Дали во иднина ние, луѓето ќе станeме идиоти?

Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Значи вака,
Вчера случајно нешто паднав во муабет со еден другар, и нешто ми требаше па го прашав дали знае. На тоа тој ми одговори, - Прашај го бе чичко гоогле, тој се знае! И во право беше.
Е сега, не знам оти, ама прво нешто што ми падна на памет беше филмот Idiocracy. За тие што го немаат гледано,зборувам од сеќавање (да ми ја сватите поентата), филмот е сниман во иднина, односно 500 години од сега, и сите луѓе што живеат во тоа време се Идиоти, со, да речиме 30 IQ.
Да прејдам на поентава. Имам чуство, дека како што иди времево, се помалку и помалку вложуваме труд, се помалку имаме потреба да го користиме мозокот. Еве искрено, јас стварно појма неам што го прашував вчера другар ми, а уште помалку знам што беше одговорот. Ми требаше во даден момент, пишав на гоогле, ми излезе се од а до ш. Е сега, доколку го немаше чичко ми гоогле, да речиме. Јас сигурно ќе се потрудев да барам литература, па ако немав, ќе требаше да прашувам по другари дали тие имаат, и тн. и тогаш ,после толку вложен труд, сигурен сум, дека сега и во сон ќе знаев што ми требало во моментот, а уште повеќе ќе го знаев одговорот.
Еве и друг пример ќе спомнам. Во сите училишта сега има компјутер пред секое дете, со интернет. Па во никој случај нема да ми текни по историја да учам датуми на памет, кога само со 10 кликања на тастатура од страна на другар, кај ’чичко ми’ Гоогле ќе ми излези датумот низ цел екран. Имам уште милијарда примери, ама мислам дека ми ја сваќате поентава.

Епилог: Колку стварно е позитивно, на долгорочни патеки за човечвото(еве сега на гоогле пишав, да видам како се пишува човечтво :wink: ) се да му биде на дланка, и да нема потреба ама баш ич да вложува напор за да научи нешто, а со тоа и се помалку да го вклучува мозокот. Дали можи да ни се случи истот како на филмот што го спомнав погоре, или еве да речиме како на WALL-E :)

ДАЛИ,ВО НАЈОША ВАРИЈАНТА ВНУЦИТЕ, ПРАВНУЦИТЕ НАШИ ЌЕ ПОСТАНАТ ИДИОТИ, ПАРАЗИТИ??????
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Искрено, гајле ми е за иднината, гајле ми е дали откако ќе умрам пра пра пра внуците ќе ми се идиоти, што има да се срамам јас за тоа? Мртов ќе бидам... Иначе мислам дека така нема да се оглупува, имаш од една страна технологијата напреднува а мора да има поединци што ја напредуваат таа технологија, а тие поединци имаат над 150 IQ повеќето дека нели сепак се научници итн итн а од друга страна имаме теорија дека за некое време ќе сме идиоти и ако сакаме да знаеме непто само чиче гугл да го прашаме... Сепак за вторава теорија морам да кажам дека сепак мора да има некој паметен што ќе ги знае податоците и да ги стави, значи типот не е идиот4е. Искрено незнам што да мислам, факт е дека компјутерите се повеќе не оглупуваат и затвораат во една соба и не оддалечуваат од активности како фудбал, кошарка или џогинг... Јас повеќе би кажал дека луѓево нема да се глупи туку ќе земам пример од wall-e анимираниов филм, интелигентни но неподвижни... Тоа ти е еволуција, секогаш нешто се менува и не останува константно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.009
нема иднина .. очекувам од 21.12.2012 да отидеме у apokalupsis eschaton
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Филмот шо си го гледал е ѕверски!!! Луѓето со енергетски пијалок ги вадат нивите, тоа никогаш нема да се случи, место вода пијат енергетски пијалоци, шо фазла муабет да правиме?
А за примерот со годините по предметот историја, за да ги запамтиш треба да се заинтересираш за истата, односно да ти биде самиот предмет историја интересен. А чичо гугл само ти овозможува лесно да стасаш до информациите кои тебе те интересираат.
 
S

smart ass

Гостин
добар филм,но нема шанси тоа да се случи бидејки во понапредно општество ке има стандарди односно нивоа на едукација кои мора да бидат завршени.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Луѓето се повеќе и повеќе заглупавуваат и тоа е факт. Кога се ти е ставено на дланка, немаш потреба од замарање, не се ни трудиш да ја употребиш интелигенцијата, затоа што знаеш дека лесно ќе дојдеш до тоа што ти е потребно. Порано кога немало ништо, се развивала интелигенцијата, луѓето сами се труделе, мислеле, се снаоѓале, морале логиката да ја употребуваат. Сега, тоа е се поретко и поретко. Од 10% колку што наводно го користиме мозокот, ќе почнеме да користиме 3-4%.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Филмот шо си го гледал е ѕверски!!! Луѓето со енергетски пијалок ги вадат нивите, тоа никогаш нема да се случи, место вода пијат енергетски пијалоци, шо фазла муабет да правиме?
А за примерот со годините по предметот историја, за да ги запамтиш треба да се заинтересираш за истата, односно да ти биде самиот предмет историја интересен. А чичо гугл само ти овозможува лесно да стасаш до информациите кои тебе те интересираат.
А бе еве не ме интересира. Разликата е во тоа што порано, ме интересирало или не, морав да ги научам. А со тоа го вежбам мозокот, не затупувам, ме разбираш?:smir:
добар филм,но нема шанси тоа да се случи бидејки во понапредно општество ке има стандарди односно нивоа на едукација кои мора да бидат завршени.
Прашањето е кој ќе бидат стандардите. Гарант имате слушнато некој од постарите кога ќе ви речи, ееееее за петка кај тој и тој професор , пред 20 години, требаше да го испотиш газето, и да знаеш запирките да ги кажуваш. Сега мислиш така е?

П.С Не ми беше поентата филмот, само само како пример го зедов, само ај...

Луѓето се повеќе и повеќе заглупавуваат и тоа е факт. Кога се ти е ставено на дланка немаш потреба од замарање, не се ни трудиш да ја употребиш интелегенцијата, зошто знаеш дека лесно ќе дојдеш до тоа што ти е потребно. Порано кога немало ништо се развивала интелегенцијата, луѓето сами се труделе, мислеле се снаоѓале, морале логиката да ја употребуваат. Сега, тоа е се поретко и поретко. Од 10% колку што наводно го користиме мозокот, ќе почнеме да користиме 3-4%.
U get my point:smir: :)
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Не знам баш. Мене ми се чини како ова да е времето кога најголем процент од популацијата на светот е описменета.. со диплома.. абе интелектуалци со лопати да ги ринеш. И плус. Порано се работело во фабрики... на лента.. безвезе. Сеа баш повеќе се користи креативноста и интелегенцијата на луѓето во работата.
Сеа си има и нашево време парче луѓе што си се малку ... како да кажам. Ме сваќаш, нели?

Така да... ако било што, ние само попаметни може да станеме, поглупи тешко.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каква бре црна и јадна иднина...ОДАМНА сме идиоти...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
За жал како иде времето се повеќе и повеќе телетабиси се намножуваат. За пример новиве генерации. Филмот го немам гледано ама прва прилика обавезно ќе го погледнам. Иначе нема да ме чуди ако и за 20-30 години стигнеме на тоа ниво на интелегенција. Имаше дебата кај мене колку технологијата е позитивна, а колку негативна. Со компијутерите во училиштата се губи веќе живиот збор... Мислам доаѓаш на час добар ден седнуваш, буљаш во монитор и пријатно. Така ќе почнат часовите да заличуваат со тек на време и со сето тоа уште толку луѓето ќе станат отуѓени. Уште денес можеме да видиме дека човекот е веќе на некој начин роб на телефонот и роб на интернетот. Мислам дека веќе треба да се отпочне едукација за колку и како да се користи технологијата, зашто пак ќе кажам новиве генерации се толку сајберзависници што губат секаков контакт со реалниот свет.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Aе сеа ти може и во учебник и на пц да видиш некоја година кога имало одредена битка, ама за писмена мора да го загрееш столчето.
Порано ете немале, интернет и до пред некоја година ние не го користевме и пример музичко ми дала да најдам за Моцарт проект и јас ќе барам во неколку книги по музичко и ќе напишам 1 страна глупости, чиста теорија. Сега слободно можам со помош на Мистер Гугл да напишам книга за Моцарт. Имам страни за неговото творештво, за работата, за семејството, за приватноста, ма за се. И тоа ќе ми е поинтересно и повеќе ќе запомнам него од праисториските учебници кои за Моцарт имаат записи слични едни на други.

Јас интернетот го разбирам како потреба, се што сакам барам на Мр. Гугл :icon_lol: и веднаш наоѓам и си читкам си се образувам. А порано може ќе сум трчкала низ библиотеки и нема да го најдам тоа што ми треба. Значи неоглупавуваме со Гугл, напротив се ни е на дофат и ако сакаме може да учиме повеќе. Одењето во библиотека или прашувањето по луѓе не не правело попаметни.

Плус убаво кажаа порано огромен дел од популацијата била неписмена и се издвојувале само некои високо образовани личности. Денес речиси секаде постои задолжително образование, сите учиме дал од книги дал од интернет и се поголема е конкуренцијата за успех и тешко се издвојуваат поединци.
Некој ќе рече брат ми/сестра ми се поглупави од мене на мои години ме прашува глупости за во школо. Па и вие не сте знаеле на тие години многу работи и сте ги прашувале родителите, а и знаење се стекнува со годините. Денешниве деца учат на поинаков начин, некои се ужасно талентирани, некои си се образуваат нормално, некои ги мрзи да учат. Баш истата поделба постоела и кога ние учевме и кога учеле и родителите наши.

Да си е жив и здрав Гугл што за се што ме интересира веднаш си наоѓам одговор. :pipi:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Да не беше Google младината сеуште ќе беше на ниско ниво, со Гугл и најглупавите учат нешто. Google is the future. :)

A тоа дека луѓето стануваат се поглупави не ми држи вода, мислам дека егата на луѓето стануваат се поголеми и бараат бесмислени работи за да оценат една личност. Земете ги пример новинарите, личности кои мислат дека се творци на мислењата кај луѓето, егоизам до крај.
 
Х

Ханзо

Гостин
Отсекогаш имало идиоти и неидиоти. Ако бидам тешко снобчиште и луѓето со интелигенција пониска од мојата ги наречам идиоти, тогаш можам да кажам дека ништо не е сменето од порано. Порано идиотите (научно ненадарените умови) орале, копале, чукале по наковални, уво не ги болело за ука и паметење. Им светнувало по некое прашање чат-пат, ама неуки, без книги, си отишло прашањето. Овие другиве пак, спиеле со книги и биле полни со информации, од кои 90% тотално непотребни. Денес, научно ненадарените умови имаат гугл, уво не ги боли за ука и паметење. Им светнува по некое прашање чат-пат, го гуглаат, го читаат, го забораваат. Овие другиве пак, спијат со википедија и се полни со информации, од кои 90% тотално непотребни. Не гледам никаква промена.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Процесот на доаѓање до информацијата е предизвикот, нели? Со интернетот само е зголемен бројот на достапни информации од кои оној кој сака, анализирајќи што повеќе ќе пронајде некоја „научна вистина“ или податок. Оној кој не сака, ќе го отвори првиот линк - и тоа ќе е тоа.

Интересот е во прашање. Исто како и во библиотека...имаш еден извор од кој ќе научиш, или 200 извори од кои ќе студираш. Изборот е пак твој.

Интернетот не може да не заглупави ако не го користиме глупаво (решавајќи квизови за Кога ќе умреме или Кој е подобар Слаткар или Брус Вилис). Ако го користиме за стекнување на корисни знаења, та-даам. Баш има тотално спротивна улога од „заидиотување“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom