Моето искуство од РЈК
Во Корчагин дефинитивно поминав 4 луди и незаборавни години. Секако во тоа имаа голем удел професорите... Вакви-такви, признавам јадев бурек за некои кога ми предаваа и си викав, аман више да завршам, да не ги гледам. Меѓутоа од оваа перспектива сега гледам дека од секој, ама баш секој научив понешто..
Како личност која имала најголемо влијание врз мене дефинитвно ќе ја посочам Павлина биологија.. легендата на Корчагин. Според мене професорка (значи збориме како професорка, не како личност), што си ја врши одговорно и правилно работата. Жената те учи стварно што е тоа живот.. Има огромно знаење од својот предмет и стварно ја знае биологијата и ја сака.. Една од ретките за кои може ова да се заклучи, што стварно има пасија кон својот предмет. Може ви кажала, ама за секој случај ја да кажам, билингвалците не и се баш најомилени да кажеме..
Друг професор што има неверојатно знаење и се издвојува од остантите и по начинот на предавање, а дефинитивно почитуван од страна на учениците и колегите е Сидо философија. Часовите кај Сидо, не беа во права смисла на зборот часови. Чудно беше, не се осеќаш дека си баш на школо, туку едноставно се водеа дискусии за вредностите во животот. Толку Сидо се труди во нас да ги побуди правите вредности и да бидеме личности со став.. Мислам дека Сидо и Пацка имаат скоро иста улога и се доста успешни, само малце различни методи.. Не учеа на правите животни вредности..
Многу си ја почитувам teacher, искрено ме сакаше и имав среќа.. Знае да е незгодна, ако не и фатиш око, ама тоа е.. Она е баш онака другарче, според мене. А немојте да играте на картата лижење гз, според мене не иде тоа.. Треба да те види вака да се вклучиш во дискусии, да те види дека збориш англиски, после полесно оди :smir:. . А да немој да ви текнало да бегате од час, посебно од писмена.. И секако билингвалците и се голема слабост на Тања. Многу не сакаше и секогаш највеќе ги сака билингвалците. Памтам дека се организиравме со Тања, одевме викенди на Водно, па на сладолед во Ескимо. Само ние билингвалците и она.. И низ прсти ни прогледуваше на испрашување:wink:
Глобочка... кај нејзе нема лабаво, има да работиш. Само една финта кај нејзе, што јас покасно ја укопчав. Гледајте да ве забележи на час дека сте учеле. Обично во прва, втора и трета она ги предава лекциите, во четврта нема да ви предава туку вас ќе ве тера да ги учите и предавате (кој ќе се реши да ојде на ПМБ или ПМА). Финтата е, вака прашува кога предава понешто, потпрашува, одговорете и покажете дека знаете.. Ќе ве забележи и полесно ќе терате. Две девојчиња од мој клас, играа на таа карта. На тестови после им ставаше 5ка браво, дури и ако имаа помалце напишано и некој цртеж им фалеше..
Хемија ја имав три години Гордана и една година Елисавета. Кај Гордана, ќе ги побараш тестовите од претходната година истите ги дава.. Ма да добро предава. Мене малце ме нервираше тој нејзин глас, пошто обично хаос е на нејзини часови и она мораше да не надвика.. Жената не се замара премногу, ако ја следиш кога предава ќе научиш. Ама не е у стил, ќе ви ставам кецови мора да знаете и да ме слушате. Сигурно е свесна дека ги земаме тестовите и не ги мења. Ако сакаш да научиш тука е за тебе, ако неќеш не се тресе нешто премногу. Фер е на крај, не прави проблеми.
Македонски јас бев билингвалната и ја имав Љубица. Искрено мене многу се допаѓаа нејзините предавања и малце ми фалат. Жената е уметничка душа. Со која страст предава кога обработувавме некои дела.. Пред се е фер. Барем спрема мене била. Финтата со нејзе е, да ја слушаш на час. Некои од мој клас викаа дека ги заспива, јас па обожавав да ја слушам како предава, се ми влагаше во глава. После дома само ќе пролистав пред тест. Дури и неколку пати си добив петка пред време, само заради тоа што внимателно слушав, ќе ти влезе во глава и посебно ако те види на усното испрашување дека кажуваш работи што она ги кажала, готово е.. Јас морав да се вадам на оваа карта да имам 5, пошто писмените многу не и ги трефнував.. Шарав 4-5, претежно 4 у суштина.. Можеби пошто не се трудев премногу. Никогаш на пример не пишував дома текстови, па да ги учам на памет, па да препишувам на час, како што прават повеќето.. Гледав да ги запамтам концептите што она ги повторува и потенцира (значи нејзе и се битни), и нив некако да ги вклопам во пишуваното.
Марија математика, хмм. Искрено кај нејзе нема да пројдеш лабаво ако сакаш петка. Кај нејзе треба да работиш. И мора да те види дека на вежби работиш и решаваш задачи и дека се трудиш. Не е дека е незгодна и злопамтило, ама мене некако не ми беше по ќејф. Супер предава математика, тоа нема збор. И кај нејзе нема финти.. Едноставно треба да си редовен и да работиш, дури и ако кикснеш на тест, сама ќе ти даде поправен и можност да ја поправиш оценката.
Историја - единствениот предмет по кој си имам попиено кец во дневник
Првите две години ми предаваше Ирена. Едноставно жената не ја можев. Не тераше да ги учиме на памет лекциите. Во прва беше ок,ама во втора едноставно се здиве.. Среќа си отиде и ни дојде Станка римјанка.. Ја обожавам Станка. Жената знае историја,стварно.. И фер е, многу е ок. Без разлика што вака изгледа строго, барем со нас беше мн ок. Ние и бевме прва генерација и мене само една година ми предаваше (во 4та немав ист).. Не прави проблеми посебно нешто.. Петранка ја немав.. барем нејзе ја избегнав
Па мање више тие се професорите.. А да, ја заборавив, ако постои професорка што органски не ја поднесувам и од нејзе научив дека не треба никогаш во животот да бидеш дрзок и да заборавиш дека и ти си бил ученик.. тоа е Валентина информатика.
На крај ми попушти и ми стави 5ка за на крај.. Едноставно премногу беше строга и знам дека имаа 5 без проблем тие што седеа до нејзе таму напред. Јас седев позади со две другарки. Памтам првиот час ни дојде и ни вика.. А вие седите обично кај што седат кецовите, ок ок.. Среќа една година ја имав. Финта со нејзе, седни и учи информатика. Може вака чудно е, ама стварно треба да загрееш столче.
За класната нема до коментирам многу, затоа што стварно немам што посебно да кажам, Слаѓана си е приказна за себе.. Јас имав среќа, затоа што претходно учев француски, одев по натпревари и немав проблем. Нас пошто ни беше класна доста ни прогледуваше низ прсти. Кон другите као построга била, ама реално билингвалните и се слабост:wink:
Во секој случај да треба да бирам пак кај да се запишам во средно, ќе го одберам Корчагин. Имаше успони и падови, кецови и петки, ама незаборавно искуство. Сега на факултет кога гледам како е напорно (студирам во Италија), Корчагин беше стварно добар тренинг и се издржува. Реално ќе се соочите со неправди, со гледање како некои со врски ќе поминат полесно. Искрено си признавам и јас некогаш полесно сум поминувала, ама тоа е животот. Многу е подобро порано да ја видиш правилната слика, него шок да те мавне на 20 години.. Јебига, треба да се бориш и да работиш. Така да Корчагинци, уживајте во РЈК, ќе ви фали и ќе посакате да отидете таму. Јас кога отидов последниот пат во септември едноставно чудно беше како секое ќоше има свој спомен.. и убаво е. Мене убедливо најубава година ми беше трета. Четврта имаше многу успони и падови, втора е убедливо најтешка и најнапорна. Матурската екскурзија е многу убав момент. Тие 5-6 дена ќе ви поминат во една секунда, нема да бидете свесни...
Не очајувајте во секој случај, има многу прљави игри во Корчагин, бегајте од професори (и они се малце рчнати измеѓу нив), што подалеку толку боље....
Тоа е тоа.. Ако треба некаков совет за рјк, некаква финта околу некој предмет или некаква недоумица, слободно пишете, ако можам да ви помогнам со задоволство ќе го направам тоа!:smir: