Кога веќе те цитирам сакам да го слушам твоето мислење за новата Анализа на мојот блог, сепак ти беше еден од луѓето кој ми дадоа мотив да ја напишам оваа анализа! Секое мислење ми е добро дојдено без разлика дали е позитивно или негативно, така да слободно пиши се што ти лежи на душа!
Сето ова важи и за сите останати, па бујрум!!!
Доколку саката може да оставите и коментар на мојот блог!!!
Долгото отсуство на Бенајун ти го убива во поим целиот труд за универзалноста на тимот. Ни Анелка, ни Есиен, секако дека не Малуда. Но добро ти е посочена универзалноста како главно нешто за успех во ЛШ во секој случај.
Челзи ги доби и Есиен, а изгледа и Босингва назад, си го забораел; ама ни одблиску не е надоместено то од лани. Никој не можи да ме убеди дека загубата на еден Деко, кој беше двигатор во некои многу важни дуели на средината, е надоместена моментално. Бенајун беше блиску до то, ама ојде јабана.
Мотивацијата е релативен поим, ја би рекол дека играчите кои ја искусија ЛШ-трагедијата на Челзи години наназад веќе не знаат шо имаат во глаавите на натпревар од ЛШ.
И Челзи нема да пополни ништо во јануари. Освен ако не се отвори некоја позајмица. Играч нема да се купи.
Се на се, добар обид за искажување на состојбите во Челзи, сакам вакви освежувања на темава.
предминатата година заврш најдобар стрелец и тоа само потврдува дека сепак е некоја класа играч и воопшто не ми се допаѓа тоа што му судите на играч со само 2-3 изиграни лоши утакмици (зборам за некои фанови тука) ај да се потсетиме на сезона 2008/09 кога дрогба постигна мизерни 5 гола или ако сакате 14 во сите натпреварувања плус тоа мозе да се каже дека ни ја однесе титулата во лш
истото го пишуваа и некои фанови за лампард против вест хем изиграл лосо една утакмица и веднас неваља да седне на клупа не ни го треба веке и сл.....а сетете се само сто има придинесено за челзи колку голови асистенции победи
мое мислење е дека анелка е добар играц заслузува да игра во челзи и не е некој просечен или како друкше го викате него е класа
Анелка е тој шо е, новокомпониран плејмејекер, шо не е најсјаен знак за Челзи. И не е класа играч, верувам дека реченцата на Анчелоти „Не ми треба Торес, имам двајца напаѓачи од светска класа во Дрогба и Анелка“ е само една фраза за пред новинари.
Виц на денот,може и на годината.
Како можеш да ги споредуваш Пизаро и Мирко ја стварно не знам.
Опасен дриблер,добар шутер,опасен сенс за гол..не знам што сакаш повеќе.Или можеби Анелка е подобар,да.
А шо е разликата меѓу Анелка и Вучинич? Во играта зборувам. Од Вучинич имам малку гледано минути, ама ми остава впечаток дека е сличен на Анелка. Е сега, мислам дека моментално не е подобар од него, а има 28 години. И објасни ми, шо е корисно во неговото купување? Освен ако не зборуваме за слободен трансфер.