Норвешка-Македонија

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.338
Поени од реакции
16.465
Ќе си поднесе, ќе видиш кога ќе му дадат договор на две години... :pos2:
Ако е прост да прифати! Да напраел некаков успех, што знаем да смо ги тепале Холандија па да има (некаков) образ за што ја прифатил понудата.
А ако е спремен 2 години да биде под постојан притисок на јавноста па да не му ида ни 2000 гледачи на Филип II, кога ќе иде да гостуе у некоја емисија да го плукаа и да го вреѓаа, слободно, ќе го памтиме ко најлош селектор у историја на Мак фудбалот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.913
5000 причини месечно. Знам луѓе што се избламирале за многу помалку. А и не е јасно дали ќе биде најлош, конкуренцијата за тоа е супер-силна :smir:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181

Збори си во свое име. Во овие 4 - 5 дуели со Јонуз покажавме добра игра и воопшто не се посрамотивме. Тоа што паѓаме во второ полувреме, не користиме шанси и губиме евтино на крајот секогаш било случај не само со него.

Единствено како грешка му земам што не промени речиси ништо во овие дуели и постојано го форсираше истиот напад.

Конкретно за болдот, да те потсетам на Слободан Сантрач и неговите 0 - 3 со финска, 5 - 1 во Финска, 6 - 1 во Чешка.
 
Ај еве у свое име ќе зборим. Само уште од времето на Катанец ја се навикнав да гледам Македонска репрезентација која конечно почна да врзе 3-4 додавања без да напрае грешка, така да според мене он не донесе никаква новина туку у голбала го користеше истиот костур на тимот од времето на Катанец (океј Деспотовски и Георгиевски).
Значи ако Катанец ги научи да се додаваа, Јонуз требаше да ги научи да постигнуа голови. Нели ?

А за Сантрач знаеме како беше доведен, ние у таа ситуација кога беше избран Сантрач бевме спремни да прифатиме било кој странец што ќе ни се понудеше. Чуекот виде-не виде дека не се може ништо со нашиве и си замина.
Иначе сега ми текна за дуелот со Чешка, имавме 1-1 на полувреме, така? Значи уште од тогаш играме само едно полувреме.

Ама ова е само мое мислење :smir:

5000 причини месечно. Знам луѓе што се избламирале за многу помалку. А и не е јасно дали ќе биде најлош, конкуренцијата за тоа е супер-силна :smir:
Абе прав си. Само искрено кажано кого и да изберевме од домашниве немаше да ми биде криво ако не беше избран на начин како што беше избран Јонуз :smir:
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Епилог на оваа крајно мизерна група, Норвешка што 2 пати не можеше Исланд да го победи, беше растурена од Холандија и во Скопје изигра како 5то класна екипа најверојатно ќе оди во бараж, а ние ќе си останеме со нашето 4то место.
До бараж не стигнуваат,освен ако Ирска не освои бод до крајот од 2 натпревари,или Шведска не ја победи Албанија дома.А реално,од нашата група никој не заслужи да оди во бараж.За нашите не бев оптимист и се случи она што очекував.Сепак,добро е што постигнавме гол.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
До бараж не стигнуваат,освен ако Ирска не освои бод до крајот од 2 натпревари,или Шведска не ја победи Албанија дома.А реално,од нашата група никој не заслужи да оди во бараж.За нашите не бев оптимист и се случи она што очекував.Сепак,добро е што постигнавме гол.
Дури сега видов дека Словенија рипнала на второ место и има огромни шанси за бараж. Северна Ирска изгледа ќе извиси, а и Норвешка со оглед на тоа дека Словенците имаат 11 бода без дуелот со Сан Марино.
Како и да е нашиве идиоти требаше да изиграат со повеќе срце за подобра позиција и за повисок абрабан во наредни квалификации.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Dali mene mi se cini ili Albancite vo reprezentacija poveke se trudat od Makedoncite ? Kako i da e ocekuvam Besart Ibraimi da blesne vo narednite kvalifikacii .
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Збори си во свое име. Во овие 4 - 5 дуели со Јонуз покажавме добра игра и воопшто не се посрамотивме. Тоа што паѓаме во второ полувреме, не користиме шанси и губиме евтино на крајот секогаш било случај не само со него.

Единствено како грешка му земам што не промени речиси ништо во овие дуели и постојано го форсираше истиот напад.

Конкретно за болдот, да те потсетам на Слободан Сантрач и неговите 0 - 3 со финска, 5 - 1 во Финска, 6 - 1 во Чешка.
Џабе ти е добра игра брате ако не си психички спремен,со шпанија што се деси?прво не има второ не нема,со Шкотска прво не има второ не нема,со Норвешка скоро цела утакмица не нема,па на тоа треба да работиме ,на психата ,а менталитетот ,да не паѓаме така на утакмици ,и што виде ти ако игравме добра игра?не е само тоа
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Пачовски нека најде број на Симан, и нека си се договорат за летовање на браната калиманци! АБДАЛ
Седло нека му дадат Навигационен систем!
Шуми да не има некоја болест на мускулите, нешо гледам не може да се движи, и зашо не му дале инвалидска количка!
Тасевски. штета шо не му дадеа на Шуми количка, а ние баш го пуштивме за тоа, да го бута!
Стојков, подитно во Јуниорската репрезентација, да ни се допечи таленто!
Наумовски,....... знаете дека дома уште го лажат дека во топката е гаволот!
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
голем дел од постовите што ги читам ме изненадуваат

да, пак освоивме 4то место, ама за прв пат не го заслуживме.
сите други минати квалификации тотално заслужувавме да бидеме 4ти, до некаде и 5ти.

сега за прв пат после долго време ни се виде шанса за мајсторка, колку бевме блиску/далеку е прашање, но факт е дека заебавме во исланд и дома со норвешка кога моравме да тепаме, ќе беше многу полесно потоа.
но се деси тоа што се деси, на голема среќа катанец го нема, јонуз е тука и уште од првиот ден кога беше назначен реков дека е најдобар избор. понекогаш конечниот резултат не е баш одраз на играта. тоа е фудбал. потребна е и среќа која ние ја немавме. во овие квалификации едноставно немавме среќа, се што освоивме заслуживме.
да се сетиме како барселона помина преку челзи за да после стане шампион?? ем најдобра, ем прв фаворит, тотално не заслужи да помине у финале, ама факторот СРЕЌА одлучи барса да биде шампион.
во врвниот спорт решаваат нијанси и среќа. овој пат ја немавме, да се надеваме на следниот.

пак ќе речам, различно е од сите минати квалификации, бидејќи за прв пат не го заслуживме тоа 4то место

со норвешка изигравме солидно. глупи грешки, да, но затоа на моменти стискавме како екипа која вреди милиони... што никогаш го немам видено кај нашите. додавања, дупли пасови, по крила, градње, посебно играта на прва кога играчот е под притисок... сето тоа пред шеснаесетник.. тоа никогаш не сум го видел кај нашата репрезентација, а ја следам од првиот натпревар во словенија, и првиот гол на бошковски-чоко. едноставно играта во минатото ни била да ти се присере.

фрустрирачки е секогаш да сме на оваа позиција, се сложувам, ама има светлина во тунелот.
ќе бидеме тука после година две-три... се надевам некој ќе се сеќава :)

само да додадам. приодот на фудбалерите е веќе сменет. свесни се дека се добри, менталитетот почнува да им се менува полека. нема веќе изјави од типот - се надеваме на поволен резултат (а играме со топ репрезентација) а "поволен резултат" значеше да не изгубиме со 4-0 се друго е поволно. сега изјавите се - одиме на победа во шкостка. одиме на победа во норвешка. не бевме далеку од победа и реми. дрско. тоа сакам, игра до граница на можности, се друго е она што се вели спортска среќа :) сепак фудбалот е една игра :)
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Додека не завршиме 2-3 секогаш ке ни се пагаат посилни екипи, е па напредок нема така. Во услови само кога играш во квалификации малку натпревари неможеш ни да напредуваш на фифа уефа листата, со тоа секогаш во 4-ти барабан, а гледам дека и послабите екипи напредуваат само ние стоиме..
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
фрустрирачки е секогаш да сме на оваа позиција, се сложувам, ама има светлина во тунелот.
ќе бидеме тука после година две-три... се надевам некој ќе се сеќава
Која светлина бе. Некоја случајност ќе чекаме? Така може да се случи нешто по некаква случајност во следните 20-30 години + овие 20 што веќе поминаа во чекање, таман за очекување е. Работа треба, работа како и во се друго.
За да се излезе од оваа катастрофа треба да смени многу во репрезентацијата и работата со неа... како и дотичните лица - фудбалери или стручен штаб.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Пачовски нека најде број на Симан, и нека си се договорат за летовање на браната калиманци! АБДАЛ
Седло нека му дадат Навигационен систем!
Шуми да не има некоја болест на мускулите, нешо гледам не може да се движи, и зашо не му дале инвалидска количка!
Тасевски. штета шо не му дадеа на Шуми количка, а ние баш го пуштивме за тоа, да го бута!
Стојков, подитно во Јуниорската репрезентација, да ни се допечи таленто!
Наумовски,....... знаете дека дома уште го лажат дека во топката е гаволот!
:pos2::pos2::pos2: Баш така е.
Кога за пола тим може вакви вицови да си правиме, каков резултат може да очекуваме?
Шуми не излезе од кругот на центар. Прво гледа дали може назад да ја врати топката, па после дали да ја дувне напред.

Мене не ми се допаѓа однесувањето на нашите на терен. Ќе се згреши некој напад и одма Пандев, Стојков, Наумоски шират раце негодуваат, стојат како да се игра фудбал низ маало. Мислам дека не можат да го поднесат тоа што „анонимци“ од типот на Славчо, Тасевски, Деспотовски ... им ги „грешат“ акциите. Така се губи концентрација.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.913
голем дел од постовите што ги читам ме изненадуваат

да, пак освоивме 4то место, ама за прв пат не го заслуживме.
сите други минати квалификации тотално заслужувавме да бидеме 4ти, до некаде и 5ти.

сега за прв пат после долго време ни се виде шанса за мајсторка, колку бевме блиску/далеку е прашање, но факт е дека заебавме во исланд и дома со норвешка кога моравме да тепаме, ќе беше многу полесно потоа.
но се деси тоа што се деси, на голема среќа катанец го нема, јонуз е тука и уште од првиот ден кога беше назначен реков дека е најдобар избор. понекогаш конечниот резултат не е баш одраз на играта. тоа е фудбал. потребна е и среќа која ние ја немавме. во овие квалификации едноставно немавме среќа, се што освоивме заслуживме.
да се сетиме како барселона помина преку челзи за да после стане шампион?? ем најдобра, ем прв фаворит, тотално не заслужи да помине у финале, ама факторот СРЕЌА одлучи барса да биде шампион.
во врвниот спорт решаваат нијанси и среќа. овој пат ја немавме, да се надеваме на следниот.

пак ќе речам, различно е од сите минати квалификации, бидејќи за прв пат не го заслуживме тоа 4то место

со норвешка изигравме солидно. глупи грешки, да, но затоа на моменти стискавме како екипа која вреди милиони... што никогаш го немам видено кај нашите. додавања, дупли пасови, по крила, градње, посебно играта на прва кога играчот е под притисок... сето тоа пред шеснаесетник.. тоа никогаш не сум го видел кај нашата репрезентација, а ја следам од првиот натпревар во словенија, и првиот гол на бошковски-чоко. едноставно играта во минатото ни била да ти се присере.

фрустрирачки е секогаш да сме на оваа позиција, се сложувам, ама има светлина во тунелот.
ќе бидеме тука после година две-три... се надевам некој ќе се сеќава :)

само да додадам. приодот на фудбалерите е веќе сменет. свесни се дека се добри, менталитетот почнува да им се менува полека. нема веќе изјави од типот - се надеваме на поволен резултат (а играме со топ репрезентација) а "поволен резултат" значеше да не изгубиме со 4-0 се друго е поволно. сега изјавите се - одиме на победа во шкостка. одиме на победа во норвешка. не бевме далеку од победа и реми. дрско. тоа сакам, игра до граница на можности, се друго е она што се вели спортска среќа :) сепак фудбалот е една игра :)
Уф ама не се сложувам со тебе.............................................

Прво: тотално го заслуживме 4-тото место. Зошто?

Среќата е секогаш потребна, таа е составен дел од спортот. Ти имаш чудна дефиниција за „среќа“. Примерот што го кажа со Барселона е „среќа“. Да дадеш гол во продолжение во тотално изгубен меч и да се провлечеш. И за тоа треба знаење и упорност, ама имаа среќа.

Кога нас ни фалеше среќа? Ни фалеше со Хрватска кога прво ни исклучија играч и примивме гол минута-две пред крај. Ни фалеше против Романија кога прво добија поклон слободен удар а после Муту ни даде гол во 88-ма. Тука ни фалеше среќа.

Не е „среќа“, или „несреќа“, кога не можеш да упатиш удар во рамките на голот. Кога создаваш шанси, како со Исланд, ама нема кој да погоди. Не ни фалеше среќа со Исланд и со Норвешка, знаење ни фалеше. Рутина, искуство. Не ни фали среќа кога играч што има празен простор да шутне се обидува да додаде низ 4-ца одбранбени. Знаење е тоа. (Не)Квалитет. Што имаме голман кој не знае да излезе на нафрлена топка и прима голови низ раце....

Тотално го заслуживме 4-тото место. Што дека ја надигравме Шкотска едно полувреме кога доживеавме распад на системот во 2-ро? Среќа ли ни требаше, да дадеме гол во прво? Ни требаше. Ама факт е дека има уште 45 минути за играње. Кои ние не можевме да ги одиграме.

И последниот натпревар: блиску сме биле? 45 минути не шутнавме на гол. Не го ни видовме голот каде е. Тоа ли е менталитет? Менталитетот ни се менува полека...ама мнооооогу полека. Сега се к*рчиме со изјави, за разлика од порано. На терен, пак не пеглаат.

Шкотска и Норвешка покажаа дека се поискусни од нас. И едните и другите не победија на наши грешки, за разлика од нас кои не можеме да победиме и кога по 10 грешки ќе ни направи противникот. Дури и вакви какви што се, полоши никогаш не биле, пак се подобри од нас. Имаме вкупно 1 гол на гости во цел квалификациски циклус. Тоа е реалноста. Сакаме да ја прифатиме, или не. Среќата нема врска со тоа...

Ова не е критика за нашата репрезентација. Какви се - такви, наши се. Само сакам да потенцирам една од најважните причини зошто немаме напредок: после секои квалификации, после секој натпревар, излегуваме со истата „самокритика“: немавме среќа. Следниот пат ќе биде подобро. И дел од јавноста го прифаќа ова. Ако не е среќата, криви се судиите. Затоа 20 години не можеме да промениме ништо.

Треба работа. Треба организација. Треба знаење и квалитет. И треба среќа. Да дадеме гол во 90'та, или да ни промашат пенал, во некој клучен натпревар. Но прво треба да дојдеме до него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom