Успешен живот?
Незнам дали постои...знма само дека секогаш нешто ке стрчи.
Овие денови научив тешка,претешка лекција.Откако за малку ке доживеев нервен слом,за малку ке срушев се што имав,бев на работ на бездната-јас се препородив.Како,и јас самата незнам.
Тој ден ке го паметам долго.Толку бев нервозна,скисната,надуена,преполна со негативни чувства...како повеќе бев лута,толку повеќе лоши работи ми се случуваа,како да го повикував злото.Се почуствував изгубена.Ги запоставив сите ,а најмногу самата себе.
После мачната ноќ се разбудив и сфатив дека не може повеќе вака-ако продолжам,ќе биде страшно.
Во тој момент сменив се-и пристапот и мислите и се насмевнав.Од тој ден јас сум нова личност.Сфатив дека е безполезно да се губи време очајувајки,полна со самодоверба и оптимизам го фатив денот и полно убави работи ми се случија.
Ми се допадна тоа,па така продолжив и следниот ден...се до денес.
Убавината и успехот на животот не е во материјалното.
Материјалното има многу мал удел.Успехот е да знаеш како да си среќен-со она што го имаш и што можеш да го постигнеш.
Кога еднаш ке направиш баланс со самиот себе,ќе добиеш среќа.Нема ништо поубаво од тоа.