Со нетрпение чекам да видам што друго би правел....
Хехехе уште пред да почне натпреаворв со Манчестер Сити имав некое чуство дека ќе се деси вакво нешто. Тие во мизерна форма ништо не играат а ни Челзи не е ништо поарен и им напраја страшна беља, некој како што рече може и поразов да влијае малце позитивно и малце подлабого да ги разглаба Анечоти кај се сите грешки па и да се надеваме дека ќе се потсмири ситуацијата во клубот во наредните недели. Шутрациве само 5 шута на гол ( од кој и 1 пенал ) а постигнаа 4 гола, истото и со Интер само 3 шута на гол а дадоа 2 гола колку само е иронично очигледно дека Тери е во психолошка криза па мора малце да се соземе.
Гледам дека го кривите Анчелоти за Малауда што е ставен на левата бековска страна, па кој да стави кутриот кога нема ни еден што може приближно добро да ја заврши задачата. Малауда супер игра стварно ме изненадува човекот само неговите продори по левата страна и неговата брзина беа некаква опасност вчера а и против Интер. Па сигурно кога ќе се врати Жирков и Малауда да иде малце понапред ќе биде многу подобро.
А Балак битно ме убеди во што е најдобар да тепа по терен и од премногу фрустрација да си добие црвен, но некако мислам добро ќе им дојде на Челзи барем еден натпревар без него и без оној Белети ( што вие сакате да застане на левата страна ) мамлазон.
Ех само коа ќе ми текне во првиот дел од сезоната негде до Декември пред повредата на Есиен колку само Челзи беше јак, доминација на терен, топката во нивни нозе милина ми беше да ги глеам па дури и така ме освоиа да имам некој симпатии према овој клуб.
Има уште време, гледам распоредот на Челзи е најтежок до крајот на сезоната сигурно Анчелоти е свесен за тоа чим до сеа неможеа да направат солидна разлика веќе нема право на грешка и мора во секој натпревар да се влага многу внимателно.
Како викаат послем дождот има сонце, сигурно ќе дојде и за Челзи у брзо време.
Ептен се разочарувате и губите надеж иако до негде и имате право, незнам зошто плукате толку по Анчелоти кога моторот на тимот Есиен го нема веќе подолг период а и од тогаш почнаа сите проблеми на Челзи.
Уште Челзи е прв , пред полу-финале во ФА Куп и пред голем меч во Лигата на Шампиони 1/8 финале против Интер. И сегде имате ептен реални шанси да завршите со трофеј.
Али вие најубаво си знаете, камо среќа мојон Милан да беше приближно колку Челзи, али ај тоа е сосема друга прича. :smir:
Напротив, Анчелоти гледа да го заборави ова, барем според интервјуто за сајтот на Челзи. Се надевам дека е само блаблање за јавност таквото нешто, пошто мислам не е човек од случајности, ама не можам ништо да тврдам во моментов. Како бе да се заборај?!
Тој главојната мисли дека којзнај што е, од друга планета надчовекчо суштество, и почнува да мисли (доказ е „длабоката“ мисла кон Белами: тој што живеј во стаклена куќа не треба да „тркала“ камења, за изјавата, или „тркалањето“ камења од Белами кон него) , а не треба да мисли пошто е глуп коњ, треба само да игра фудбал.
Зависи, и јас едно време мислев дека е одлично Какута да игра, и Матич ама што знајш, можи Балак да го бараме место нив.
Челзи одамна нема право на грешка, па ги направи повеќе. Сега имаш и вонтеренски гомнарии кои се на терен, и Анчелоти нема никаква контрола врз нив.
Не е разочарување, револт е, аман по кој пат. Дел од овие дебили мора да заминат, можат да се гонат со нивните „најдобри години во кариерата“. Кога ќе заминат во различни клубови, не се сомневам дека ќе се поуспешни, ама заедно не можат појќе. Анчелоти е ДЕБЕЛО платен + вила на користење од Абрамович само за да работи на тимот на Челзи. И кога еден играч го нема, без разлика што тој е мотор, очекувам балансирање со другите. Негов проблем е сега што има појќе повредени, и ко што реков, некои работи кои се случуваат и влијаат врз Челзи не се во негова контрола ама ич - ќе видиме како ќе испадни.
И немој некој пак да рекол дека е крив што не нашол замена за Есиен (?!?!) во јануари (?!?!?!?!?!)!
Челзи е прв со бод пред вториот и три пред третиот и игра до крајот со екипи кои реално му правеа проблем во првите дуели (освен Блекбурн и Болтон, и до некаде Ливерпул). За разлика од Арсенал, кој игра подобро против помалите екипи, а до крајот игра само со такви (освен Сити и Тотенхем, ако овие вториве можат да се сметаат за такви). Јунајтед не го коменитирам, пошто нема потреба, познато е се.
Пред четвртфинале на ФА Куп е, јако достигнување, изедначивме со Карлинг сега засега.
Дуелот со Интер, реални опции за поминување? Ако научил Иванович уште некоја финта па да преземи како плејмејкер можеби, инаку не гледам друга опција во моментов.
Челзи има шанси за три натпреварувања, но никаде не се баш реални, а за „ептен реални“ не можиме ни да помислуваме, а камоли муабет да прајме.
Милан, па шо да кажиме за Милан, премиериштето е посвеетен на политиката, а и скржав е - и то е то. Но и натаму Милан е технички попоткован од црниве гниди од Челзи.