Мујо и Хасо еден ден си зборувале за нивната љубов кон фудбалот.
Мујо:,,Мислиш ли ти Хасо, дека во рајот има фудбал?``
Хасо:,,Па верувам, но неможам да бидам сигурен.``
Мујо:,,Стварно би сакал да дознаам пред да умрам.``
Хасо:,,Ај вака. Да се договориме, кој прв од нас двајцата умре, да му се јави на другиот во сон и да му каже како стојат работите со фудбал во рајот.``
Мујо:,,Може. Да залиеме сега за договорот.``
Неколку години подоцна Хасо умрел. Наредната вечер тој му се појавил на Мујо на сон за да го извести, да го испочитува договорот.
Хасо:,,Мујо, дојдов да ти кажам како стојат работите во рајот.``
Мујо:,,Па, зборувај. Не можам да чекам веќе.``
Хасо:,,Имам добра и лоша вест. Која ја сакаш прва?``
Мујо:,,Ајде добрата првин.``
Хасо:,,Блазе си му на Бога, ИМА фудбал во рајот!``
Мујо:,,А, лошата вест е?``
Хасо:,,Па, ти играш лево крило во четврток!!!!``
:helou: