Придонесот на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување Време на започнување

Мислите ли дека религиите придонесуваат за општеството??

  • Да апсолутно

    Гласови: 22 45,8%
  • НЕ догматски и отпорни кон промени

    Гласови: 26 54,2%

  • Вкупно гласачи
    48
Што ми е гајле за Сталин и Хитлер. Има и атеисти кој се капиталисти по убедување. И што сега?
Па егзодусот на евреите до ден денес некои католици во ватикан не го признаваат, башка читај што се случувало за време на втората светска војна кога е барана помош од религиозните институции а они на чија страна биле.

точно дури и русите вршеле егзодус врз евреите и полјаците а јасно е христијанската религија е копија на јудизмот фејкери...затоа ги мразат евреите не за друго.

Site negativni pojavi treba da se osudat. I krstonosnite vojni, dzihad, inkvizicija toa voopsto ne poddrzuvam. No i drugata strana imala svoi negativnosti. Za primer za totalitarizam zemi go Stalin ili Hitler i kakvi masovni torturi i togas se vrsele za da se opravdaat celite. Hitler ne manipuliral so masite? Samo podrug oblik na manipulacija vo odnos na religijata i do kolku milioni mrtvi toa dovede? Daleku sme od idealno opstestvo i bez pomos od visata sila tesko i deka ke postignime.



Kako nema vrska so ateizmot koga e opstestvo zasnovano vrz ateisticki osnovi jas druga ideja ne znam za ateisticko opstestvo kako nekoj go zamisluva ili kako treba da izgleda, mozda eve vie moze da mi go objasnite, no poslednite pridobivki sto gi kaza kako mir vo svetot se i edni od najgolemite osnovi na religiite i toa se pridobivkite nivni koi gi postavuvas za tema.

комунизмот е далеку од атеистичко општество,под атеистичко општество се подразбира да нема непродуктивни индивидуи кои не придонесуваат а трошат и лажат.да нема црква да владее ЕТИКА АЛТРУИЗАМ:smir:
 
точно дури и русите вршеле егзодус врз евреите и полјаците а јасно е христијанската религија е копија на јудизмот фејкери...затоа ги мразат евреите не за друго.



комунизмот е далеку од атеистичко општество,под атеистичко општество се подразбира да нема непродуктивни индивидуи кои не придонесуваат а трошат и лажат.да нема црква да владее ЕТИКА АЛТРУИЗАМ:smir:

Poentata e deka etikata, ne lazenje, ne kradenje i sl. toa se pak 10 bozji zapovedi na koi se povikuvas bez da sakas znaci duhovnite vrednosti se isti i vazat za site vreminja.
 
Не кради од газдата кој ја ограби фирмата отпушти пола работници обезбедување го штити...да да не крадеме таман е.
 
Што ми е гајле за Сталин и Хитлер. Има и атеисти кој се капиталисти по убедување. И што сега?
Па егзодусот на евреите до ден денес некои католици во ватикан не го признаваат, башка читај што се случувало за време на втората светска војна кога е барана помош од религиозните институции а они на чија страна биле.

So tie gajle za Stalin i za Hitler. Pa i mene ne mi e ama gledam se napagaat samo religiite a ne se gledaat "gredite vo svoite oci". Bez vreganje ama kako sto se zloupotrebuvala religijata za licni interesi za zlodela i slicno, taka i ateizmot se zloupotrebuval a vie ja napagate samo religijata. Ima religiozni luge koi stvarno napravile humani dela ne e samo negativnoto prisutno. I aj mi se smaci da pisam.
 
Види сега порано имало закон и се викал право на прва брачна ноќ. Тоа значело дека феудалецот имал право на прва брачна ноќ т. е. да и биде прв на невестата од својот потчинет селанец.
Така да опшествените закони се релативни и често неетични, понекогаш и налудничави. Само Божјите или природните закони се апсолутни.
Не ги ставај овие две во иста категорија те молам.Природните закони се навистина апсолутни и тие дејствуваат и денес како што дејствувале пред стотици години а и за секој од нив има соодветно објаснување за разлика од божјиве кои се менуваат и се толкуваат индивидуално.
Тој закон бил наметнат токму во периодот кога религијата го имала својот подем и важел само за ,,вишите класи,, овие обичниве смртници пак не можеле да добијат ништо од колачот и останувале со прстот во уста и вербата во Бога.Тоа им била единствената утеха ,,Ако он ја живее раскошно а јас се раскапувам од работа и притоа и ја е*е жена ми а јас не смеам ни глас да пуштам,не е тоа важно, он во пеколот ке оди а јас во рајот,нека ме јава колку сака.,,
Општествените закони во тие монархистички општества и биле налудничави понекогаш, но тие се подложни на менување во зависност од навиките и потребите на општеството,доколку нешто било нормално во средниот век,денес не е и нормално дека законот ке биде сменет и ке биде адаптиран за да одговара на мнозинството од граѓаните.
 
Не ги ставај овие две во иста категорија те молам.Природните закони се навистина апсолутни и тие дејствуваат и денес како што дејствувале пред стотици години а и за секој од нив има соодветно објаснување за разлика од божјиве кои се менуваат и се толкуваат индивидуално.
зависи која религија:)
и дали верникот е праведен....
 
Придонесите на религијата се индивидуални кај секого. Имаше слично прашање во прашања за христијанството. Како религијата ви го подобрува животот итн значи на некој начин нејзините придонеси. Ќе ги пастирам тука од таму моите постовите за да не се повторувам.

Каков придонес има религијата зборам за христијанството.
Што ни дава ?
Религијата пред се на човекот му го дава Исус. Директното влијание од Исусовата приказна за милосрдниот самарјанин како и неговиот пример за милосрдие и сочуство, денес во ова време поттикнува сеуште доста луѓе да сочуствуваат меѓусебно и да бидат милосрдни. Исус ги подигнал луѓето и сеуште тоа го прави духовно и телесно.
Исус не напиша ниту една книга. Столарот од Назарет не направи никакви градежни планови, а сепак најголемите светски градби се изградени во Негова чест.
Тој не изработи ниту една уметничка слика, а сепак најголемите уметници во светот, Рафаел, Микеланџело, Леонардо да Винчи и многу други биле инспирирани од Него.
Тој не напиша ниту едно книжевно дело, а Данте, Милтон, Толстој и многу други писатели беа токму инспирирани од Него во пишувањето на своите најдобри дела.
Дури и нерелигиозните луѓе ја ценат јаснотијата и праведноста на Неговиот суд, Неговото чуство за праведност, Неговата племенитост и Неговата сила за мир.
Исус дојде на земјата токму во времето на римската алчност, фарисејската омраза и грчката итрина. Овој скромен човек од Назарет кој не командуваше со ниедна војска,немаше влијателна положба, немаше никакво почесно име, кој не напишал ниту една книга, а во младоста морал да умре помеѓу двајца разбојници.

Му се восхитувам поради сето тоа и затоа што Неговото име стана најголемо и најславно на целиот свет, дури и меѓу атеистите и неверниците.
Тоа е она најчистото што го дава религијата барем според мене, единствен, совршен пример за Личноста и карактерот на Исус Христос, целосен мир во душата, вистински и искрен пријател а пред се Спасител. Тоа е еден вид поткрепа и духовно спокојство кое бодри полесно човек да се сноси со искушенијата.



Денеска одстрана повеќето седат, гледаат и уживаат во болките и страдањата на другите. Среќни се што не се они, туку некои други. И се додека не се они, добро е. Се додека некои други умираат, добро е. Се додека се други и туѓи гробови, добро е. Се додека некои други куќи горат, добро е. Се додека другите деца плачат, добро е. Тоа се солзи на некои други деца. Да, тоа навистина се детски солзи, но тоа не се солзите на нивните деца. Знаете, повеќето од нас реагираат само на солзите на нашите деца. За другите детски солзи сосема сме незаинтересирани. Тие не се во наша "надлежност"!?
Повеќето станаа ужасно себични. Станаа ужасно нечувствителни кон другите. Станаа сосема рамнодушни кон другите. Само за себеси гледаат. За другите воопшто не ни е грижа. Дури и крадат од другите, од нивното, за да имаат. Како другите да не се човечки суштества. Се промовира принцип на непостоење на другите. Принцип на омаловажување, обезвреднување, понижување и малтретирање на другите. Тие не се доволно вредни и важни за да се респектираат како личности. Затоа и и имаат право да им го прават тоа што им го прават. Имаат право да ги повредуваат, да ги лажат, да ги крадат, да ги тепаат, а ако треба и да ги убијат. За нивната среќа и задоволство имаат право на се. Не постојат никакви ограничувања, никакви пречки. За жал тие луѓе се многубројни кои се занимаваат со туѓите животи и не со цел да им ги решат проблемите, туку нови да им створат или пак да искористат од веќе постоечките.
Токму тука религијата има голема улога да ги спречи сите овие работи. И пишаниот збор може некој духовно да го поткрене. Не велам дека и ние не сме сите оптеретени со свои проблеми, но највеќе ме погодува кога ќе видам просјаци на кои им е потребна помош и кои веќе одамна ги сметаат како инвентар на градот. Таму каде што може човек нека помогне. Самото чуство после делото е вистинска награда кое е неописливо и секој позитивно го исполнува.
Јас потекнувам од интелектуално, но и религиозно семејство. Некои принципи и вредности кое време и да дојде не се менуваат. Барам јас така мислам. Иако сите ние, човечките суштества не размислуваме на ист начин и немаме ист степен на ум, јас верувам дека постои еден универзален ум кој управува со се што се случува во природата.
[FONT=&quot] [/FONT]
 
Светот ќе биде помирно и далеку подобро место за живеење без религиите.:toe:

Апсолутно и нема да бранат за кондоми стем истражувања и уште што не кочат а и радикалниот религиозен тероризам ќе исчезне со еден збор општеството ќе се помести ниви нагоре тоа и ќе се случи,и еден ден ќе учат идните генерации како што ние учиме за старите религии па и на сегашниве(ислам христијанство) ќе им помине рокот на траење.
 
Светот ќе биде помирно и далеку подобро место за живеење без религиите.:toe:


Која религија ги предизвика:

- првата Светска
- втората светска
- корејската
- виетнамската
- заливската

и тн. војни?

Која религија ги створи оружјата за масовно и досега невидено можно уништување? Која религија го создаде робството и геноцидот на народите од Америка и Австралија? Која религија зодаде досега невидени еколошки катастрофи? Која религија создаде средства за масовно за масовно замајување на умовите од луѓето?

Кое е името од таа религија?

Во Библијата нема ни камбани ни свеќи ни икони... па го има во црквите
Сега шо прајме?

ВО Библијата го нема моето име. Сеа шо праиме? Или Библијата не е точна или јас не постојам, така?
 
Сите светски религии имаат позитивно значење за општество и луѓето кои функционираат во него.

Покрај тоа што религиските закони се вовед во животот за секој човек, и нивните догми бараат строго придржување до нив, религиите имаат и друга важна нишка која дури и самите верници не ја разбираат. Вербата. Особено во новиот милениум, и во ситуација каде луѓето немаат за што да се држат цврсто за да не се распаднат емотивно, во најтешките мигови во животот и страшните предизвици кои секојдневно ги доживуваат, вербата во Бог е многу важна. Дефинитивно имаат поголем мир оние кои имаат Верба во Господ.
И не го мислат тоа бидејќи некој рекол дека треба да се верува, нека биде тоа како детските imaginary friends, за кои возрасните е срамота да ги имаат, нешто на кое ќе му се довери човек, ќе му се пожали а тоа од другата страна без да изусти збор ќе му каже дека се` ќе биде во ред, и дека тоа ќе помогне за решавање на маките.
А како и секој друг пласибо ефект, по извесно време, вербата во тоа “нешто“ навистина помага.

Делот околу заповедите кои ги има во секоја религија се исто толку важни, но овој пат од општествен а не личен аспект. Тие му наложуваат на простиот човек да почитува меѓучовечки односи без да имаат потреба да се запрашаат зошто е така. Оние кои сепак сакаат да знаат зошто има потреба да “не убиваат“ како што законот налага, и сами би требало да сфатат што е исправно а што не, но ако и тогаш не успеат, значи дека умот сеуште недоволно го развиле (што е најлоша варијатна, учен - недоучен) или по христијански кажано, ѓаволот го прелажал. :)

Ѓаволот не постои, но постои привидна ученост која ќе го поистовети и Бог и Ѓаволот и Дедо Мраз со материјални нешта во ситуација каде нештата се прилично засновани на идеи и мисли а не на опипливи нешта.
 
Која религија ги предизвика:

- првата Светска
- втората светска
- корејската
- виетнамската
- заливската

и тн. војни?

Бог ги создал. Бог е творец на се па и на војни. Бог учествувал во војни наредувал да се освојува и да се убиваат мажи жени. Луѓето само го следат Бога во војните


ВО Библијата го нема моето име. Сеа шо праиме? Или Библијата не е точна или јас не постојам, така?
Не постоиш ти за Бог. Постоиш само сам за себе. Штом ти го нема името во ќитабот те нема ни кај бога.
 
Ниту помфритот без кечап

И мајонез LET3.

Религијата како концепт на верување во нешто совршено, чисто и безгрешно кон кое треба да се стреми човекот е сосема во ред, нооооо човекот не е совршен во својот разум па ја практикувал религијата на монструозен начин. Не е проблемот во религијата проблемот е во прљавиот ум на човекот. Инквизицијата постои само затоа што тие кои се сметале за "Божји пратеници" сакале да си седат на престолот да си сркаат парички, да јадат и пијат до бесвест да се ебаваат и да глумат Богови.Затоа мислиме дека религијата има негативен придонес за општеството. Религиите не повикуваат на војни туку луѓето.
Човекот е во вечна борба со Бога со самото каснување на забранетиот плод човекот влегува во конфликт со Бог.

Ако не постоеше Бог ќе требаше да се измисли.

Помфритот е Религијата доброто
Кечапот е лошото
Мајонезот е прљавиот човечки ум кој ако се додаде во помфритот во устата чуствуваш само мајонез и кечап вкусот на пржен компир се губи.


Ако така сакаш да се асоцираме.:smir:

Сега во услови на условна демократија имаме разно разни видувања и објасненија за Божјото постоење, делување... па ако умот на поединецот ја свати пораката од религијата во вистинската смисла на зборот тој нема да биде зол. Но, за жал постојат и зли луѓе.
 
Религиите имаат убава работа направено во канализирање на некој дел од потребите на луѓето.
Да не беа тие, ќе се појавеа други локални движења кои би имале поголема штета.
На пример многу New Age движења, разно разни секти ко саентологија, во кои некој харизматичен лидер ќе се наметне и ќе ги ебе сите членки и насочи кон самоубиство.
Религиите само даваат некаков спокој на оние на кои очигледно истото им треба.
Ако не се тие, нивното место ќе го пополнат други, можеби и прилично полоши (од аспект на функционирање на луѓето во општеството)..

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_new_religious_movements
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Neopagan_movements
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom