Смирени или избувливи?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Каква личност сте по природа смирена или избувлива?

Кога сте нервозни дали имате трпение и се трудите да бидете смирени и да не се увиди вашето негативно расположение. Или при караници вие сте смирена и сакате со нормален разговор да се реши таа кавга. Секогаш имате живци за се :)

Или напротив секогаш избувнувате. При нервоза викате и сите ви се криви. Први сте да почнете некоја кавга, веднаш да покачите тон, да се изнавикате на сите и сл. Вие не заете што е тоа смиреност и мирно решавање на работите :)

Како се снаоѓате во негативни ситуации и кавги смирено или напротив избувливо?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Каква личност сте по природа смирена или избувлива?

Кога сте нервозни дали имате трпение и се трудите да бидете смирени и да не се увиди вашето негативно расположение. Или при караници вие сте смирена и сакате со нормален разговор да се реши таа кавга. Секогаш имате живци за се :)

Или напротив секогаш избувнувате. При нервоза викате и сите ви се криви. Први сте да почнете некоја кавга, веднаш да покачите тон, да се изнавикате на сите и сл. Вие не заете што е тоа смиреност и мирно решавање на работите :)
Кога сум нервозна се трудам да бидам трпелива и смирена.Не сакам нервозата да ја покажувам преку моето НЕрасположение,а посебно ако сум во друштво и да се изнервирам за нешто ретко покажувам.При кавга се трудам да се контролирам иако некогаш знам и да повишам тон(посебно ако за една иста работа објаснувам 100 пати).


Како се снаоѓате во негативни ситуации и кавги смирено или напротив избувливо?
Зависи од ситуација......некогаш смирено а некогаш :ija::kesa:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.767
Поени од реакции
5.058
Па може да се каже смирена личност ..но понекогаш зависи и од моменталното расположение ако многу проблеми ми се натоварат и не е баш смирено , преку глава ќе ти дојде , дури и предупредувам да не почне кавгата да не прерасне во нешто повеќе ...мразам караници воопшто , дури и јас да немам везе ..ги избегнувам кога други се расправаат во моја близина или се обидувам да ги смирам ..

Избувнувам само во случаеви на тепачки и слично ..тоа неможам да го гледам .ако напаѓаат мој човек ..не размислувам за последиците ..него одам во атак и мавам додека ме држи енергијата ...

Не почнувам никогаш прв кавга ..сум приметил има многу личности сакаат да се шегуваат на твоја сметка ..а кога ти ќе се пошегувам на нивна те гледаат попреку и прават озбилни фаци ..кој ги ебе таквите ..бетер ремет за нив ..
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
По природа сум нервозна и избувлива.Ако преќутам нешто и тоа преќутување се повтори неколку пати, следната караница ќе избувнам малце пооооојше. Ако сум нервозна нормално сите други се криви, дури и кога знам дека сум јас крива.
А понекогаш зависи и со кого се карам.Ако се карам со некој на кого не смеам да му избувнам, тогаш си ќутам и после наоѓам друг на кого ќе си ја истурам нервозата.
п.с. Леле грозен поооост.Коа го прочитав се свестив :kesa:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Смирено избувлив. И сеа што дискусија?
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Зависи со кого се карам!Кога се работи за мајка ми сум избувлива,трпам некој период ама кога ќе ми се потроши трпението знам да бидам незгодна и да се изнавикам зошто ми доаѓа преку глава со нејзините муабети секој ден исто па исто.Со дечко ми сум и смирена и избувлива.Кога сакам да се докажам сум избувлива и сакам да му дадам на знаење дека не е во право бидејќи и пред да избувнам тој почнува со неговите објаснувања и докажувања.Смирена сум кога стварно ми е здосадено да се докажувам и не гледам зошто би викала и би се нервирала за без врска.Ги наведов овие два примери зошто тие се двете личности што моментално можат да ме извадат од кожа.

Значи сепак комбинирам.Јас сум личност која решава се со муабет и тоа ми е мотото ,дека се може да се реши со убаво и со муабет ама кога личноста е премногу тврдоглава како мене и не можеме да се докажеме со муабет,преминувам во втората фаза а тоа е избувнување!:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И јас сум смирено избувлив, кога сум смирен добро е кога ќе избувнам лошо е. Ама ретко избувнувам и тоа е предност, затоа што сум поголемиот дел од времето смирен. При избувлива ситуација се разбудува воинот во мене, ама тоа си го сметам за предност не за маана повеќе или помалку, маана е кога нема посебна причина за избувливост или таа е глупаво тривијална, знам да се смирам тогаш без некои поголеми проблеми како на пример да настрада влезна врата, компјутерско биро или сервис за јадење :icon_lol:.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Смирен сум, додека не избувнам...и после пак смирен...и ...така :wink:
 
K

Kicky

Гостин
Смирена, и тоа многу. Не избувнувам така лесно.
Не ми е за џабе фрустрационата толеранција многу висока :pipi:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Порано бев многу избувлив.И за најмалава ситница знаев да избувнам.Со тек на време станувам смирен и гледам да не се замарам многу.:smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум се, освен смирен човек. Премногу избувнувам, ама премногу, дури понекогаш претерувам со избувливоста. Или се расправам, викам, или почнувам да плачам. Едно од тие две, ама смиреност и средина нема во случајов. Особено ако се изнервирам во моментот. Тогаш или сама си се тргам на страна, или тој што ме изнервирал се трга за да ми помине нервозата, па после смирено ги разрешуваме.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
У последно време доста смирен. Уствари последен пат се изнервирав во 3 одд. кога наставничката по македонски јазик ми даде цела страна домашно WTF!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Па тотално смирена личност сум.
Можеби сум избувлив на моменти кога ќе сум непотребно обвинет или некој сака да ме излаже (ме прави глуп).

Абе како зен сум.:smir:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
зависи каква е ситуацијата. ако сум премногу изнервиран е тогаш не ќутам, а ако сум посмирен може да поминат онака тие што ќе ме изнервираат
 

Skunk_skopje

MZT TILL I DIE
Член од
15 февруари 2009
Мислења
179
Поени од реакции
16
Смирен кога ме критикуваат и не се умарам со тоа,а избувлив кога ми дошло стварно преку глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom