A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Од 4 јануар 2010 година сите кабловски, бежични, жични, дигитални и иптв телевизии се должни каналите кој ги реемитуваат да бидат преведени на македонски јазик. Бидејки како што читам БООМ тв веке ги реемитува каналите со македонски превод ова ке биде голем удар за кабловските телевизии кој ниту една програма немаат со превод на македонски јазик. Исто така и спортските канали треба да бидат синхронизирани на македонски јазик:vozbud:.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.360
Од 4 јануар 2010 година сите кабловски, бежични, жични, дигитални и иптв телевизии се должни каналите кој ги реемитуваат да бидат преведени на македонски јазик. Бидејки како што читам БООМ тв веке ги реемитува каналите со македонски превод ова ке биде голем удар за кабловските телевизии кој ниту една програма немаат со превод на македонски јазик. Исто така и спортските канали треба да бидат синхронизирани на македонски јазик:vozbud:.
Знали да очекувам од 4 јануари дека ќе нема кабловска хахаха:pos2::pos2::pos2: Инаку еве го соопштението:
Сите оператори на јавни и комуникациски мрежи ќе треба да обезбедат превод (титли) на македонски јазик или коментатори на македонски јазик на спортските канали, за телевизиските сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени - е соопштено од Советот за радиодифузија. Обврската од член 82 став 2 од Законот за радиодифузна дејност, доколку не се испочитува до 4 јанураи 2010 година, Советот за радиодифузија ќе поведе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежните судови со барање за забрана за работа од шест месеци до две години.
Советот за радиодифузија побара од сите кабелски оператори веднаш да престанат да ги реемитуваат програмските сервиси кои не се титлувани на македонски јазик.
-Мониторингот ќе продолжи. Пратено е барање до Министерството за култура и до Инспекцијата за авторски права да го проверат работењето на сите оператори. Законот мора да се почитува, како за преводот на македонски јазик така и за реемитување на програми за кои не се склучени договори за уредени авторски права - изјави Мирче Адамчевски, претседател на Советот за радиодифузија.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.263
Добар е законот само што кај нас законите никој не ги почитува. Исто како што не ги почитуваа за исклучување на Нова, Обн, ХРТ 2 и ред други да не ги набројувам. Значи се ќе биде исто се додека не удрат асално да се занимаваат со оваа проблематика. Искрен да бидам мене ми оди во прилог што не се замараат овие од Совет за радио дифузија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.107
не само македонски титлови туку ќе се понудат и албански титлови бидејќи ако понудат само македонски ќе се бунат Албанциве што е тоа нормално
 
Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Кој има лцд со вграден дигитален ресивер, нека стави само собна антена ги фаќа сите програми..
 
head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
Кој има лцд со вграден дигитален ресивер, нека стави само собна антена ги фаќа сите програми..
Каков вграден ресивер треба да има ЛЦД -то , DBV-T или DBV-C ?
 
The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
не само македонски титлови туку ќе се понудат и албански титлови бидејќи ако понудат само македонски ќе се бунат Албанциве што е тоа нормално
Ne grizi se, tie programi sto imat albanski prevod tie i se pusteni na pr. Fox Life i Fox Crime mozam da gi sledam na albanski.:helou:
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
338
Поени од реакции
182
Деца,абе никој не кажа дали телетекст ви отвара на БООМ....?!?
Иначе ЛЦД-то за БООМ ТВ треба да има DVB-T,a за кабелските дигитални канали DVB-C...
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286
На нивниот сајт ставиле за HBO каналите и трејлери за филмовите.:vozbud:http://boomtv.mk/hbo Само ми кажаа деновиве ќе го ставеле.Се надевам до понеделник зошто следна недела ќе даваат добри филмчиња како The Dark knight,The Simpsons Movie и што ми се допаѓа најмногу Quantum of Solace.
 
Член од
4 септември 2007
Мислења
106
Поени од реакции
6

филмови кои ги имаме гледано по 5 пути најмалку. :)
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.617
Поени од реакции
769
Деца,абе никој не кажа дали телетекст ви отвара на БООМ....?!?
Иначе ЛЦД-то за БООМ ТВ треба да има DVB-T,a за кабелските дигитални канали DVB-C...
Нема телетекст на ниеден од каналите барем се уште не
 
Kajgana Shop

На врв Bottom