednici od toj reon tamu kaj biser i so peticija da pojdat kaj gradonacalnikot na opstina aerodrom i obidete se da izdejstvuvate da vi go vratat parkingot a za lugeto koj idat vo biser se gradi nova katna garaza. ili bar neka vi dadat besplatni karti za mesecno parkiranje.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Се гради до бисер катна гаража ама нормално таму ќе си има исто така плаќање ... и во бисер доле има паркинг ама уште на почетокот на работа на бисер си ги направија гаражи и приватни паркинзи за да можат да си вадат леб и они сиротите ништо живо не им стасува

Било каде во светот дур немаш паркинг испланирано (солиден паркинг) нема да ти дадат дозвола за градба
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Ало народе.. тоа место за паркинг ви следува законски по купувањето на станот...
Ко сега на пример јас живеам во куќа, колата ми е паркирана во двор.. и да дое да ми рече плати паркинг... знаеме сите каква ни е државава луѓе... еден ден и гаќите на гз што ги носиме ќе треба данок да им плаќаме ако не бидат по европски стандарди облечени и носени.... и после тоа да искочам на гласање?!?! ... немој не ме радуј... :pop:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.249
Нови даноци code name зонско паркирање :tapp: Најверојатно цело Скопје ќе плаќа данок отприлика 200 денари месечно што има една кола, за втората петоструко т.е. 1000 денари, за третата кола...у п.м.
Ако граѓаните негодуваат, зонското паркирање може и да се укине





Зонското паркирање ги разлути граѓаните од општина Аеродром. Делумно неинформирани, негодуваа на новината што ја воведе град Скопје. Да плаќаат по 200 денари месечно за паркинг пред зградата во која живеат.
-Не го правиме ова во цела населба, ова го правиме каде што има проблем со паркирање ќе си плати само 200 денари, рече Ивица Конески градоначалник на Аеродром.
-Е што сега ми ја качивте пензијата за да ми ја земете, вели граѓанин.

И двајцата градоначалници се обидуваа да објаснат дека ставаат ред во место каде има најголем метеж и проблем со паркирање.

-Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да имаат можност во секое време да паркираат, со ова ќе се зголеми местото за паркинг, рече Коце Трајановски градоначалник на град Скопје

Наплатата официјално ќе почне од понеделник, секој што ќе плати ќе има право на задолжителен паркинг. Градските власти уверуваа дека за секое возило ќе има место, а слободен паркинг ќе остане и за гостите. Ваков начин веќе се практикува во општина Центар.

-Прашав дали ми важи за во центар и Ѓорче но таму не важи, паркингот мене ќе ме чини колку и регистрацијата.
- Ова е платено при купување на станот 30 посто и како сега оние ќе бидат концесионери и ќе ставаат рампи, велат граѓаните.

Освен кај трговскиот Бисер зонско паркирање ќе има и кај Веро и Скопјанка во општината аеродром, но Властите не ја исклучија можноста доколку продолжат негодувањата од страна на граѓаните проектот да се повлече. Казните за непрописно паркирање се движат од 1000 до 1300 денари во зависност од зоната.
Зонското паркирање во Аеродром ќе опфаќа 1.000 места, еден час паркирање ќе чини 25 денари, а станарите ќе плаќаат 200 денари месечно. Освен во „Бисер“ наскоро зонското паркирање ќе функционира кај „Веро“, „Три бисера“ и „Скопјанка“, а ќе почне и во други скопски општини.
Уште една давачка за граѓаните на цело Скопје, не само за центарот на градот.
Дали е вака во другите метрополи?
 

clip87

Mivec fq400
Член од
27 септември 2008
Мислења
67
Поени од реакции
0
Proektot koj sto bil dostaven odnosno studijata za zonsko parkiranje e mnogu izmeneta od prvobitnata sostojba...kako sto znaete site studii ili proekti idat do odobruvanje od gradskoto sobranie vo skopje a dobro znaeme deka skoro site planovi so se donesuvaat podlezat na politicki odluki....taka da da bese prakticno izvrseno kako sto bese studijata veruvajte deka nemase da ima vakvi problemi kako sto gi ima sega....i retko koj od narodot go ima svateno zoskoto parkiranje onaka kako sto treba...znaeme deka vo golem del od evropskite gradovi i ne samo vo evropskite tuku i kaj nasite sosedi e mnogu prifatlivo reseni zonskoto parkiranje...mozam da vi dadam samo edno malo kratko objasnuvanje....celta na zonskoto parkiranje e da se ogranici vremeto na parkiranje na vazilata odnosno edno parking mesto da mozat da go iskoristat poveke vozila vo tekot na denot.zonskoto parkiranje se postavuva kade sto lugeto so svoite vozila imaat potrebi za odreden vremenski period odnosno izleguvanje na kafe,zavrsuvanje na nekoja rabota koja ne trae poveke od 1-2 casa itn...sredstvata koj sto se dobivaat od samoto parkiranje odat vo fondovi za patista itn....glavnata cel kako sto kazav e da se zadovolat potrebite na nekolku lugje vo tekot na denot a ne samo poedinecno.i povtoruvam uste ednas da bese kako sto e izrabotena studijata nemase da se dojde do ovie problemi.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
302
Поени од реакции
164
значи ова со е зонсково паркирање е тотално промашен проект
поради тоа што во скопје има окулу 50 илјади регистрирани автомовили а нема ниту една јавна катна гаража со ова фраерите која ја смислиле ова глупост само сакаат да ги тргнат колите од паркинг и највазно да земат пари а побрзо да те избркаат од него иако немам кола не би ја користел за се и сешто барем не поблису од 7-10км или недајбоже затоа си користам јавен превоз или точак
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Prvo neznam kako moze da mi naplakja da parkiram pred zgrada ete vikate deka nesmee. ali ok ajde toa na strana da go tgneme. Cenata 200denari ajde i toa vo red. No za tie 200denari a eve i 300 neka bidat on da mi garantira deka ja koa ke dojdam moeto parking mesto ke e slobodno, on da mi garantira deka nisto nema da se desi na kolata. Ama na nasive parkinzi kolku i da plakjas nikoj ne ti ja garantira bezbednosta na voziloto.
 

clip87

Mivec fq400
Член од
27 септември 2008
Мислења
67
Поени од реакции
0
sto se odnesuva do stanarite kaj sto e vovedeno zonskoto parkiranje koga go kupuvale stanot ako im bilo presmetano i parking prostorot pred zgradata trebalo toa mesto da bide obelezano so horizontalna signalizacija kako " private parking " ili "privaten parking" i brojot na registracijata na voziloto....ili ednostavno fizicki da bide odvoeno odnosno stubcinja i lanec itn....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom