голем дел од постовите што ги читам ме изненадуваат
да, пак освоивме 4то место, ама за прв пат не го заслуживме.
сите други минати квалификации тотално заслужувавме да бидеме 4ти, до некаде и 5ти.
сега за прв пат после долго време ни се виде шанса за мајсторка, колку бевме блиску/далеку е прашање,
но факт е дека заебавме во исланд и дома со норвешка кога моравме да тепаме, ќе беше многу полесно потоа.
но се деси тоа што се деси, на голема среќа катанец го нема, јонуз е тука и уште од првиот ден кога беше назначен реков дека е најдобар избор. понекогаш конечниот резултат не е баш одраз на играта. тоа е фудбал.
потребна е и среќа која ние ја немавме. во овие квалификации едноставно немавме среќа, се што освоивме заслуживме.
да се сетиме како барселона помина преку челзи за да после стане шампион?? ем најдобра, ем прв фаворит, тотално не заслужи да помине у финале, ама
факторот СРЕЌА одлучи барса да биде шампион.
во врвниот спорт решаваат нијанси и среќа. овој пат ја немавме, да се надеваме на следниот.
пак ќе речам, различно е од сите минати квалификации, бидејќи за прв пат не го заслуживме тоа 4то место
со норвешка изигравме солидно. глупи грешки, да, но затоа на моменти стискавме како екипа која вреди милиони... што никогаш го немам видено кај нашите. додавања, дупли пасови, по крила, градње, посебно играта на прва кога играчот е под притисок... сето тоа пред шеснаесетник.. тоа никогаш не сум го видел кај нашата репрезентација, а ја следам од првиот натпревар во словенија, и првиот гол на бошковски-чоко. едноставно играта во минатото ни била да ти се присере.
фрустрирачки е секогаш да сме на оваа позиција, се сложувам, ама има светлина во тунелот.
ќе бидеме тука после година две-три... се надевам некој ќе се сеќава
само да додадам. приодот на фудбалерите е веќе сменет. свесни се дека се добри,
менталитетот почнува да им се менува полека. нема веќе изјави од типот - се надеваме на поволен резултат (а играме со топ репрезентација) а "поволен резултат" значеше да не изгубиме со 4-0 се друго е поволно. сега изјавите се - одиме на победа во шкостка. одиме на победа во норвешка. не бевме далеку од победа и реми. дрско. тоа сакам, игра до граница на можности, се друго е она што се вели спортска среќа
сепак фудбалот е една игра