Пракса во фирми

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување
Ние имаме пракса во Промес и во Жито Лукс, само проблем е да влезеш во фактичко производство ради HACCP стандардот. Ти треба санитарна книшка со потврда дека си здрав (физички, мислам :)).
Ако сакаш, ко ќе идам следниот пат (а тоа е у вторник) да се распрашам за луѓе од страна? Што профил бркаш?
Што профили имам за избор :D
 
Што профили имам за избор :D
Епа... хехе... „ако незнаеш каде одиш, секој пат ќе те однесе таму“ :)
Јас, на пример, договарам пракса со раководители и шефови, пошто нашите студенти се спремаат да бидат тоа.
Ако си иден технолог, би требал да се дружиш со технолог. Ако си иден продавач, ќе се дружиш со комерцијалист. Ако си банкар, најверојатно ќе одиш во финансова служба...
Значи:
1. За што си учел?
2. Што место бркаш?
 
ај еден краток одговор
ако државата сакаше да одиме напред тогаш сигурно дека ке погледнеше и во тоа поле...секоја држава сем македонија располага со пракса
 
Во последно време ептен се актуелизира праксата и речиси во секоја фирма има практиканти некои платени, некои неплатени, некои со договор, некои без, некои работат со месеци иако смее само 6 месеци да трае практиканството итн.

Е сега заради тоа што има многу голем број практиканти во последно време и фирмите почнаа тоа да го искористуваат, наслушнав дека сепак се донесува нов закон каде се забранува практиканството и секој кој ќе работи во една фирма мора да биде пријавен, значи практикантите да се пријавуваат со договори за вработување за определено време и со скратено работно време. Со тоа и да си зимаат плата, колку толку. Неколку луѓе ова ми го кажаа, е колку е вистина појма немам. Официјално ништо не сум прочитала, а многу ме интересира :)
 
Нормално дека македонците гледаат три напред,како да го заебат вработениот.Кој е будала да вработува некој,кога има толку луѓе што сакаат да работат за без пари бидејќи немаат искуство.Колку е перверзна економијата кај нас,од сите закони е спротивна.
 
Епа... хехе... „ако незнаеш каде одиш, секој пат ќе те однесе таму“ :)
Јас, на пример, договарам пракса со раководители и шефови, пошто нашите студенти се спремаат да бидат тоа.
Ако си иден технолог, би требал да се дружиш со технолог. Ако си иден продавач, ќе се дружиш со комерцијалист. Ако си банкар, најверојатно ќе одиш во финансова служба...
Значи:
1. За што си учел?
2. Што место бркаш?

оф топик А што факултет е тоа за раководители и шефови? Од клупа опа директор ај кажи одма ке се запишам на студии.

Ако не го изодиш патот не се стига до целта :)
 
оф топик А што факултет е тоа за раководители и шефови? Од клупа опа директор ај кажи одма ке се запишам на студии.

Ако не го изодиш патот не се стига до целта :)

Ама ако само одиш, не значи дека ќе стигнеш таму кајшто си наумил(а). ;)

Инаку, првите два болда се сериозно различни од опа директор.Акоси за елаборација, плиз обрати се на соодветната тема на Образование - ем да не сме оф топик, ем да ми ја живнеш тема ;) Со задоволство ќе ти раскажам све.

Ова е за пракса по фирми, нели. Нема смисла да се фалам тука. + ќе ми се сипаат одма :)
 
OK

A на пракса одат да практикуваат за раководители и шефови?
 
Сум бил на пракса во средно, затоа што ни беше задолжителна, во Кнауф, во одделот за сметководство. Исто така бев дел од реална компанија за сметководствени и други услуги во рамките на училиштето, дел од проект на USAID... Пред две години кога бев послободен аплицирав на неколку места и ми беше понудено да одам во Охридска банка, ама во Охрид, така да се пропадна во вода :toe: Се надевам дека летово ќе имам повеќе време, веќе имам неколку фирми што ми паѓаат на ум... Мислам дека и во министерствата примаат практиканти и ги плаќаат околу 3.000 денари (за храна и превоз), но сепак најверојатно ќе идам во фирма која е глобално поврзана со SAP програма и најмногу ќе одам баш поради тоа, да научам како да работам и како функционира програмата, која ако не се лажам ја користат само една фирма и една банка од Македонија.
 
OK

A на пракса одат да практикуваат за раководители и шефови?
На пракса идат кај шефови и раководители. Поминуваат по 5 дена со секој од нив. Муабетат, гледаат, помагаат... па мењаат ментор. ...и тако 5-6 пута у година...
 
оф топик А што факултет е тоа за раководители и шефови? Од клупа опа директор ај кажи одма ке се запишам на студии.

Ако не го изодиш патот не се стига до целта :)

Е па тоа е главниот проблем - образованието!
Незаслужено стануваат директори, кои немаат никаква врска со директорување и фирмата пропаѓа во најлош случај. А ако не пропадни, нема да оди далеку...
 
На пракса идат кај шефови и раководители. Поминуваат по 5 дена со секој од нив. Муабетат, гледаат, помагаат... па мењаат ментор. ...и тако 5-6 пута у година...

И што прават тие 5 дена во што им помагаат на шефовите и раководителите, не ми е јасно. Ако може да ми објасниш ? :)
 
И што прават тие 5 дена во што им помагаат на шефовите и раководителите, не ми е јасно. Ако може да ми објасниш ? :)
Со задоволство.

Првата средба почнува со запознавање со менторот-менаџер. После зборувате за главните процеси во одделот кој го менаџира. Откога ќе ги разјасните деловните процеси, преминувате на позициите кои ги опслужуваат (вработени) и на крај кои се врските меѓу нив (кој на кого што му дава и кој од кого каква работа прима).
Вториот дел од муабетот (првиот ден) е за 4-те функции кои ги има секој менаџер (планирање, организирање, контрола и водство) и за алатките кои ги користи (софтвер, планери, формулари, документација и сл.) Муабетот е по претходно подготвени прашања (за оние кои се посетилни) или според ситуацијата (за интуитивците).
После менторот те запознава со извршителите во неговиот/нејзиниот оддел и со секој од нив имаш 10 минутно интервју (ти го правиш, не они ;)). Ги распрашуваш за нивната работа, ама и за перцепцијата за шефот, соработниците и атмосферата за работа.

Втората средба е цртање на процеси, позиции и дијагноза на состојбите во одделот со вработените. Ова е основната работа кај оперативниот менаџмент - процеси - позиции - врски.

На крајот на денот, правиш презентација пред менторот за тоа што си забележала, проучила и сфатила и се договарате (потпишувате менторски договор за следните 3 посети) што ти сакаш да научиш од неговите 4 клучни функции (П.О.К.В.) и почнуваш со работа, набљудување или поддршка, според договореното.

Според договорот ги правиш и следните две пракси, за да на крај (6 ден) му направиш комплетна презентација на наученото, поставиш прашања за разјаснување (ако ги имаш) се евалвирате еден со друг и ти се прибираш дома и ја довршуваш проектната задача од таа фирма.

После си спремна за следна организација и за нов ментор.

На кратко, вака тоа изгледа.

Ако имаш уште прашања, да не ја тупиме тука, пиши на ѕид или ПП. (Иако ја и тука би одговарал, нели ;))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom