Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
12 февруари 2010
Мислења
9
Поени од реакции
1
kuti more bar pekar si naucil leb da pravis 500 evra plata bolje nego nisto ili 200 evr.kolku bese ama ova poslednoto ti e najdobro so golemi bukvi

bravo be dragone ama kaj da gi pratis isto sefe i tamu ke smetaat najdobro u okejan ama koj da gi udavi denes i za gjubrinja se odgovara
:vozbud:

ha ha dobar si sega sansite ti se pogolemi druze bez viza si mozebi i ke se ozenis vo stranstvo toa ti e edina sansa ili baraj azil vo belgija toa e denovive popularno
 
S

smart ass

Гостин
Како тоа вреди....во што мерите???

Абе тука ви е папочната врвца исечена јасно.

Убаво е да се отиде странство и да се научи било што(не е важно) па потоа да се вратите повторно во нашата земја и да дадете придонес за истата т.е за сите граѓани.

kuti more bar pekar si naucil leb da pravis 500 evra plata bolje nego nisto ili 200 evr.kolku bese ama ova poslednoto ti e najdobro so golemi bukvi

bravo be dragone ama kaj da gi pratis isto sefe i tamu ke smetaat najdobro u okejan ama koj da gi udavi denes i za gjubrinja se odgovara
:vozbud:

ha ha dobar si sega sansite ti se pogolemi druze bez viza si mozebi i ke se ozenis vo stranstvo toa ti e edina sansa ili baraj azil vo belgija toa e denovive popularno
У шведска може-они даваат најмногу азил-само кажи дека си хомислав и немај мака свенска хијр ај камммм..:pos2:
 
Член од
12 февруари 2010
Мислења
9
Поени од реакции
1
uhhh ako si ti ova na slikata za tebe e samo stranstvo samo kazi

done be si ja promarsil drzavata bosna pa i toa e tapet drzava kaj otide tamu
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е да бе, секаде надвор тече мед и млеко, само во Македонија ништо не чини. На кој не му е добро нека си оди. Само во странство за тие ебани пари и материјални ствари што ги зборите ќе треба да црнчиш буквално, ќе треба да се убиеш од работа, а ние реално можеби не заработуваме многу, ама не ни се преработуваме реално кажано ( со чест на одредени категории). Македонија е прекрасна земја, никогаш не би ја напуштила освен на краток период можеби за шетање, семинари, собирање искуства, има многу што да понуди. А државата ја сочинуваат луѓето, што значи дека ако државата не чини, сами сме си криви.
Доста веќе со кукање дека ништо не е како што треба, па никаде не се живее како тука. На запад веќе сите се роботизирани, емоционално хендикепирани. Е па ако треба така да живеам попрво би си направила харикири со џамлија.
Можеби материјално нема да имам премногу, ама срцево ми е полно и сум горда на ова парче земја и јас ги гледам сите убавини и можности кои таа ги нуди.
Да, врски, корупција итн итн, тоа го има не велам не и не велам дека е се розево и совршено, ама нема никогаш да си дозволам да паѓам во транс по туѓо и да патам да живеам во држава од ЕУ или Америка, бидејќи совршено ми е јасно дека животот таму не е како по филмовите.
Од што е грдо тука, затоа сите странци не сакаат да си идат. Дека не чини де. Дека е грд животот. Од што луѓето се занигде, странците сакаат да седат бидејќи велат дека сме топол народ. Што значи дека имаме емоции, за разлика од толлку величествениот запад.
Народот го фатило невидена апатија. Феномен. Ништо не му чини, ама затоа не се ни замара нешто да промени. Сакат да се ...., ама нејќат да им влезе.
 
Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48

Т0чно.Пост наместо.Ама сега гледај ти и од друга страна......не знам,а и не ме интересира каква е твојата положба(економска мислам),но на пр си од богато семејство,и ти е лесно да си приуштиш определни луксузи без око да ти трепне(пак ќе речам не се однесува на тебе,ама по што ти реплицирам,ќе гледаш многу ТИ:smir:).А што да правам јас...или 60% деца од државава,кои имаат само еден вработен родител.Примање од една страна...и толку.ДА...се живее и малце подобро,ама за да купам нешто шо поскапо чини,јас морам да ја тупам глава од зид 1 недела,и да се мислам 24 сати на ден,ко тоа да е мојата најбитна одлука во живитов...а всушност купувам патики од 2 500 ден.Зошто ако ѓи купам нив,знам дека домашниот буџет се кинит за 30%,а исто знам (сега и ко баба почнав да мислам),то е леб за цел месец:smir:.Друго,шо викаш ти,јас не сакам да си го поминам животот мислејки се и правејки рачуни ,како и нервирајки се дека нешо не ми е платено и 'рмбам за џабе.Вистина,надвор не цветаат рози,ама барем таму нешто се цени,а и + стандардот е направен за да живее и оној со 500,и оној со 1000 и оној со 2000 евра(да бидам реален.киријата и парното се изгор).Јас имам и стрико и вујко,и двајцата се странство.Стрико ми е Италија,вујко ми е Америка.Стварно работаат по 12 -13 сати на ден,ама јас не ѓи жалам.Зашо за ттоа земаат јаки пари.И +ако појдат во Сабота или Недела на работа....заработувааат колку за 2 недели работа.А ја жалам мајка ми,која работи на секој 4 дена дежурство 16 сати,а и се плаќа како 9 сати.Е тоа ми е поентата.И заради тоа сакам да живеам настрана.Зашто знам дека и во странство не бараат легачани туку бараат работа,ама бар знам дека ќе ми биде платена.

А за животот овде од неекономска гледна точка,можам да кажам дека не би го менувал ,бидејки е стварно одличен.Меѓутоа пак ќе речам,со тек на време луѓето се повеќе и повеќе мислат како да заработаат повеќе,бидејки во денешно време,тоа е клучот за добар живот.
п.с.Ако го напишав постов како шо си мислев,мислам дека многу членови ќе се поистоветат со мене(барем така се надевам):smir::smir::smir:
 
kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
Многу вреди само доколку се има парички и новчаник :smir: ни за жива глава не би останала тука доколку иам добри материјални средства.....Нова држава нов живот но стален контакт со оние шо сакам од тука ! :pipi:
 
С

Спенсер

Гостин
Е да бе, секаде надвор тече мед и млеко, само во Македонија ништо не чини. На кој не му е добро нека си оди. Само во странство за тие ебани пари и материјални ствари што ги зборите ќе треба да црнчиш буквално, ќе треба да се убиеш од работа, а ние реално можеби не заработуваме многу, ама не ни се преработуваме реално кажано ( со чест на одредени категории).
кога веќе спомна за работата... да,во италија/германија/швајцарија и мн други земји, има пари... НО,идеш на работа од 07,00 до 19,00... измеѓу има пола саат/саат одмор и тоа... на +40 степена ти на нивата собираш плодови,ова она... се враќаш дома,буквално преморен,неможеш да мрдаш,легнуваш и утре пак исто... дома-работа-дома... па нормално дека ке имаат пари...

еве и кај нас,земете тутун пример насадете,и секој ден посветувајте му се од 07,00 до 19,00... со ова субвенции и сл,има откуп... па да видиме колку пари ке земете... а не,во Македонија немало пари и убав живот...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Т0чно.Пост наместо.Ама сега гледај ти и од друга страна......не знам,а и не ме интересира каква е твојата положба(економска мислам),но на пр си од богато семејство,и ти е лесно да си приуштиш определни луксузи без око да ти трепне(пак ќе речам не се однесува на тебе,ама по што ти реплицирам,ќе гледаш многу ТИ:smir:).А што да правам јас...или 60% деца од државава,кои имаат само еден вработен родител.Примање од една страна...и толку.ДА...се живее и малце подобро,ама за да купам нешто шо поскапо чини,јас морам да ја тупам глава од зид 1 недела,и да се мислам 24 сати на ден,ко тоа да е мојата најбитна одлука во живитов...а всушност купувам патики од 2 500 ден.Зошто ако ѓи купам нив,знам дека домашниот буџет се кинит за 30%,а исто знам (сега и ко баба почнав да мислам),то е леб за цел месец:smir:.Друго,шо викаш ти,јас не сакам да си го поминам животот мислејки се и правејки рачуни ,како и нервирајки се дека нешо не ми е платено и 'рмбам за џабе.Вистина,надвор не цветаат рози,ама барем таму нешто се цени,а и + стандардот е направен за да живее и оној со 500,и оној со 1000 и оној со 2000 евра(да бидам реален.киријата и парното се изгор).Јас имам и стрико и вујко,и двајцата се странство.Стрико ми е Италија,вујко ми е Америка.Стварно работаат по 12 -13 сати на ден,ама јас не ѓи жалам.Зашо за ттоа земаат јаки пари.И +ако појдат во Сабота или Недела на работа....заработувааат колку за 2 недели работа.А ја жалам мајка ми,која работи на секој 4 дена дежурство 16 сати,а и се плаќа како 9 сати.Е тоа ми е поентата.И заради тоа сакам да живеам настрана.Зашто знам дека и во странство не бараат легачани туку бараат работа,ама бар знам дека ќе ми биде платена.
Јас не велам дека од економска гледна точка ружи цветаат, ама реално и народот е мрзлив. Едноставно сакаат пари, а не сакаат да се преработуваат. Извини реков и во претходниот мој пост, подобро ќе имам просечен живот, нормални услови за живот како покрив над глава, јадење и останати неопходни потреби, ама да бидам среќна, отколку да се убивам од работа, да имам пари и да немам ни време да ги трошам затоа што ќе бидам мртва уморна од работа.

Не ми треба богат материјален живот, Македонија ми дава душевно исполнување и тоа ми е доволно.

кога веќе спомна за работата... да,во италија/германија/швајцарија и мн други земји, има пари... НО,идеш на работа од 07,00 до 19,00... измеѓу има пола саат/саат одмор и тоа... на +40 степена ти на нивата собираш плодови,ова она... се враќаш дома,буквално преморен,неможеш да мрдаш,легнуваш и утре пак исто... дома-работа-дома... па нормално дека ке имаат пари...
Токму тоа ми беше и поентата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Зависи. Ако сакаш да напуштиш за да ти паѓаат бомби у двор у Авганистан, не вреди. Ако требе да идеш во Берлин да студираш наместо тука со двајца професори шо држат цел правец на мастер студии, одма да.

Муабетот дека тука нема иднина и неможело да се успее е дефетистички и субмисивен. Има и тоа многу работа, а тоа шо господата испофаќале катаљарда врски за диплома за после државата да ги ,,вработе’’ и сеа се со диплома не им се работело за 10 000 месечно, бујрум делкајте си го/ја дома. Коа има ботови шо бараат бесплатно образование само зашо неможеле сите да се запишат на факултет, се проширува конкуренција, најчесто нелојална, неквалификувана а по ранг(диплома) еднаква со тие што навистина вредат и се продуцира божемна интелектуална маса од види богати 70-80 посто од младите во Македонија. Брееее, дајте метафизички дилеми да им се мајке најебемео од решавање. Со ваква младина нема шо да му ја мислиме, као ние све дипломирани ама нема кој да не вработи. Епа крекајте дека нема кој да ве вработи.
Наједноставно, иди продавај весници, работи по магацини, иди купи облека у секнд хенд шиткај ја за поскапо на зелен или на буњаковец, или купи од шутка шиткај на пазар у центар. Е не, мал бил ќарот, епа тоа е друже. Нема од небо да ти падне парата.
Лично за мене, кај ме води патот. Вложувам во себе, во моето образование, ширам познанства, читам многу, се интересирам, имам секогаш време за дружба, по двапати дневно знам да отидам негде на пијачка, ама нешто што никогаш нема да го дозволам тоа е да бидам со 27 години и уште во клупа и да кењам дека нема шо да се работи и нема иднина за мене тука. Ако се укаже шанса за странство одлично.
Баталете шо вика Џеј-Зи за Њу јорк ,,If you can make it here, you can make it anywhere", ја со мои 21 година ќе ви кажам ,,ако успееш во Скопје, можеш да успееш сегде’’. Транзицијата од 20 години, го развива инстинктот за преживување многу повеќе него било каде на светот. Искористете ја оваа предност и истапете во име на сопствениот успех.
 
HardCore

Cylon
Член од
4 февруари 2010
Мислења
139
Поени од реакции
38
Ако си работлив и вреден, ако не одиш по цел ден на кафиња и мрчиш за се и сешто, тогаш нема потреба да се напушти Македонија. Ако те бива, те бива. А мрзливците кои постојано се жалат дека немаат работа, нека не мислат дека кога ке отидат во странство нема да работат. Има газот да го топат и да го колнат денот кога ја напуштиле Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237

Сметаш дека илјадниците што конкурираат секојдневно за било каква работа, што се без никакви придонеси и не знаат како пензија ќе дочекаат, како ќе се лекуваат. На оние кои газдите, кога конкурираат, им велат дека треба возачка, број на години, знаење од се и сешто и на крај пак со пробна работа за тукуречи социјална помош...
...сметаш дека се неработници?
 
HardCore

Cylon
Член од
4 февруари 2010
Мислења
139
Поени од реакции
38
Биди си сам свој газда, преземи ги работите во свои раце, стави куќа под хипотека и земи кредит, па ти биди тој што ке бара работници а не работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom