Ќе ни дадат, кога ќе си го видам тилот. Најтрагично е кај нас што не ни пишуваме, туку не прават нас компјутери, и ни викаат се да запамтиме. Кога ќе дојде време за тестови, ќе ни речат ајде тоа што сме го учеле, и ќе не тераат тоа професорите што ни го објаснуваат да го кажуваме, а тоа ако не го напишеш, и да го прочиташ, тешко дека ќе можеш да го запамтиш, освен ако немаш вградено хард диск од 160 ГБ во мозокот
Што не лажат само не знам. Се знае, штом е бесплатно, почнува први, и треба да се има резервирано. Не они ми почнале да печатат на петнаесеттие септември, па ако ни ги дадат таму некаде кај петнаесетти октомври добро ќе биде. Барем нека ни кажат, нема учебници, за да знаеме да се снајдеме и ние, вака во ќор сокак сме, секоја ден лажна надеж ни даваат, и не знаеш дали да купиш на старо, или да чекаш вие да ти ги дадат.
Па купете си учебници чим толку секако тие пари ви биле планирани за книги кога ќе дојдат ќе имате два пара и готово, ни испрашуваат сега ни ништо кога немаме учебници не претерувајте и вие сигурно е дека има проблеми и не требаше да има али тоа е тоа можете да фотокопирате и готово ќе учите од скрипти.
Не треба да кажуваат бесплатни, како тоа ќе фотокопираме, или ќе купиме. Кога они кажаа бесплатни, требаше уште на први се да биде спремно, и да започнеа со делењето на учебниците. Сега да изјават дека нема да има учебници, јас уште од утре ќе одам и ќе си купам учебници.
Сега професорите времето за предавање на лекциите го користат за "диктирање" на лекциите, а објаснението никој не ни го кажува. После имало на крај слаби резултати, епа ќе има, кога првичните резултати ќе ти бидат слаби, немаш мотив за понатака.