Придонесите на религијата се индивидуални кај секого. Имаше слично прашање во прашања за христијанството. Како религијата ви го подобрува животот итн значи на некој начин нејзините придонеси. Ќе ги пастирам тука од таму моите постовите за да не се повторувам.
Каков придонес има религијата зборам за христијанството.
Што ни дава ?
Религијата пред се на човекот му го дава Исус. Директното влијание од Исусовата приказна за милосрдниот самарјанин како и неговиот пример за милосрдие и сочуство, денес во ова време поттикнува сеуште доста луѓе да сочуствуваат меѓусебно и да бидат милосрдни. Исус ги подигнал луѓето и сеуште тоа го прави духовно и телесно.
Исус не напиша ниту една книга. Столарот од Назарет не направи никакви градежни планови, а сепак најголемите светски градби се изградени во Негова чест.
Тој не изработи ниту една уметничка слика, а сепак најголемите уметници во светот, Рафаел, Микеланџело, Леонардо да Винчи и многу други биле инспирирани од Него.
Тој не напиша ниту едно книжевно дело, а Данте, Милтон, Толстој и многу други писатели беа токму инспирирани од Него во пишувањето на своите најдобри дела.
Дури и нерелигиозните луѓе ја ценат јаснотијата и праведноста на Неговиот суд, Неговото чуство за праведност, Неговата племенитост и Неговата сила за мир.
Исус дојде на земјата токму во времето на римската алчност, фарисејската омраза и грчката итрина. Овој скромен човек од Назарет кој не командуваше со ниедна војска,немаше влијателна положба, немаше никакво почесно име, кој не напишал ниту една книга, а во младоста морал да умре помеѓу двајца разбојници.
Му се восхитувам поради сето тоа и затоа што Неговото име стана најголемо и најславно на целиот свет, дури и меѓу атеистите и неверниците.
Тоа е она најчистото што го дава религијата барем според мене, единствен, совршен пример за Личноста и карактерот на Исус Христос, целосен мир во душата, вистински и искрен пријател а пред се Спасител. Тоа е еден вид поткрепа и духовно спокојство кое бодри полесно човек да се сноси со искушенијата.
Денеска одстрана повеќето седат, гледаат и уживаат во болките и страдањата на другите. Среќни се што не се они, туку некои други. И се додека не се они, добро е. Се додека некои други умираат, добро е. Се додека се други и туѓи гробови, добро е. Се додека некои други куќи горат, добро е. Се додека другите деца плачат, добро е. Тоа се солзи на некои други деца. Да, тоа навистина се детски солзи, но тоа не се солзите на нивните деца. Знаете, повеќето од нас реагираат само на солзите на нашите деца. За другите детски солзи сосема сме незаинтересирани. Тие не се во наша "надлежност"!?
Повеќето станаа ужасно себични. Станаа ужасно нечувствителни кон другите. Станаа сосема рамнодушни кон другите. Само за себеси гледаат. За другите воопшто не ни е грижа. Дури и крадат од другите, од нивното, за да имаат. Како другите да не се човечки суштества. Се промовира принцип на непостоење на другите. Принцип на омаловажување, обезвреднување, понижување и малтретирање на другите. Тие не се доволно вредни и важни за да се респектираат како личности. Затоа и и имаат право да им го прават тоа што им го прават. Имаат право да ги повредуваат, да ги лажат, да ги крадат, да ги тепаат, а ако треба и да ги убијат. За нивната среќа и задоволство имаат право на се. Не постојат никакви ограничувања, никакви пречки. За жал тие луѓе се многубројни кои се занимаваат со туѓите животи и не со цел да им ги решат проблемите, туку нови да им створат или пак да искористат од веќе постоечките.
Токму тука религијата има голема улога да ги спречи сите овие работи. И пишаниот збор може некој духовно да го поткрене. Не велам дека и ние не сме сите оптеретени со свои проблеми, но највеќе ме погодува кога ќе видам просјаци на кои им е потребна помош и кои веќе одамна ги сметаат како инвентар на градот. Таму каде што може човек нека помогне. Самото чуство после делото е вистинска награда кое е неописливо и секој позитивно го исполнува.
Јас потекнувам од интелектуално, но и религиозно семејство. Некои принципи и вредности кое време и да дојде не се менуваат. Барам јас така мислам. Иако сите ние, човечките суштества не размислуваме на ист начин и немаме ист степен на ум, јас верувам дека постои еден универзален ум кој управува со се што се случува во природата.
[FONT="] [/FONT]