Живот без емоции

секој човек си има емоции, само што некој повеќе ги искажува, а некој пак ги крие во себе и многу ретко ги искажува.
 
секој човек си има емоции, само што некој повеќе ги искажува, а некој пак ги крие во себе и многу ретко ги искажува.
Темата е поставена што ако ги нема емоциите, а не дали ги има со што твојот одговор е несоодветен и претпоставен со самото поставување на темата.Не се пишува секаде само колку да се пише.

Он топик, кога таква ситуација би била возможна, нема да постои прашувањето дали ќе може да се живее тој живот од причина дека емоциите ќе бидат целосно исфрлени за да сметаат во таквото живеење.Единствено ќе остане свесноста и луцидноста за реагирање по логичните форми и закони.
Ако е тоа доволно за да се постои.
 
После цел живот вина...а киброзите не чуствуваат вина...

Грешиш...и тие развиваат емоции...по некое време...



Интересен поглед на работите...киборзите по некое време сватиле дека постоењето без емоции е булшит...барем така е во Блејд Ранер...и еволуирале во битија со емоции...дури ги надминуваат и обичните луѓе...кои прават некаков си психо-тест за откривање кој е човек а кој кибог (репликант,поточно)...

 
Најважната емоција е болка. Благодарение на неа знаеме дали сме живи.
 
Па не би се ни разбудил, мозокот би ми бил мртов...најверојатно.
 
Па ако сме преживеале некоја траума во животот повеќето од емоциите ќе ни бидат запоставени, односно нема да ги интерпретираме. Кога не би чуствувале емоции би се чуделе како другите луге можат да плачат, да се среќни, да се влубуваат и сл. Би биле некој вид на глуп програмиран робот.
 
Емоционално незрелата личност, не знае да направи дистинкција на своите чувства и душевни емоции, бидејќи претходно ги нема доживеано сите. Значи-можно е да не се осетат сите чувства, но воопшто да не се чувствува е неможно. Колку и да е затворена некоја психа во кориците на телото, сепак на неа секојдневно се резба. Останатото е лажна насмевка и скапа шминка.
Мојата сентименталност, ја чувствувам како моја предност, така сум поблиска со животот и со вистинските доживувања. Подобро апсорбирам, подобро слушам, почисто гледам ако чувствувам.
 
Тоа емо-личности има врска со емоционалност? емо, емоција, емотивност? Се извинувам за мојата неинформираност, но порано ко ги следев трендовите такви емо типови немаше. или можи имаше ама не ги викавме така
 
Како екстремно нагласена емотивна личност за промена би сакала да видам каков би ми бил животот без да осеќам ништо.Можеби би ми било полесно бидејќи не би обрнувала внимание на секоја мала ситница и не би си ја зимала толку при срце.
Инаку сметам дека тотално без осет личност нема.Може да не му бидат равиени одредени чувства т.е. да ги нема осетено но онаа крајност мислам дека ја нема.
Точно е дека некој повеќе некои помалку ги покажуваат чувствата но во секој случај дури и најмала среќа/тага/болка сметам дека секој има осетено.
 
Тоа емо-личности има врска со емоционалност? емо, емоција, емотивност? Се извинувам за мојата неинформираност, но порано ко ги следев трендовите такви емо типови немаше. или можи имаше ама не ги викавме така
Во принцип, зборот доаѓа од emotional(емотивен анг. заб. на прев.:)). Но, овде кај емо-типовите, нагласокот е ставен на себе-сожалување предизвикано од гледање американски филмови, проследено со сечење вени(ко на сликичкине на гугл), тужење, носење коса на една страна... Тоа е само стил. Барем така го викаат...,,Стил". Глупоштина. :back:
 
Според тоа тие се најживите личности на планетава, со потенцијал уште побрзо да се умртват себеси со самоубиство...
Више би сакал да има стварно некое чудо да го вбризгам во себеси и да сум тотално без емоции да кажеме 5-6 саати. Не мислам на сегашните психотропни супстанци туку стварно исклучување на секое чувство, емоција као со осигурач...робот кој ќе ги извршува дадените задачи без да каже дека му е тешко, без да го мрази (или сака, ако е женско) шефот, без да мисли на плата, љубов...тралалала :vozbud:
Хм, така може да се зголеми и продуктивноста, а и да се намалат последиците од агресивност и слично...Нормално еден дел од популацијата би постоел со сите човечки маани и доблести, емоции...во интерес на развој на општеството. Чика Орвеле, браво.
 
Више би сакал да има стварно некое чудо да го вбризгам во себеси и да сум тотално без емоции да кажеме 5-6 саати. Не мислам на сегашните психотропни супстанци туку стварно исклучување на секое чувство, емоција као со осигурач...
Голема е веројатноста да во тие 5-6 саати скршиш нешто а да не забележиш, прибидејќи затоа што нели-не доживуваш емоција на болка.
Или, да добиеш на бинго 100 000 000 а да ти сеедно ко да ти дале палома да се забришеш.
Не е убаво да не се чувствува нешто. Твојот свет е буквално рамниште..
Шо има убаво во тоа?
 
Голема е веројатноста да во тие 5-6 саати скршиш нешто а да не забележиш, прибидејќи затоа што нели-не доживуваш емоција на болка.
Или, да добиеш на бинго 100 000 000 а да ти сеедно ко да ти дале палома да се забришеш.
Не е убаво да не се чувствува нешто. Твојот свет е буквално рамниште..
Шо има убаво во тоа?
Хе, добро фантазирам...сепак во овој контекст, за кршење не би рекол пошто мозокот ќе е усредсреден на работата, мотористиката на телото за што поуспешно извршување со што помалку движења и напор.
А за бинго...нема ни да играм пошто потребата од пари во нормални околности би ме терала на тоа, страст- за коцкање, алчност за пари и слични чувства емоции, што ли се-толку се измешани.
Значи кул, сајборг ефект што го споменаат погоре :)

Али и партнерот да го третираат, инаку...тој ќе се "пегла" а на човека баш ќе му е гајле...е тоа :nesvest:
Малку фантазија и кулирање мозок не е наодмет :smir:
 
Или, да добиеш на бинго 100 000 000 а да ти сеедно ко да ти дале палома да се забришеш.

Значи 100 000 000 не вредат ништо ако од среќа не скокнеме низ балкон?
Што е - тука е. Ако добиеш, нема да ротираш како жаба во блендер во соба, да, но парите уште ќе ги имаш, нели?

Искрено, како може по-важно да е дали ќе чуствуваш нешто ако добиеш на бинго од добивката од бингото?
 
Искрено, како може по-важно да е дали ќе чуствуваш нешто ако добиеш на бинго од добивката од бингото?
Очигледно не им даваш голема важност на твоите чувства.
Секако, не цениме нешто се додека не го изгубиме, ама тоа се надевам нема да се случи.

Инаку, да, парите ќе ги имаш и по 2 недели, ама ќе ти биде рамно дали ги имаш или немаш леб да купиш.
И да, парите немаат значење ако немаш внесено емоција во нив.
Задоволство-кога ги трошиш и кога добиваш нешто што си сакал.
Алчност-кога сака повеќе(можеби звучи како лоша емоција, но нема лоши емоции)
Среќа-кога гледаш дека можеш се да им удоволиш на децата итн...

Значи, има емоција како и да е.
А ако не се помочаш од среќа коа ќе добиеш толкава сума-тогаш што е поентата!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom