Рамноправност, ама сепак не...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
На една жена, во една заедница најважна и е поддршката, разбирањето и се разбира согласувањето во голем број работи. Меѓутоа, некогаш потребни се и дела, а не само зборови, за да и го покажеш тоа..:smir::smir:

Токму така јас затоа си цепам 7 кубици даб секоја година не се потребни само зборови
 
Доволно е само да си го "воспитаме" егото и да си ја контролираме суетата која знае да се прошета демонстративно тогаш кога не треба. :)
Во ред, пак да се навратам на она биолошкото, природното ако може така да се каже.
Ние сме, иако од атоми, молекули, клетки, ткива...сепак различни. Таква не дала природата и не можеме ние самите тоа да го смениме. Его-јас и слични состојби потекнуваат од мозокот, неговите функции и активности, хормоналните активности...ај забегав :) Џони спомена она со дрвата, сепак има активности кои ниту и прилегаат на жена, ниту може да ги изврши без да се повреди. Истото важи и за мажот.

Накратко, после некоја година заеднички живот/брак, сеедно... нема ниту да се забележи како се надополнува човек со човек. Иако сум ортодокс, односно православец, сепак ја почитувам Јин-Јанг изграденоста на светот...затоа често и го применувам тој поим во повеќе прилики. Се остава да тече заедничкиот живот, спонтано навлегувајќи во него, без усила. Оти се што е на сила-без спонтаност, не држи долго време. Ако се инсистира на сила рамноправност, без спонтаност во односот...тешко истото ќе се одржи. Битно е да се погоди вистинската личност, баланс во односот, се друго е песна, тогаш можеш и светот да го подигнеш со една рака :)
 
Е токму за ова зборувам. Зошто ретко кој маж е спремен да покаже барем малку разбирање на жената? Со тоа што еднаш или два пати во неделата тој ќе спреми ручек, ќе и покаже дека и тој е способен, дека кога она би се осеќала неспособно да готви, дека мажот е тука да ја одмени.
На една жена, во една заедница најважна и е поддршката, разбирањето и се разбира согласувањето во голем број работи. Меѓутоа, некогаш потребни се и дела, а не само зборови, за да и го покажеш тоа..:smir::smir:
ubava rabota,cel post ti e toa sto i e potrebno a zenata,...ama kaj e tuka ona sto mu e potrebno na mazot?moze li i zenata da go odmeni nego mvo negovite raboti(isto onaka kako sto on bi ja odmenil nea)?nekako mnogu povrsno gledate na rabotive.
 
Може,кажи во што да те одменам :)Малтер мешање,цигли носење,ковање клинци,менување гума на автомобил,менување осигурачи низ дома,отнување на одводни цефки,белење на стан,размонтирање на лежај и шкафови...Треба уште нешто?
 
Работиш со papervision3d класите,го владееш ActionScript 3.0, знаеш да програмираш во асемблер?
 
Не се разбирам во програмирање,но може да се потрудам и да научам.Сакаш дотогаш да компензирам со макробонитетна анализа на банкарски систем,регресиони анализи со квантитативни показатели и мерења или таргетирање на инфлацијата како идна можна стратегија на Македонија :)
 
Во ред, пак да се навратам на она биолошкото, природното ако може така да се каже.
Ние сме, иако од атоми, молекули, клетки, ткива...сепак различни. Таква не дала природата и не можеме ние самите тоа да го смениме. Его-јас и слични состојби потекнуваат од мозокот, неговите функции и активности, хормоналните активности...ај забегав :) Џони спомена она со дрвата, сепак има активности кои ниту и прилегаат на жена, ниту може да ги изврши без да се повреди. Истото важи и за мажот.

Накратко, после некоја година заеднички живот/брак, сеедно... нема ниту да се забележи како се надополнува човек со човек. Иако сум ортодокс, односно православец, сепак ја почитувам Јин-Јанг изграденоста на светот...затоа често и го применувам тој поим во повеќе прилики. Се остава да тече заедничкиот живот, спонтано навлегувајќи во него, без усила. Оти се што е на сила-без спонтаност, не држи долго време. Ако се инсистира на сила рамноправност, без спонтаност во односот...тешко истото ќе се одржи. Битно е да се погоди вистинската личност, баланс во односот, се друго е песна, тогаш можеш и светот да го подигнеш со една рака :)

проблемот мислам дека е во погрешното поимање на терминот рамноправност,еве дојдов до заклучок дека мажите(генерално) го изедначуваат со губење на машкост,авторитет и други патријархални вредности на кои рокот на употреба им е одамна поминат)значи не е работава за цепење ковање готвење,туку мислам дека мажите се плашат да дозволат жената да биде рамноправна бидејќи одма ќе бидат осудени од останатите 'мажјаци' како папучари или лижи п***и.

Не се разбирам во програмирање,но може да се потрудам и да научам.Сакаш дотогаш да компензирам со макробонитетна анализа на банкарски систем,регресиони анализи со квантитативни показатели и мерења или таргетирање на инфлацијата како идна можна стратегија на Македонија :)

доволно би било да му објасниш кои трошоци се земаат предвид при мерењето на инфлацијата,оти некои мислат дека и милка чоколадата влеваат тука:)
 
Баш точно со познавањето на програмирањето ја долови заблудата во темата.Неможеме сите да знаеме се,иако има многу површни сезнајковци,но можеме да се надополниме.Ако мојот партнер би бил програмер,јас ќе го почитувам тоа и ќе го подржувам,а јас би надополнила со познавање од економија.Така двајцата би биле тим,рамноправни,но не еднакви.И неможеме да се измериме кој е „по“ бидејќи познаваме различни области кој немаат допирни точки,исто како што се готвењето и мешањето малтер:)
 
Годините под социјализам ја донесоа оваа придобивка, на работното место мажите и жените се еднакви. И со право.
Исто е и во домот. Обврските се делат, секој допринесува максимално.
Тоа е убаво, не треба да постои некоја разлика.

Жените можеби немаат способност за аналитичко мислење, логика, когнитивните можности кога се соочуваат со технички проблеми им се ограничени, но се трудат и успеваат.

Имав другар во основно беше комплетен ритард. Но со многу труд и помош од неговите стана адвокат, значи кога се сака се може.

Исто е и со жените, барем оние кои се по учењето. Додека машките се заебаваат и сопствената несигурност ја лечат по забави и кладилници, тие стрпливо си учат и со тоа напредуваат.
Жените никогаш нема да имаат некои креативни решенија, некои големи идеи, но секогаш ќе бидат тука, некаде во позадина работејќи како кртици, преземајќи го пазарот на труд.
Бидејќи на секој сопственик повеќе му треба некој конзистентен и работлив, колку и сиво-бел да е, отколку некое машко со несредени приоритети и понекој генијален проблесок од време на време.
Затоа, како и што марсовка спомена, жените најдобро се справија со рецесијата.
Медиокритетноста тешко се вади од баланс.
 
Не се секирај има и такви шо знат.
Жени нема се разбира.

Имав другар во основно беше комплетен ритард. Но со многу труд и помош од неговите стана адвокат, значи кога се сака се може.
Ќути не кажувај кои ботови завршија електро факултет да не ти кажувам.
Критериумите на факултетиве драстично се опаднати секоја будала денес може да заврши факултет, со бубање се разбира.
 
Работиш со papervision3d класите,го владееш ActionScript 3.0, знаеш да програмираш во асемблер?

Се пријавувам за асемблер. Кон него имам и посебни чувства. Не сум по циглите..

Не е битно кој што знае и умее. Јас не сакам да бидам рамноправна со мажот. Во овој век надминат е тој тип на докажување. Но, ми пречи формализам во било каква форма. Не зборам за дигање регал; зошто би сакала да докажам дека сум силна? За да добијам кила? No!

Ако условите, приликите, атмосферата или нешто друго бараат „усул“ од партнерот, да не се користи алиби „тоа е работа на спротивниот пол“.
Зборуваме за здраво заедничко живеење кое не познава формализам и малограѓанштина.

Сега мало дополнување: ова постои само во приказните во изворна форма. Кај нас постои во благо модифицирани профили во кои се „внимава“ на чувствата само кога се присатни трети лица...
 
Жени нема се разбира.

Ќути не кажувај кои ботови завршија електро факултет да не ти кажувам.
Критериумите на факултетиве драстично се опаднати секоја будала денес може да заврши факултет, со бубање се разбира.

Ти бре момче зошто мислиш дека ако знаеш програмирање си го допрел небото?Знаеш нешто друго освен него?Што тебе те први подобар во однос на жените што ете ти знаеш програмирање:)?Што те наведува на такво преценување,пробај објасни можеби ќе те сфатиме овде.
 
Не планирам да се споредувам со никого но ова е ова е листата на квалитети што ги поседувам:

-проодев на 10 месеци
-првиот весник го читав на 3.5 години
-научив да играм шах од гледање на 4
-бев прв на трката на 800 метри на 14 години во конкуренција до 16 години
-да продолжев со фудбалот во моментов ќе играв за Барса или Манчестер
-екс државен првак во шах
-завршив основно
-завршив средно
-не завршив факултет
 
Се е тоа убаво што го наведе,но зарем овие карактеристики ти даваат можност за преценување?Не мислиш дека таму некоја може да ти извади листа десет пати подобра од твојата и пак да се заљуби во тебе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom