Гејминг конфигурација

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
Добро сакав да ги опишам можностите. Се е до колку ќе брцне во џебот :))
ATI 4870 X2 2GB?

За 20000 денари ќе си земе ATI HD 5870 која е подобра од 4870 X2 и се разбира подржува DX 11, а да не збориме за потрошувачка и греење...
 
За 20000 денари ќе си земе ATI HD 5870 која е подобра од 4870 X2 и се разбира подржува DX 11, а да не збориме за потрошувачка и греење...

Најголема придобивка кај 5870 во однос на 4870x2, е потрошувачката и температурите, од аспект на перформанси нема некоја голема разлика.
Може 10-15%, во зависност од апликацијата.

Ако купуваш сега, најисплатливо е 5850.
 
АМД има ли конкурент на и7 ? Тие „феномите“ до кај стигнаа ? Кој е подобар,според сите фактори. За квалитет нормално дека интел, меѓутоа колку се поефтини АМД и дали тоа се исплаќа.
И АТИ има ли еквивалент на нвидиа и колку е исплатливо да се земе ати?
 
Амд нема конкурент на i7, Phenom II процесорите се во класа со c2q серијата на интел, ако одиш измеѓу high end i low end компјутер Phenom II е исплатлив избор поради тоа што за 7000 денари можеш да земеш матична плоча со 790GX/SB750 чипсет и DDR3 меморија.
Кога сме кај ати моментално тие ја имаат нај брзата single core графичка картичка HD 5870, иако е некој 10% поспора од GTX 295 има многу други предности како DX11, погледни еден пост погоре ќе видиш за што станува збор.
 
Види, Интел одсекогаш ги мразам со нивните поими. Се му е испобркано, од револуција во револуција, најдобри се, ама никако не си ги средија имињата на производите.

Ти за кој и7 мислиш ?
и5 си е еден, 750.
и7 има повеќе. Има 2 нови на истата подлога од и5, многу различни од старите седмици.

Не е битно на кој мислам и7 го гази и5 во ситуации/програми каде што е потребно многу моќ се разбира разликата е мала за секојдневна работа сурфање, мултимедиа и слично. Имињата на Интел се сосема во ред ако ги пратиш доволно, што е морлано за секоја нова тенологија, нели.

АМД има ли конкурент на и7 ? Тие „феномите“ до кај стигнаа ? Кој е подобар,според сите фактори. За квалитет нормално дека интел, меѓутоа колку се поефтини АМД и дали тоа се исплаќа.
И АТИ има ли еквивалент на нвидиа и колку е исплатливо да се земе ати?

Далеку е Амд од Интел во моментов, немаат конкурент ни на Q9550 а камоли на и7 или и5, друго феномоите како процесори не се ефтини меѓутоа нивните платформи во целост се поефтини него X58 платформа. Но исто така и доста поспори.

Иначе за Ати, во моментов ги гази на Нвидиа Радеон 5870 е најдобрата картица во моментов што може да се купи на пазарот. Препорака да си земеш една 5850-ка ако имаш солидна машина кога веќе бараш препорака претпоставувам сакаш да купиш? Не се лакоми за 5870 затоа што е прејака за твојата машина, претпоставувам.

Најголема придобивка кај 5870 во однос на 4870x2, е потрошувачката и температурите, од аспект на перформанси нема некоја голема разлика.
Може 10-15%, во зависност од апликацијата.

Ако купуваш сега, најисплатливо е 5850.

Има голема разлика у гејмплеј, и минимум фпс.
 
Премногу набиени цени. За месец-два ке бидат мнооогу поевтини.

5850 е 4000 поскапа него у Америка не е превисока цена според мене,кај нас секогаш се такви цените. Вреди за тие пари и тоа како многу е подобра од 285 која е 18000 кај нас. Цените тешко да паднат додека не излезе одговор од Нвидиа.
 
Јас очекувам цените да паднат на 150-170е за 5850 и 250-270е за 5870 кога ке се нормализира цената, понудата и побарувачката, пред се на глобалниот пазар, па и кај нас во Македонија, без разлика на тоа што нвидија нема ништо во моментов. Се надевам до нова година.
 
и јас така мислам дека ќе поевтини после нова година и затоа ќе чекам
за 5850 или пак ако поради перфонманси на моето машинче не одговара
е тогаш ќе зеам 4890 па белки ќе поевтини и ова:je:
 
Еве една конфигурација:

MSI P45 C51 DDR 3

92169.jpg

Q8400

0316263_240549.jpg

Sapphire Ati Radeon HD5770

sapphire-5770-1-11tek.jpg

Kingmax 2G/1333 x 2 komada

Со добро напајање има да руши све пред себе.
 
јас би идел со 4890 или 5850, i5-p55-DDR3 или phenom955-790GX-DDR3 и некое кулер мастер напојување 460W сосема би било доволно ако не се клока, па и со ова може да се клокне нешто...

Лично не би идел со сокет 775 бидејќи изумира тоа... како и чипсетите за тие матични, би земал се што е ново (АМ3, LGA1156 i LGA 1366)
Бидејќи не е потребен процесор јак за овие графички i5 ќе држи и по долго време додека не ги направат игрите да ги искористуваат сите 4 јадра
 
Премногу пара ќе повлече i5 и плоча за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom