Бог да ги прости загинатите.
Огромна трагедија. Затоа е и невкусно да се гневиме и навредуваме на темава.
Сочувство и помош се сега најважни.
Ти си се нашол некогаш на сред езеро кога има бранови? Или дали воопшто си го видел Охридско езеро кога е разбрането какво е?
Тука некаде го поддржувам Трн - во разбранувано Охридско и не е така пријатно, поготово претоварено бродче како ова... така да, најверојатно тоа е причината за крахот...
Моите родители кои се во Охрид, рекоа дека езерото денеска било исклучително
мирно. А, и очевидците не рекоа "бранови го превртеа бродот", туку дека едноставно задниот дел од бродот почнал да тоне, а за невообичаено брзо време, и целиот брод потонал.
Инаку, нема врска тоа со Охриѓани (бојкотот на нивниот не-туризам е друг муабет...овде, за трагедијава, тоа не е причина).
Разлогот е, најверојатно, универзален - човечка лакомост во комбинација со македонскиот момент на суб-стандард кој го има буквално во се (конкретно, нередовни технички прегледи, неажурност на полицијата по потонувањето на бродот итн.)