Bratot
Стоик и Машкртник!
Точно там е прашането,дали Тито се смета за македонски национарет хероj.
А уште повеке,дали баш главните улици и булеварди треба да са со неговото име.Зер Широк сукак не може да носи името на Гоце или на Мисирков?Зер те са помалце национални херои?Тук зборуваме за това дека Тито е чужд на РМ,не е македонец,а му се отдава поголема чест от македонските херои.
Тој неможе да биде македонски национален херој, за мене лично никогаш и не бил и не ќе ни биде.
Немам проблем со тоа да му се оддаде чест како на голем политичар, значаен човек, но тоа да биде на ниво со реалната интерпретација, а не создавање на илузија дека се' што имаме му го должиме тоа нему.
Тито е застапен во толкава мера пред се' од политичко-идеолошки основи ( а не национални) кои беа под негова контрола и се создаваше вештачки култ, контролирана пропаганда за “животот и делото на другарот Тито“.
Цензурата и задушувањето на слободното мислење од страна на тајни Југословенски служби си ја заврши работата.
Треба да се прекине врската со “југословенството“ доколку сакаме да градиме македонштина и сопствена независна држава.
Треба уште многу да се работи иако веќе 18 години изминаа од распадот на СФРЈ.