Веридба, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pacientka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јули 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Што мислите за веридбата? Дали треба да се прави, кои се обичаите и дали има некои правила или тоа е индивидуално со договор на двете семејства и младите? Би требало да се купи веренички прстен но дали треба и поклони за семејствата? Ако сте имале вакво искуство ве молам споделете го. Благодарам.
 
Убаво си напомнала..со договор на семејствата(договор куќа гради)
сеа у време на безпарица, башка трошок, башка се...

ти нешто за мажење се спремаш а? :vozbud:
 
Јас ја купив невестата.
Не знам дали тоа се рачуна како веридба. Али како и да е мој совет е да се ценкаш. Секогаш можеш да му најдеш мана.
 
Заби се проверуваат на веридба? Ако има некој расипан на чија сметка оди поправката? :icon_lol:

Инаку, класична веридба не, ама збиранка на родители, чисто да се запознаат, некако ми оди. Никакви обичаи, никакви подароци, нешто ситно како пијалок и вечера, и толку. :) Да се види (колку што може да се види кога на почеток сите се фини и се сакаат :wink:) како ќе функционира мубаетот и кој на кого и колку ќе се адаптира. :) Такво нешто, општо, без најави и качувања на маса.
А, да, и тетките и стрините да ги поштедиме од трошоци за фризура. :)
 
Убаво си напомнала..со договор на семејствата(договор куќа гради)
сеа у време на безпарица, башка трошок, башка се...

ти нешто за мажење се спремаш а? :vozbud:
Па така некако.:smir:

Јас мислам дека доволно е да се запознаат родителите со една фина интимна вечера и пијалок без претерување.:pipi:
 
Не знам зошто постои уште веридба како цела свадба, па бовчи ( :nesvest: ), па чочег на маса. Шодаенешчо.
Ако веќе се прави нешто, доволно е само да се присутни тие двајцата, родителите и пијалок за да се наздрави спојувањето на двете фамилии. Релаксирачка атмосфера за запознавање.
 
Не верувам во вакви процедури, ама сметам дека обавезно треба да живеат некое време заедно пред конечно „врзување“.
Треба да се осознаат сите навики пред мажење/женење.
 
Треба треба. Исто е важно како е воспитана идната невеста и мажот, да си се поклопат со интересите.
Нема ништо подобро од некое време првично заедничко живеење.
 
Знам многу вакви бракови што пропаднале, се разбира не е правило има и исклучоци.
 
Сакаш да кажеш дека ако прво живеат заедно имаат можност и да се предомислат или да видат дека не си одговараат ? Ако се земат и готово завршена работа?:kesa:
 
Знам многу вакви бракови што пропаднале, се разбира не е правило има и исклучоци.

Ако веќе не требало да го биде бракот, подобро е да знаат уште пред да се склучи, отколку да направат свадба, да им се родат деца и после некоја година да сфатат дека не се еден за друг и да се разведат или да фатат швалери/швалерки.
Иначе јас сум за фамилијарно запознавање, воопшто не ги одобрувам оние церемонии што ги прават со музики, пиење, јадење како да е крај на светот. Подобро да си ги чуваат парите за свадба, ако веќе решиле да ги фрлат на хранење и поење луѓе што тоа ќе го памтат 15 минути, а после само ќе оговараат дека јадењето било ладно, а пиењето топло. :)
 
Да и ке искршиш нозе и раце дур да спремиш се,и после ке речат-абе не беше којзнае што:tapp:
Нема поглупо нешто од веридба,се глупости се треска цело време...безвеза муабети.
Свадба да,веридба не.
 
. Подобро да си ги чуваат парите за свадба, ако веќе решиле да ги фрлат на хранење и поење луѓе што тоа ќе го памтат 15 минути, а после само ќе оговараат дека јадењето било ладно, а пиењето топло. :)

Веридбата е поскромна, само најблиските учествуваат.
Таа е знак дека младите си се веќе таксани и давње до знаење на родителите да почнат да собираат пари за свадба.
После таа формалност, на идната невеста и е дозволен пристап во домот на младоженецот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom