Хехехе уште пред да почне натпреаворв со Манчестер Сити имав некое чуство дека ќе се деси вакво нешто. Тие во мизерна форма ништо не играат а ни Челзи не е ништо поарен и им напраја страшна беља, некој како што рече може и поразов да влијае малце позитивно и малце подлабого да ги разглаба Анечоти кај се сите грешки па и да се надеваме дека ќе се потсмири ситуацијата во клубот во наредните недели. Шутрациве само 5 шута на гол ( од кој и 1 пенал ) а постигнаа 4 гола, истото и со Интер само 3 шута на гол а дадоа 2 гола колку само е иронично очигледно дека Тери е во психолошка криза па мора малце да се соземе.
Гледам дека го кривите Анчелоти за Малауда што е ставен на левата бековска страна, па кој да стави кутриот кога нема ни еден што може приближно добро да ја заврши задачата. Малауда супер игра стварно ме изненадува човекот само неговите продори по левата страна и неговата брзина беа некаква опасност вчера а и против Интер. Па сигурно кога ќе се врати Жирков и Малауда да иде малце понапред ќе биде многу подобро.
А Балак битно ме убеди во што е најдобар да тепа по терен и од премногу фрустрација да си добие црвен, но некако мислам добро ќе им дојде на Челзи барем еден натпревар без него и без оној Белети ( што вие сакате да застане на левата страна ) мамлазон.
Ех само коа ќе ми текне во првиот дел од сезоната негде до Декември пред повредата на Есиен колку само Челзи беше јак, доминација на терен, топката во нивни нозе милина ми беше да ги глеам па дури и така ме освоиа да имам некој симпатии према овој клуб.
Има уште време, гледам распоредот на Челзи е најтежок до крајот на сезоната сигурно Анчелоти е свесен за тоа чим до сеа неможеа да направат солидна разлика веќе нема право на грешка и мора во секој натпревар да се влага многу внимателно.
Како викаат послем дождот има сонце, сигурно ќе дојде и за Челзи у брзо време.
Ептен се разочарувате и губите надеж иако до негде и имате право, незнам зошто плукате толку по Анчелоти кога моторот на тимот Есиен го нема веќе подолг период а и од тогаш почнаа сите проблеми на Челзи. Уште Челзи е прв , пред полу-финале во ФА Куп и пред голем меч во Лигата на Шампиони 1/8 финале против Интер. И сегде имате ептен реални шанси да завршите со трофеј.
Али вие најубаво си знаете, камо среќа мојон Милан да беше приближно колку Челзи, али ај тоа е сосема друга прича. :smir: