Треба и приватни пајаци да се уведат па да видиш. Инаку се слагам дека само крнтии земаат и по некоја нова кола али само од помалите класи.
Иако двапати присуствував на акција со по 3-4 пајаци кога ги водеше еден постар полицаец, чиче со бркчиња и им наредуваше кои коли да ги соберат. Еднаш пред година и нешто пред паркингот спроти ГТЦ мртов ладен собра Q7, BMW огромен (не се разбирам во коли) i Mercedes Џип, а ги оставија шкодите и југата. Истиот чиче пред два месеци го видов како собира пак лудница коли и кога еден „фраер“ му дојде со телефон и му кажа еве чуј се со некој, чиката мртов ладен му кажа „не можам да го земам телефонот ке мислат дека ме поткупуваш со мобилен“ и насмеан си замина а фраерот со зината уста остана.
Али искрени да бидеме и ние сме си говеда. Да можеме на тераса дома со колата да дојдеме ке дојдеме, или на паркинг кај цветен пазар прво во кола, па со колата до наплатната куќарка пошто нели страшно е ако прво платиш па пешки до колата. Понекогаш и две коли ке застанат и блокираат се.
Или не дај боже да паркираш 10 - 15 метри од трафика за цигари или сендвичарите кај мајчин дом, мора тука до сендвичарата, а да може да се влезе во трафика уште подобро. Моторите во кафич најдобро да се паркираат па од нив да пијат кафе.
Ке се смеам ако се укинат визите па стоката со коли ке тргне да шета и ке се врати без коли оти ке мора да ги продадат за а платат казни, не застанал на пешачки, полукружно на пуна лента, гази стоп линија на семафор и слични работи што кај нас не се ни рачунаат за страшни, а тек кога ке паркираш во Грманија а ке влезеш со тркало во соседниот простор (затоа се исцртани линии) ем казна ем две паркинг места ке платиш.
А паркинг што нема и што не е организиран тој што има е друга приказна, другарче мое работи со канцелариски материјали и во денот на 20 - 30 места носи роба, ако плати секаде отиде цела заработка.
Мора да се укинат коли и само со магаренца да си врвиме најдобро.